Канта

Во каква кола треба да се вози Путин

Marussia Motors, првата руска компанија која почна да произведува премиум скапи автомобили, организираше дизајнерски натпревар за автомобил во кој заслужува да се вози рускиот претседател Владимир Путин. По добиени 100-тина решенија, одбран е убедливиот победник.

While my guitar gently sleeps

Има луѓе што се изгорени да научат некој инструмент ама знаат дека немаат дарба. А малку треба за тоа. Само цврсто да заспиеш и да имаш талентирани другари.

Гето гламур

Чисто за документирање следната репортажа ја пренесуваме без никаков коментар. А има што да се каже.

Во случај на двор, кликнете го линков

Во случај само на тераса, освен ако не е некоја ултра голема, ѕирнете ама многу ќе ви биде криво. Колекција на лежалки за во двор (и за уште некое место).

Од бради и мажи

Фотографот Џозеф Лири речиси цела година во своето студио фотографира мажи со брада (и со не толку многу брада). Секој од нив пред доаѓање е замолен да донесе и неколку различни облеки и додатоци "кои него го дефинираат професионално, лично и духовно."

Големо ветување од мало квадратче

Идејата се налепници полни со хемикалии (здрави за вас, нездрави за нив) што бркаат комарци. Ги лепите на себе, а тие ви гарантираат дека цели 48 часа комарец нема ни да ве помириса.

Стенковец, кралство Јордан

100.000 мртви на двете страни (и цивили и вооружени) е просекот околу кој се врти билансот на загинати во војната во Сирија. Од оние кои преживеаа, најголемиот дел се пребегани во Јордан. Ова е најголемиот бегалски камп во Јордан, Заатари, со меѓу 120 и 140 илјади бегалци.

Говоурете македонски

Американскиот Foreign Service Institute направил листа на странски јазици подредувајќи ги по тоа колку им се тешки за учење на луѓе на кои англискиот им е мајчин. Нашиов им е како Зулу.

Англиски од часови по англиски

Американец, професор по англиски во Јапонија некое време ги собира грешките на своите ученици. Со малку Гугл и Фотошоп прави колекција од работите кажани на неговиот час.

Во фабрика за вистински силиконски кукли

Се произведуваат во Калифорнија, чинат 6.000 долари, може да ги добиете по нарачани димензии и можат да ви послужат за многу работи.

Никогаш не било полесно да заборавите нешто

Tile е едно пинцурско уредче кое ќе ви ја реши комплетната лоша карма во животот на тема - каде ги оставив клучевите, каде ми е велосипедот, во која чанта ми е новчаникот, каде паркирав синоќа.

Понеделник

Ако ви е некаква утеха не е дека вашата работа не чини, туку едноставно работата не чини.

Кога недолжните враќаат

Битка која човештвото ја влече од самите свои почетоци. Едните се недолжно глупи примероци на луѓе, другите се само недолжни предмети. Дарвин и не работи така брзо.

Програмата за вежбање по 7 минути на ден

Идејата за вежбање од само 7 минути ви ја претставивме пред некое време (научна, базирана на истражувања и резултати). Сега ви го претставуваме сајтот кој ќе ве следи додека ги правите вежбите. Само 7 минути се и готово.

Фанови пред концерт

Тоа што важи дека по некое време газдите почнуваат да личат на сопствените кучиња, изгледа важи и за музичките ѕвезди и нивните фанови. Фотографот Џеjмс Молисон фотографира групи фанови пред да влезат на концерт на својот идол.

Битката за мостот 6-ти октомври

Во петокот вечерта неколку часа траеше судирот меѓу противниците и симпатизерите на сменетиот египетски претседател Мухамед Морси. Во немирите низ Египет на оваа тема вечерта загинаа околу 30 лица. Ова се слики од мостот 6-ти октомври кој ги спојува двете страни на Каиро.

Инстаграм новинарот од Авганистан

За време на една акција во Авганистан маринецот Метју Калахан завршува со скршена нога. Додека е на рехабилитација тој почнува со изучување на фотографија, со намера да стане воен репортер за армијата. Го учи ова, зема апарат и почнува да ги раскажува приказните на своите соборци. По пат започнува и Инстаграм во кој пренесува дел од сториите.

За главите моторџиски

Не се за луѓето на големите мотори, не се за оние на брзите мотори, ама совршено ќе одговараат во комбинација со сите оние Веспи (и сл.) што одлично му легнуваат на расположението на градов. Кацигите (поточно цртањето) се дело на француското студио BMD, и сите се рачно уредувани.

Упатство за државен удар

Дијаграм од книгата Coup d'Etat: A Practical Handbook од 1968-ма, за тоа како се менува власта со државен удар. Според планот ти требаат 3 тима кои во точно време ќе "нападнат" на клучни позиции (медиуми, телекомуникации, резиденција...). Другото оставаат на тебе.

Ако ти се вежба нема лоша вежбална

Изгледа како сцена од Бонд, ама всушност е јавна вежбална во Киев која е отворена и бесплатна уште од времето на Советите пред 40 години и која функционира до ден денес.