Канта

Баба ко баба, со Ламборџини во гаража

По неуспешен бизнис кон крајот на 80-те со рент-а-кар за луксузни автомобили, сега веќе починатиот дедо / татко / сопруг решава да задржи два од автомобилите што ги изнајмувал: Ламборџини Кунташ и Ферари 308. Над 20 години заборавени во гаража што протекува, автомобилите повторно ги открива внукот на оригиналниот сопственик кога оди на гости кај баба му.

Истрага на место на мемето

Една од оние стандардно сеприсутни мудрости на интернет, која веројатно ниту еден мотивациски говорник што држи до себе ја нема прескоканто да ја стави во својата пауер-поинт презентација, порачува - не работи напорно, работи интелигентно. Човек седнал да се позанимава малку со пораката и како таа учи на лажење и измама.

Кога мемињата ќе остарат

Најдражесто околу ликовите со интернет меме слава е што тие се едни од ретките случаи кога „славата“ не е лажирана или собрана на сила, туку е резултат на вистински автохтон интерес од публиката. Ретко кој го памети оригиналот или кога прв пат го видел мемето со некој од овие ликови, а уште поретко некој помислува дека меме-ликовите стареат.

Не ти е грд одморот, само не знаеш да правиш добри фотки

Во твоја одбрана човекот што ги прави фотографииве веќе е „наградуван за работа со природна светлина.“ Неговата главна поента е исто така прилично разочарувачка (за почетници): не е важно кај си, важно е колку се разбираш.

Грди ви се форите

Трамп во Лондон меѓудругото беше дочекан и со балон „бебе Трамп“, кој освен што беше разочарување во однос на ветената големина и тоа како изгледа во реалност, како што ќе напише имамот Тавиди, и не зборува многу за луѓето што го „летаа“ балонот.

Некогаш се тркалаа Стоунси, денес се тркалаат лимони

Кога на Мике Сакасегева животот му дал лимон, наместо да си направи лимонада тој направил видео од тоа како лимонот се тркала покрај ивичник од тротоар. Класичен вирален импулс: почнуваш да го гледаш клипот од што не веруваш дека тој се сведува на нешто толку глупо а по некое време почнуваш да навиваш за лимонот и се прашуваш до каде ли ќе стигне. И така, видеоото од лимонот кој се тркала, во втората деценија од 21-от век,  за кратко време го одгледаa преку 2 милиона луѓе.

Диор инспириран од Романија

Минатата година Диор вади колекција на луксузни палта, елеци и капути, кои освен што им изгледаат ултра-скапо на сите (со примероци кои имаат цена и до 30.000 евра), на некои им изгледаат и крајно познати, посебно на жителите на Бихор, северозападен регион во Романија. Не дека Бихорјани се сериозни следбеници на haute-couture, ама се прилично детално запознаени со својата носија. Излезе дека во случајот со последната колекција на Диор тоа му доаѓа исто.

Човештвото меѓу Елизабета Втора и вечноста

Во истиот ден кога беше објавено дека британската кралица била нешто настината, по што следуваше откажување на нејзиното присуство на церемонија во катедралата Св. Павле, министрите на британската влада „се собраа на пробна вежба без преседан“ за тоа што треба да прават во случај на нејзина смрт. Елизабета Втора е родена 1926, а станува кралица во 1952-ра. Во овие речиси сто години од нејзиното раѓање, само Британија има сменето околу 20 премиери.

Добродојде за Тесла од Форд

Викендов Елон Маск објави дека не само што ја постигнале посакуваната стапка на производство, 5.000 автомобили неделно, туку и ја надминале и сега се до 7.000 возила, отприлика по 1.000 на ден. Чудењето на Форд што тоа околу ова достигнување е неверојатно и уште колку има Тесла за по производство им да се приближи големите автопроизводители, е сумирано во твит на еден од неговите директори.

Компилација „Свецко 2018“

Првата половина од секое Светско е чист мерак за гледање затоа што во игра се секакви скриени таленти кои редовно успеваат да освојат симпатии на публика, која ќе ги збори барем до следното Светско (и на пример да видиш дека и ти од тука можеш да навиваш и да се возбудиш за Иран како да си израснат на улица во Техеран). Дел од општо народниот сеир собран од натпреварите по групи.

Најважните бројки околу филмовите на Марвел

Прост пазарски есап колку пари има дадено Марвел за снимање филм, и колку пари има наплатено. Притоа ова се само пари заработени од кино влезници, значи без играчки, облека, тв права, видео игри, лиценцирање на ликовите и што и да е друго од што вадат пари. И како котира Марвел меѓу филмовите со најголема заработувачка.

Не можеме да ѝ се изнагледаме на сценава

Свекрваа и снаа кои очигледно не се трпат. Старата сака да се слика со фнузите, ама мајка им има нешто против па блокира. И сето тоа некако разбирливо за некоја балканска паланка. Ама овде фнузите се принцезите Софија и Леонор, свекрвата е шпанската кралица мајка Софија а снаата е кралица Летиција, сопруга на актуелниот шпански крал Фелипе Шести. Може за Каталонија се рчнале.

Што ли има во нашиот буџет?

Пред американскиот Сенат да се изјасни за новиот буџет (тежок 1.300 милијарди долари ), еден од сенаторите реши всушност - да го прочита. И попат, Ренд Пол на Твитер споделуваше какви све глупости и срања има на тие 2.232 страници на кои се наведени ставките од буџетот на САД.

Мојата девојка и нејзините пријатели

Рики Џервејс на редовна база ја трола својата девојка, главно на тема какво ѝ е друштвото.

Твит „без коски“ од германското министерство за надворешни работи

Повод: Германија ја победи Канада во полуфиналето во хокеј на Олимпијадата во Пјонгчанг и за прв пат во историјата ќе игра во финале.

Пребројување по дебели

По логика „Слога тепа Вардар, Вардар тепа Ѕвезда, Слога шампион“ и методологија строго насочена во наша полза, доаѓаме до крајно ненаучен заклучок дека - чварка, сланина, ребра, кајмак и слично, само можат да те слабеат. Според мапата на дебели луѓе во Европа, Србија како колевка на кајмакот и престолнина на чварките, во својата популација има понизок процент на претерано дебели луѓе отколку Македонија во чија кујна преовладува зеленчук, ајвар, грав и сличен арсенал. Меѓутоа и двете држави имаат помал број дебели отколку една од основоположничките на Медитеранската диета - Грција.

Очи не се за верување

Уште под паника дека ќе ни се повтори расколот од фустанот (бел ли е, тегет ли е) објавуваме две фотки кои според авторот, докази и Фотошоп анализи се иста идентична фотка. Проблемот е што, не е така, две различни фотки се. Или не се.

Основи на статистика

Едно од најважните правила на статистиката е да не ја гледаш само статистиката.