Канта

Фото апдејт на историја

Хидрели Диао е бразилски уметник со експертиза за креирање фотореалистични ликови од слики или цртежи со помош на вештачка интелигенција. Пример почнува со слика од Александар Македонски или Цезар или Џорџ Вашингтон, и ја апдејтува и транспортира во 2020-те.

Руски старт-ап на денот

Ако многу се потрудиме да го ставиме во некои легални рамки, овој бизнис гранично би се класификувал во фелата клучари, бидејќи тоа му е основната намера - продавање на клучеви. Да ја прашаш руската полиција ќе ти каже дека овие од класификување може да се само меѓу: лесна и тешка робија.

Постојат ли Балканци на интернет или се тоа руски ботови?

Твитер будалетина кој се претставува како либерален интернационалист а на насловна ги има Бајден и Камала, објасни дека Балканот е многу сиромашен па тој се сомнева дека луѓето таму воопшто имаат пристап до компјутери и мобилни телефони. Не верува тој дека има многу Словени на Твитер кои пишуваат кирилица. Заклучок? Ќе да се тоа руски ботови.  

Талпата наречена Султан

Највисокиот жив човек на поланетава се вика Султан Косен и доаѓа од Турција. На последното мерење во 2018 година бил висок 250 сантиметри. Од Шекил О'Нил е повисок преку 30 сантиметри, но најдобра перспектива за неговата висина даваат фотографиите на кои се слика во секојдневно опкружување.

Маскоти во едноминутен молк

Смејурија од најнеочекувана тема: едноминутни молчења по спортски натпревари. Нема тука ништо смешно, сè додека не сфатиш дека на тие моменти мора да им се придружат и присутните спортски маскоти, со своите дифолтно весели фаци. Еден твитер акаунт собира такви моменти, кога несакајќи се ебе траорноста на моментот.  

Највисоки и најниски цени на бензин во свет

Просечната цена на бензинот во светот (во септември) била 1,2 долари (или 63,79 денари) за литар. На едниот крај од овој просек е Венецуела, каде литар бензин е само 2 американски цента, на другиот се Хонгконг и Холандија со 2,56 односно 2,18 долари за литар. Во Македонија цената моментално е 70,65 денари (1,33 долари) за литар.

Нема технологија што со мрза нема да ја поразиме

Имате колку сакате минути да размислите за што би можел да послужи маус ставен врз рачен часовник. Еве и ќе ви помогнеме, главна намена му е да го прелажеш шефот/клиентот, вие комплетирајте ја сликата како.

Причина број 1 за станување предавник

Од книгата на еден вистински оперативец на ЦИА, ви го пренесуваме делот: „Една од најчестите причини поради која луѓе се согласуваат да ги продаваат тајните на својата држава на САД.“

Пред 5Г друг беше душманот

Насловната на „Judge“ магазин од 26 октомври 1889, времето кога во САД почнува да се воведува електрична енергија, која алармира за ѓаволштините на струјата и посебно уличните бандери.

Колку работни часови ти се потребни за да купиш Ајфон 13

Имаме една светска листа просеци за тоа кој колку часови треба да работи за да го поседува најновиот Ајфон. Нас нè нема на листата, ама ако сакате да се разочарате ќе може сами да си пресметате. Почетната цена на 13-ката (за основниот модел) се очекува да биде околу 830 евра.

Не дека нема бизнис во анти-ваксерството

Компанија од Северна Каролина одлучи отворено да го прифати и стимулира анти-ваксерското движење, без притоа да крие дека директно заработува од успехот на истото.

Капитализам без граници

Американските корисници го фатиле „жив“ Лифт (конкурентот на Убер) дека ги дере своите патници по еден крајно нечовечки критериум, што никогаш не би го помислиле, а кога ќе ви го кажат ќе ви звучи како крајно логичен - уште колку батерија им има останато на мобилниот, а колку помалку батерија, толку повеќе паника да не останеш без превоз.

Разјаснување во 4 потези

Поедноставно објаснување нема да најдете. Која е разликата меѓу често мешаните поими маркетинг, рекламирање, односи со јавноста и брендирање.

Што сè може да ти расипе патување

Ми идеше да пуштам рака и да му го поправам увото! Или да го прашам којкурац не е у реду со него чим не му е проблем да седи со такво уво.

#CancelGoogle

Унгарскиот јазик нема родови па преведувачот на Гугл претпоставува кој што прави, односно кој е тука машко а кој е женско. Пазете како го прави тоа и кои се резултатите.

За потеклото на терминот „Hangover“

Во раните години на 20 век, во големите градови на Европа имало куп бездомни, сиромашни и често пијани жители кои не можеле да си приуштат кревет за спиење, ама капитализмот и за нив имал решение. Во Лондон, за само 1-2 пени, човек можел да се спружи на ортома и да преспие слатко како пешкир, за да не биде на земја, пошто влече тоа циментото. Во пет сабајле, „рецепционерот“ им ја сечел ортомата.

Автомеханичарски Шазам

Супер забавен концепт на еден сајт, иако, пошто трупови, појма немаме дали навистина е од помош. Идејата е преку сомнителниот звук кој го случате од вашиот автомобил да пробате да дијагностицирате во што е маката. Ќе одберете од кој дел доаѓа звукот, ќе слушнете неколку семплови и ако го најдете вашиот звук, ќе читнете што би можел да е проблемот. 

Па ако не, да пробаме со две маски?

Оваа болештија не престанува одново и одново да нè изненадува. Таман нашироко се прифати дека маските се веројатно најдобриот начин да се заузда трансмисијата на болеста (дали од што многу почитуваме наука или од што многу лесно легнуваме на брашното, сеедно), од неа еве пак еден тонч! Да ви покажеме пар момента од данското искуство, од кои паѓаат во вода омиленитe македонски јадиковки дека народот ни е прост и не се разбира. Оди па разбери ова. 

Што е лошо ако се чувствувам добро?

Добра приказна за еден филм од 1968 година во кој светот се соочува со пандемија. Таа во многу детали е истоветна како оваа што ја живееме, освен во еден: од тој вирус не се умира, не се добива ни треска ни ништо. Од тој вирус луѓето стануваат подобри и посреќни.

Бугарски есап на шарените револуции

Некој во Бугарија седнал и во левови ја свел сметката за основните животни трошоци во Украина (ослободена и про-европска) и Белорусија (допрва треба да се одработи). Скапо е да си на вистинската страна на историјата. Ние барем дочекавме правда. И слободни институции. И датум за ЕУ...

Највисокото признание во Оклахома

Во 1913 година, 12 годишната Сара Ректор станува најбогатото црно девојче во Америка, кога на имотот кој државата ѝ го доделил на нејзиното семејство се открива нафта.

Никогаш и ништо нема да научиме

Една листа со препораки (што да се прави а што да не се прави) од време на шпанската грозница покажува две работи. Од тогаш до сега не сме научиле ништо ново а она што и тогаш сме го знаеле, сме го заборавиле.