Канта

Неповторливото писмо на Трамп за Ердоган

„Не биди насилник“ и „не биди глуп“, веројатно и не е ни најстрашниот дел од писмото на Трамп до турскиот претседател, доволно неверојатно за американски новинари да треба дополнително да проверуваат во Белата куќа за да се уверат дека е вистинито, а не намештаљка.

Богатите плаќаат помалку данок од тебе

Јасен и недвосмислен графички приказ на тоа како во САД паѓало оданочувањето на богатите во последните 70 години.

Мечка меѓу мечките

Катмаи националниот парк во Аљаска секоја година организира Недела на дебелата мечка, на која главниот настан е избор, по пат на елиминации со гласови од публиката, на најдебелата мечка во националниот парк. Годинава победник е мечката 435, која во паркот се води како Холи.

Праисториски 90-ти

Не е проблемот во 90-ти дека се така далеку, проблемот е што од тогаш е случен толкав технолошки напредок што тоа старото личи на прастаро, и денес не можеш ни да го објасниш на некого што го нема пројдено истото.

За многу години сеирот на Борис

Од средбата Макрон - Џонсон извадена е една фотка која од сега ја предвидуваме дека вечно ќе биде користена за ругање на овој вториот. Плус, фотката доаѓа со мајсторски добар сеир, па нема зошто да не остане тоа така. Видеото од истиот настан, покажува колку малку треба за некои моменти да станат вечни.

 

ИКЕА упатство низ шведскиот правен систем

Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од  американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.

Водич за возење велосипед во град

Во теорија е здраво и практично. Во пракса е опасно (немаш секаде патеки, ниту пак сите „патеки“ се оптимизирани за велосипед), полно со стресови (бидејќи добар дел од времето возиш по улица зависиш од добронамерноста, фокусираноста и смартфон активноста на луѓето со кола) и не баш здраво (по пат го вдишуваш целото олово од твоите моторизирани сограѓани). И покрај ова, пак некако, барем кога е убаво времето, велосипед е неспоредливо подобра опција од автомобил.

Две рецензии на „Медена земја“

Малку очекувано ама деновиве беше објавено дека „Медена земја“ се прикажува во американските кина. Идентично малку очекувано рецензија за документарецот извадија Ролинг стоун магазинот и Вокс, притоа и двата автори прилично воодушевени од тоа што го изгледале.

Волво и после него

Кога во 50-тите години Волво го измислија автомобилскиот безбедносен појас „на три точки“ кој се користи и денес, патентот го прогласија за слободен за да можат да го користат и нивните конкуренти и да се спасат колку што може повеќе животи. Од тогаш. најголемиот напредок на ова поле можете да го сретнете во некоји скопски таксија.

Блазе си им, бе

Некои од нас кубурат со време. Некои кубурат со тоа што попрво да направат кога имаат време. Има и трети кои го немаат ни првиот ни вториот проблем. Само да ја видите „идејата“ и колку тоа учесници успеала да „ангажира“.

Буквално значење на имиња на државите низ светот

Како бајковито би звучеле вести од светот кога државите би ги именувале по буквалното значење на нивното име: „Премиерот на Централното кралство во посета на Земјата на многу зајаци.“

Наивна 1996

Годината е 1996, Тери Прачет во име на Џикју магазин го интервјуира тогаш најбогатиот човек на светот и олицетворение на компјутерската револуција, Бил Гејтс. Го прашува и за чудесијата по име интернет, и споделува една крајно опскурна идеја во тоа време - а што ако некој излаже на интернет? На Гејтс не му се верува дека такво нешто би можело да се случи.

Крајот на Игра на тронови покажа колку никој не гледа телевизија

Да, 6-та епизода од последната сезона на Троновите ги собра пофалбите дека е нешто најгледано на телевизија на сите времиња, ама тоа „нај“ е идентично на сите други „нај“ што луѓе се научија да ги расфрлаат во секоја пригода - не е баш нај. Во споредба која кај секој директор на телевизија предизвикува кошмари од изгубените неброени легии публика, финалето на ГОТ не е ни во топ 10, ни па во топ 15 најгледани.

За нивно добро?

Да не се пуши во автомобил кога во него има деца е едно од поновите, поглупите и пред сè понечовечните правила со кои живееме. Нели ви е жал?

Си биле двајца од Стоунси

Еден од нив, заради здравствени проблеми со срцето, мораше да отиде на хируршка интервенција (промена на клапна), поради што претстојната турнеја на Ролинг Стоунс е одложена.

Секој штекер треба вака да изгледа

Нема причина зошто најголемиот дел од штекерите да изгледаат поразлично од ова, исто како што нема причина зошто на некој до сега не би му текнало вакво нешто и да направи богатство од ова.

Порно архитектура

Џулија прави интересни провокации со своите колажи во кои урбанистички детали вметнува во секси слики (или пак е обратно?). Често ѝ го кинат акаунтот (@scientwehst) јер нели, публика лесно се вреѓа. Али добар е тоа мајндфак, после нејзините слики, некои во ќошиња ќе гледаат меѓуножја а некои во меѓуножја ќе гледаат ќошиња. Кој е по што изгорен.

Ладење кое работи на греење

Принципот ни е јасен но не и сите детали околу овој изум. Ама па, и не мора. Концепт „ладење на греење“ само по себе е занимлива ствар.

Баклавите на Мехмет

Мехмет ги прави баклавите како што се прават во Газиантеп, на југот на Турција. Да прошетаме малку низ тоа негово шербет царство.

На рускиот Оушн не му требаат 11-мина

Во американски филмови, кражби од музеи секогаш се комплицирани, со многу памет, педантно планирање, софистицирана опрема. Погледнете како изгледа кражба во Третјаков, еден од врвните руски музеи. Дојдов, ставив под мишка, заминав. 

Цело интернет богатство скриено на Инстаграм

Се вика Фејсбук маици (@facebookshirts) и се однесува на најразлични маици кои се појавуваат како реклами на Фејсбук (што стигаат до тебе затоа што ФБ знае се за тебе) и по некој редок случај на ваква маица начекана во дивината, во вистински живот. И се чиста уметност.

Пушти си ги нозете колку што ти е долг принтерот

Одиш на Амазон, налетуваш на фотографија од чергиче за пред врата. Ти се бендисува и нарачуваш. Што добиваш? Фотографија од чергиче за пред врата! Нели е генијално?