Продолжувајќи ја својата идеја на слободно сè и сешто, Мозила Јапонија решава и дизајнот на новите канцеларии да биде "опен сорс." Ова во основа значи дека дизајнот за мебелот сосе сите мерки и нацрти им е достапен на сите, само некој треба да купи штици и да почне да штрафи/кова.
Компанија сред Њујорк изнајмува простор од 1.700 метри квадратни, далеку повеќе отколку што и требаат ама тоа не е случајно. Зафаќа место колку што и треба, а остатокот го остава за други. Планот и е во празниот простор да смести (за кирија) колку што е можно повеќе стартапи, затоа што сака да се опкружи со креативни луѓе и да создаде заедница со нив. Резултатот - канцеларии од бајки.
Италијанската фотографка Камилја Кантрамбоне зема да прави портрет на своето семејство, со тоа што во сликите нема ниту еден од нив, туку само предметите кои тие ги поседувале и биле околу нив.
Насловните страни на светските медиуми кога стварно би ги имале Авенџерси на планетава. Не насловните со нивните подвизи и спасувања, туку од животот во цивилка.
Тим Михан е писател од Њујорк, кој има направено Тамблр по име - Кучко направи ми сендвич. Се работи за нешто поразлично отколку што звучи. Михан на Твитер собира твитови од луѓе што твитнале "Make Me a Sandwich Bitch" (или некоја варијација) и под тоа објавува уште еден твит од истиот човек.
Блогот на кој наидовме има само една специјалност: собира слики и информации за соби или апартмани кои се издаваат во Њујорк, по цена која човек може да си ја дозволи. Блогот се вика "Најлошата соба" па вие видете.
Креативни возуелни решенија за тоа која европска држава на што личи. Ај што нè пишале Фиром (тоа лесно се чкрта), туку што не сме сигурни што претставува Македонија.
Познатата холивудска плавуша малку се срами ко Фиона (онаа на Шрек на која и го позајмува гласот), ама во рака држи нешто што може да ве потсети дека на времето беше еден од ангелите на Чарли.
Кратко видео резиме од македонскиот настап на Евровизија. Како што знаете, прв се претстави Влатко Лозаноски кој некако се додржа на нозе, а веднаш по него стигна и Есма.
Можете ли да погодите колку пари чинат овие извалкани и свиткани нагоре патики кои уште во продавница изгледаат како претходно да ги носеле уште пар генерации војници на АРМ?
Чекајќи лек за рак или нова теорија која релативитетот на Ајнштајн ќе го фрли на буништето на историјата, човечката генијалност успева да се се снајде и во мали форми, во вид на апликации за телефон. Оваа е бесплатна и ќе реши еден ваш личен проблем на начин на кој и намачената планета и вашето репресирано тело ќе ви бидат благодарни.
Ракувањето е прастар облик на невербална комуникација меѓу луѓето. Нема поглупо кога ќе ти се случи утка и нема посмешно од тоа кога ги гледаш туѓите проблеми во комуникацијата.
Татко во најава решава да ја раскаже целата бременост на сопругата низ гиф-ови, малку за да и ја олесни маката на нејзе, малку за он да може да промрчи без да му се лутат по дома. Почнува со работа по 3-ти месец бременост.
Млад кромид, црн патлиџан, перца од млад лук, зелена салата, црвена зелка. Иако инстинктивно веќе мислите во колкав тањир да ја направите салатата и дали одозгора да ставите сирење, ова е понинакво.