Видео

Бебиситерки, специјални единици

Школата ги кошта 21.000 долари годишно но затоа после може да очекуваат поголема плата од адвокати, отприлика околу 170.000 долари годишно. Учат боречки вештини, возење кола во опасни ситуации, шијат, плетат, виткаат суши и... не доцнат сабајле по 40 минути.

Олимписко тегнење за уши

Американските староседелци цели 60 години секое лето одржуваат свои Олимписки игри во Фербанкс, Аљаска. На Ескимско-Индијанските олимписки игри можат да се видат секакви дисциплини, од кои ја издвојуваме дисциплината „тегнење за уши.“ Треба и кај нас тоа. Чие уво испадне најјако за тегнење, станува Никола Димитров.

Багерист со краток фитил

Хотел во Ливерпул на багерист кој работел за нив, требало да му исплати хонорар од 600 фунти во петок. Проверувал човекот во петок, сабота, недела, па во понеделник веќе му зоврело, се качил на багерот и им улетал низ предна врата, деконструирајќи им ја рецепцијата. Фанови на вакви потези, на GoFundMe собрале 3.000 фунти донации за праведниот багерист.

Разочаран ваксер

Американскиот актер Мајкл Рапапорт (сте го виделе ама небитно) беше доста гласен критичар и хејтер на анти-ваксери (Вакцинирајте се, курви едни! - затворен цитат). И сега, после примени две прописни дози вакцина, врховниот бог Ентони Фаучи вика дека вакцинираните во себе можат да имаат исто вирално полнење како и невакцинираните и дека можат да бидат супер - ширачи на вирусот.

Кокаинскиот блуз на Џони Кеш

Оваа верзија досега не е слушната. Изведена е во април 1968 година, во Карусел Болрум (Грејтефул Дед едно време го држеа местото) и според Кеш, тоа бил еден од најинтимните концерти кои ги имал.

Гладен човек, жив ѓаол

Mожеби е точно дека „ти не си ти кога си гладен“, ама што фали за момент да не си ти туку да станеш бестрашен фајтер? Се тепа и гризе!

Бајден против Бајден

Колку што Џо Бајден има кажано и направено против дилерите на крак, излезе дека син му Хантер толку има направено за дилерите на крак. Некому му текнало да ги спои овие две достигнувања.

Оксана „Челик“ Чусовитина

Што прави денес на 46 години Узбекистанката Оксана Чусовитина? Истото што го правеше и во 1992 на 17 години, се натпреварува на Олимпијада во гимнастика. Чусовитина нема пропуштено ниту една Олимпијада од 1992-ра, и зависи од годината го носи дресот (трикото) на СССР, Германија или Узбекистан.

Товариш Фау Чи

Ако против САД и Западот се води хибридна војна со пропаганда и лажни вести кои внесуваат збунетост и немир на населението, тогаш доктор Ентони Фаучи, со оглед на тоа што сè има кажано само на тема маски, е еден од највредните тајни агенти на руско-кинеската агентура.

Миротворецот

Ќе го познаете сами, во светла кошула е и има телефон во рака. Еден од оние луѓе кои неправедно биваат игнорирани за Нобелова награда за мир.

Приказна за лека брачна ноќ

На свадбата му пришла мајката на жената со која се венча и старата му шепнала во уво: „Сега таа е твој проблем.“ Ова го сведочи Рамон Соса, човекот кој морал да ја лажира сопствената смрт за да биде уапсена жена му која нарачала негово убиство.

Русинот има талент

Павел (и неговата партнерка Алиона) комплетно го збуни целокупното жири на America's Got Talent за тоа колку луѓе гледаат на сцената и како функционира човечката анатомија.

Како се дипли кола

Тоа багеристите знаат да бидат невидени махери. Овој веројатно може и машна да ти врзе.

Реми повторно на Олимпијада

Будалата Реми Галард го имавме во 2016 ама еве го пак со нови олимписки дисциплини. Ако сте на плажа и лежите на стомак, пазете да не ве обесчести во грчко-римски стил.

Тешки муабети за Унгарија

Стивен Сакер го води познатиот, тензичен и но булшит формат на BBC, „Hard Talk.“ Спроти себе го има шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Се зборува за блокираните ЕУ пари за пост-ковид рехабилитација на Унгарија, за сексуалното образование, за извештаите на Фридом хаус, за Пегаз софтверот, за тоа што е популизам а што демократија....

Ботови во предизборен слет

Кога партиски ботови на владеачка гарнитура сакаат да покажат дека ама баш ништо не им недостасува и дека земјата конечно ја чувствуваат како своја.

Најсилниот против најдобриот

Брајан Шо е една мрцина од човек, 2 метра со 180 до 200 кила тежина, кој е повеќекратен победник на Најсилниот човек на светот. Дастин Порие е еден од најдобрите борци во УФЦ и некогашен шампион во лесна категорија, и човекот од кого Мекгрегор си ја скрши ногата пред некое време. Двајцата прво ќе се пробаат во боречки вештини, па после во кревачки вештини.

Клара Цеткин и Роза Луксембург на планина

Овие две хеорини на нашето време покажуваат дека и во младите девојки не згаснал борбениот дух и желбата за учење вештини кои живот значат. Во случајов, која побрзо ќе ги соблече тангите преку шорцеви и потоа - по потреба - на ист начин ќе ги врати во првобитна положба.

Кој високо лета, не плаќа данок

Џон Стјарт пушти одлична, приземјувачка спрдачина со овие гадно богатите Безос и компанија што си ги мерат со кратки и безначајни летови на работ на вселената. „А да платевте данок и да дадовте пристојна плата на аргатите во вашите фирми?“ гласат огромен број коментари.

Доењето не е решение!

Просто е невозможно толку да се глупи и потоа со таа своја глупоќа да одат кај Карлсон за да ги мајтапи и шеба како сака. Еве ја неа, тврди дека доењето е релативно нова појава (?) и дека постојат други природни начини да се прехрани бебе. На пример? прашува Такер. На пример со некоја бебешка формула, одговара овој учебнички примерок на инсифуциенција на сиви клетки во мозок.

Канскиот спојлер на Спајк Ли

Водителката предлага да почнат со обелоденување на наградите и Спајк Ли да ја обелодени првата која е во редот. Тој конта дека треба да ја објави првата, тоест главната награда за Златна палма. Да му направеа на Спајк Ли ваков спојлер, ќе тврдеше дека тоа е зашто е црн. И ќе направеше филм за тоа.

Во чест на покоен Џорлев и земјата која мислат дека ќе ја упокојат

Завршница на новогодишниот концерт на Танец во 2011 година. Пред само десет години. Како мислат дека таа емоција која ќе ја почуствувате овде ќе можат да ја закопаат со нивниот гмизавлук?

Кога жена ќе те остави без зборови

Збунетост, неверување, непомирување со она што се гледа, стаписаност, вџашеност, апсолутно губење на желбата за живот, особено заеднички. Сето тоа откако ја виде сопругата со нејзината нова фризура.

Адреналинот е преценет

Лулашка наместена на самиот раб на провалија па онда е уау кога ќе отидеш напред, во тоа празното. Што може да тргне наопаку?