Видео

Маорска боемија

Веројатно нема поголем контраст меѓу британскиот рок на Квин од 70-тите години и традиционалната капа хака на Маорите од Нов Зеланд. Па сепак, музика е тоа, ил се дирну, ил се не додирну. 

Најважното видео што ќе го изгледате денес

Се работи за видното поле на камионџија, и ова е многу важно да го погледнат: пешаци, велосипедисти, луѓе на електрични скутери, луѓе на веспи и останати категории. Бонус категорија, возачи на коли кои возат многу залепени пред или зад камионот.

Митот дека Њујорк нема слободни паркинг места

Како што ќе покаже видеото во Њујорк може без проблем да се најде и целосно слободен паркинг, со десетици празни паркинг места, сместен сред фреквентно маало. Што е тајната на ваквите паркинзи? Цената. Половина час паркирање е 16 долари, еден час паркинг е речиси 45 долари, ама па за тоа до 10 часа можеш да ја оставиш за само 49 долари. П.С. за сите џипови и лимузини подолги од 4,5 метри на сите цени се доплаќа по 12,67 долари.

Несреќата да се биде суштество со јајца

Жените можеби мислат дека мажите ја преценуваат и пумпаат болката од учукување во јајца. Ако не им верувате на мажите, погледнете го овој мечок кој, гризејќи црево, неочекувано се ѕвизна во меѓуножје. Ај што се превитка, туку и што не може да опцуе!

Лохдаун

Конечно на инаку килавата видеотека на Прајм на Амазон стигнува нешто возбудливо. Пандемиска епизода на Гранд тур, со Џереми Кларксон. Триото стварно ги знае сите финти за да ве задржи пред екран, дури и да немате фетиш на коли.

Френсис Форд Попола

Многу работи во животот се сведуваат на тоа да знаеш точно во кој момент да престанеш со една работа и да почнеш со друга. Во видео монтажата ова важи посебно. Дечкото ефектно се претвора во објекти и плус објаснува како се прави магијата.

Како се градеше Прага

Најстариот сочуван прашки мост, познатиот Карлов мост преку реката Влтава во Прага почнало да се гради во 1357 година а завршен е во 1402 година. Што толку? Ќе видите зошто.

Горди носители на ДНК

Горд белец дознава дека 14% е црн, а жената до него не може да се спастри од смеење каков „брат“ седи до неа. И обратна ситуација, девојка која е  сигурна дека гените ѝ се од Гана и можеби нешто од Нигерија, не баш најзадоволно дознава за своето европско потекло.

Камиказе птици

Тешко да се објасни оваа суицидална акција на летечката црно-бела флота. Што ли им се мотало во тие птичји глави пред да се зааковаат во оградата?

Видео разгледница од Портланд

Една година откако прогресивните власти на градот решија дека е нехумано да се дислоцираат бездомниците заради некаков ризик по јавното здравје во ек на пандмијата, некогаш прекрасниот Портланд е претвореен во дистописка ноќна мора. Антифа владе со улиците, бездомниците владеат со парковите а криминалците владеат со сè друго помеѓу.

ММА зафат: Гушење

Двајца професионалци (едниот и со улично искуство) демонстрираат како се изведува овој популарен зафат во боречките спортови. Која е поуката за во реалниот живот? На пример, ако некому побарате упаљач и тој ви запали цигара, подоцна немојте истиот човек да пробате да го давите од зад грб.

Италија во финале на ЕП: Реакции

Ги имаме реакциите на Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Сопрано и Вито Корлеоне. Дечкото кој ги пренесува се вика Ал Форан.

Хазарде, педеру

Не е само Александар Вучиќ бахат и надмен со новинари. На австралискиот министер за здавство, Бред Хазард, му укажуваат дека по грешка биле вакцинирани 160 средношколци. Овој ги обвинува дека таквото прашање е јако безобразно и пред да замине, им нафрла: „Тоа беше грешка, па што? Бркајте работа.“

Роди ме мајко идиот и само не ме фрлај во Америка

Улична сцена од Киев во која некој избезумен полугол дечко, со нож во рака им тера инает и им се заканува на украински полицајци. Пазете само колку лежерно еден од џандарите се појави со мотка а друг со конус за обележување на сцената. Во Америка ќе го наполнеа со олово пред да почне да се соблекува.

Шизик на денот

Се вика Том Карди. Тренерка, синдикалка, мустаќ, сајзери, ритам, фраерлук. Пазете како ја билда неизвесноста додека да дојде до рефренот.

Што лошо ќе се слуша летово?

Преживување на летните хитови секогаш е трауматично искуство. Кога се враќаат после неколку години и пак стануваат хитови, тоа е скроз неиздржливо. Но, ако веќе некоја се враќа, подобро нека с враќа оваа, отколку, да речеме, Ламбада. Се викаа Пешн фрут а песната е Рига Динг Донг Сонг. Од 1999 година.

Што кафе пие Барт?

Ненси Картрајт е е жената која му го позајмува гласот на Барт Симпсон. Со своето тело и со гласот на Барт оди во Баркли кофи-шоп за да нарача кафе.

Дечко, па ти се бодеш

Како ја покажа инекцијата, како да ќе ја дрмне на екс. И ја дрмна на екс! Како на архиепископ што двапати му кажуваат господин, овој му доаѓа Ваксер Ваксер на денот. После имунизацијата, виден е како со чачкалица во уста, чека ракија и варено јајце во првата биртија до пунктот.

А што, и камера имате?

Кога ќе видат дека камера ги снима додека прават беља (овде конкретно се корне банкомат), обично инстантно се покајуваат, веднат глава и фаќаат џенем. Не овој.

Порано имаа родова дисфорија, сега се ди

Се вика Џекс и ќе ви објасни како по ново треба да се изговараат личните заменки. Наместо „тој“, „таа“ и „тие“, кои се старински и со нив можеш да навредиш некого, треба да се каже, рецимо, “ди“. Пример: „Ди (се мисли на Џекс) држи јако лош мустаќ“.

Сомнителни машки

Барем една од нивниве девојки мора да си мисли, знам дека ми рече дека ќе биде со другарите, ама нешто ми зборува дека ме вара со друга. А него, еве го.

Боемска рапсодија од 1976 година

На вашингтонскиот свадбен бен Сикспенс им требаа 45 години ама сепак дочекаа да станат музичка сензација, откако некој ја откри, реставрира и објави на Јутјуб нивната изведба на Боемска рапсодија. Квин во живо никогаш  ја немаат вака изведено, сосе сите делови а без технолошки финти. Tезгаџиски прецизни и винтажни до коска. 

Трогнатост која трогнува

На поголемиот брат му слават 12-ти роденден. Се сече торта. Славеникот решава првото парче да го добие неговото помало братче.

И Пипен се разбуди, тоест оглупе

Скоти Пипен тврди дека Фил Џексон од расистички побуди наместо нему му дал шанса на Тони Кукоч да шутира во последните секунди на важната утакмица во плејофот против Никс во 1994 година. Онојпат кога Пипен одби да се врати на терен а Кукоч ја искористи шансата и закова тројка.