Канта

Инспирација за вас прекрасни мргуди

Не е лесно да не можеш да го поднесеш светот, ама некој мора и тоа да го прави. И не се жалиме.

Гратис психологија од продавач на кондури

Дечково не е Ал Банди ама ќе промрчи. Работи како продавач и без прозборен збор знае сè за тебе, и тоа со инсајдерски детални податоци. само врз основа на чевлите што ќе му ги донесеш на каса. Сличностите не се случајни.

Непобарана лекција по читки Ексел табели

Само олабави и само бело. Да, ќе се чита. Не, нема да те буни. Да, ќе им биде јасна на сите. Не, не изгледа ко да немаш тонер во принтерот.

200-те задолжителни филмови за гледање според Ротен томатос

Филмовите се избрани без ограничување по година или оценка, туку по проценката на критичарите на Ротен томатос. Ги има од сите жанрови и децении и филмски школи. 200-ти на списокот е Леон.

Титаник вс. денешен прекуокеански брод

Ако потонувањето на Титаник е лекција за комплетното човештво дека треба да покаже малку понизност кон моќта на природата, тогаш денешницата е лекција дека човештвото баш и не е спремно да учи лекции.

Хонг Конг, нешто како студентски дом

Скај парк е хонкошки солитер за заедничко домување на млади луѓе, оние кои би да ја споделат живеачката со други. Треба само да имаат желба за таков живот и 3.400 долари за месечна кирија.

29-те најбрзи времиња истрчани на 100 метри

Нема сомнеж дека Усаин го држи првото и најбрзо време што некогаш е истрчано на 100 метри. И второто и третото. На списокот има и една дополнителна "функционалност", прешкртани се времињата на сите трчачи што биле фатени дека се допингуваат.

Билдерите на Гана

Дечкиве (@kulbila_fitness) не се некои посебно добри фотографи, туку имаат плац со тегови и вежбаат, и толку (ок, сигурно и кркаат нешто по пат). Целиот профил и нивните резултати се едно масовно резилење на секој еден билдер што се пали на опрема, услови и можности за вежбање. Просто е, мускули не растат од држење Техноџим (и слично не толку познати а извикани брендови), растат од вежбање. Па кој сака, шипка во рака, белки и ориз во кујна, и вежбај. За сега имаат 157.000 следбеници на Инстаграм.

Настанокот на животните

И тогаш Бог рече "сакам нешто што е крава-мечка" и би панда. Кога тоа е расчистено, да видиме што е со другите.

ПЕТА 'рчка во најсветото

Иако само по себе не нешто посебно високо на скалата за "пиар преку скандализирање" ПЕТА се подаде на Твитер да се закачне со сланината. Во нивна одбрана имале они и посериозни напади, ама и ова собра масовна публика, до сега има околу 17.000 одговори, од кои околу половина се на ПЕТА (па оди одржувај им на нив социјални медиуми за 100 евра месечно и наплаќај им за пишување #ДоброУтро секое сабаје). Нивниот твит е "дајте го вашиот најдобар аргумент за јадење сланина".

Како да изгледаш како да знаеш што правиш во животот

Се селиш од кај твоите и тргаш сам/а во живот. Блиски луѓе (што некако не се најблиски роднини што ти дремат по дома) ги договараш за вечера. Животот не ти е баш среден како што планираше, ама тоа не значи дека не можеш да фејкаш.

Шатори, лаги и Инстаграм

Фино е за фотка и за лајкови, ама стварно никој не спие во оние шаторине поставени на еден чекор од провалија до центарот на Земјата. И девојкава сака тоа да се знае.

За чист Холивуд

Некоја надобудна 20 годишна студентка фатила па ја зачистила ѕвездата на Доналд Трамп на холивудската патека на славните (како кај нас теткине што чистеа споменици) и гордо покажала како се покажува почит кон претседателот. Нормално, ја издишија од ремет. Не со онаа овдешна патетика (од кај ѝ се парите за крпчињата, се чисти ли фашизам и сл) туку со хумор и иронија од кои нема одбрана.

Вегапчиња?(??)

Ова со никого не беше зборено!

Иднината на човештвото е во сигурни раце

Да Винчи, Тесла, Бел, Форд, браќата Рајт, Стив Џобс, се дел од луѓето кои со своите изуми го истуркаа човештвото во следната ера. Па додека ние сме упорно заглавени во 2017, некои меѓу нас се децении и векови понапред се размислувањето.

Британија достоинствено пред избори

Суптилноста во наклонетоста кон својата опција на едни од најголемите британски весници на денот на изборите.

Сиот тој силикон

Пластиката на Холивуд е името на ново реално шоу со 12 ликови во основа познати по својата способност да не им е гајле колку пластика имаат во себе и како изгледаат. А до тоа како излгедаат, ве дели еден клик.

А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно.

Таргетирано вежбање

Одбирате дел од телото кој сакате да го стегнете, дефинирате или набилдате и веднаш во гиф ги добивате вистинските вежби за таа група мускули. А вежбите прекрасни, би можеле со денови да ги гледаме.

Како да препознаете чие дело е сликата?

Кратко и ефикасно упатство за трупови, како да препознаат дело на некој од најголемите мајстори на сликањето на сите времиња.