Канта

Пребројување по дебели

По логика „Слога тепа Вардар, Вардар тепа Ѕвезда, Слога шампион“ и методологија строго насочена во наша полза, доаѓаме до крајно ненаучен заклучок дека - чварка, сланина, ребра, кајмак и слично, само можат да те слабеат. Според мапата на дебели луѓе во Европа, Србија како колевка на кајмакот и престолнина на чварките, во својата популација има понизок процент на претерано дебели луѓе отколку Македонија во чија кујна преовладува зеленчук, ајвар, грав и сличен арсенал. Меѓутоа и двете држави имаат помал број дебели отколку една од основоположничките на Медитеранската диета - Грција.

Очи не се за верување

Уште под паника дека ќе ни се повтори расколот од фустанот (бел ли е, тегет ли е) објавуваме две фотки кои според авторот, докази и Фотошоп анализи се иста идентична фотка. Проблемот е што, не е така, две различни фотки се. Или не се.

Основи на статистика

Едно од најважните правила на статистиката е да не ја гледаш само статистиката.

Како интернетот ги замислува кујните низ светот

Полно стереотипи, ама не изгледаат многу погрешно или пак воопшто. Генерално, важно е да е солено, и да има лук, и да е варено и најверојатно пак нема да го погодиш.

Мекгрегор - Мејведер, втора рунда, Инстаграм

Како што минува време од борбата, така двајцата се повеќе почнуваат да се сскаат еден со друг, како да не се тепале пред 5 месеци. Сега муабетот на Мекгрегор е дојди во октагон да те видам, муабетот е Мејведер е - те здробив.

400 илјади километри од Месечината

Ова е оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината. Од локална, перспектива далечината е незамислива (обемот на Земјата на екваторот е околу 40.000 километри), од перспектива на Космосот оваа далечина е нешто како должина на еднодневна брада кај човек. НАСА права фотка да ни долови како изгледа нашиот комшилук од надвор.

Наводно решение за проблемот со возење во зима

Првите десетина минути од влегување во кола зимно време се чиста казна, по што следуваат неколку минути рај, и од тука до крај на возењето е пекол и потење и пцуење што толку си се наоблекол или па што си решил да намалиш температура како тоа да ќе ти помогне.

Како тоа имате кујна а го немате ова?

Конкуренцијата во светот на кујнските апарати и помагала е ужасно голема, но, за среќа, генијалноста сепак успева да се пробие. Го имаме шампионот, кој добил преку 1.000 рецензии со максимум број ѕвездички на Амазон. Сите одушевени од неговата основна функција а самите корисници дофрлуваат и нови функционалности кои ги откриле. 

Сезона на подароци

Давањето подароци на блиските секогаш е убаво и за тебе и за нив. Исто така секогаш е убаво и тролањето на блиските, ама само за тебе. Сами си ја знаете публиката па решете со кого како ќе постапите.

Татковината најлесно се сака од далеку

Малку си пишман за тоа што си ја хејтал додека си бил дома, малку ти зафалува па почнуваш да си признаваш дека си бил престрог, а најмногу затоа што човек обично ги памти само добрите работи што му се случиле додека лошите ги чисти од меморија, па на крај добиваш напад на домољубие.

Далеку е просек

Мапа на Европа со тоа колку секоја земја треба да го зголеми или намали својот БДП за да стигне до просечниот европски БДП. Како да немавме доволно јадови до сега.

10-те гифови што најмногу се вртеа во 2017

Бројките се од сервисот за гифови Гифи, и се однесуваат само на гифови што се хостирани кај нив. Методот за одредување на популарнсота е: колку пати се извртел еден гиф. Една работа што треба да ја знаете за гифовите: според Гифи, 300 милиони луѓе споделуваат 2 милијарди гифови секој ден.

Најголемата компанија во историјата на човештвото во споредба со денешните тешкаши

Се вика Дач Ист Индија компани, постои од 1602 до 1799 година, и во овој период комплетно го има променето текот на историјата, на нејзино барање се водат војни, се поробуваат и уништуваат цели народи, и целосно се црпат ресурсите на цели нации.

Интернетот прежали погрешен Менсон

За социјалните мрежи важи она што важи и за планетава. Вкупниот квоциент на интелигенција е константа, проблем е што него го делат сè повеќе и повеќе луѓе.

Статива

На 26-ти октомври се паѓа роденденот на Хилари Клинтон, а минатата година се поклопи тој ден да биде во пикот на крвничката претседателска трка меѓу Хилари и Трамп. Пред една година, во време на ваква битка и од гледна точка на тогашната галама создадена од меинстрим медиумите, скоро и да немаше човек кој не би застанал зад овој твит на Хилари.

Убавината и до неа

Студентка по уметност од Ибеј купува 18 предмети за разубавување, кои ветуваат ќе те разубават без да треба да правиш пластична операција. Од ова прави уметнички проект.

Колку ти чини Кољо авионот од Инстаграм?

Бидејќи Инстаграм е совршен за покажување статус и богатство што генерално го немаш, руска компанија нуди фотосесии со приватен авион за сите што сакаат да покажат луксуз на својот Инстаграм профил. Авионот не мрда и нема да долета до кај тебе, туку ти треба да одиш кај него. Услугата е 244 долари за сесија од 2 часа со вклучен фотограф (или 191 долар без фотограф).

Баба што црта

Има 90 години, живее во чешкото село Лоука и шара по фасади на куќи низ селото. Тема не и се безмозочно лошите копии на Лејла и мандарините, туку цветови на свежо варосани ѕидови. И ова што го прави изгледа како разгледница.