Видео

Музиката менува сè

Легендарната сцена со Брус Ли и Чак Норис. Со многу погрешна музика.

Викаат, после го има убиено

Дечкото нашол начин како неговата девојка да се почувствува важна. Како кралица, како Серсеи.

Кога Тарантино нејќе да каже „фак оф“

Надобудна новинарка го прашува Тарантино зошто ѝ дал мал број реплики на Марго Роби а е добра глумица. Пошто ваљда „разбудени“ новинари треба да кажат на кој глумец колку реплики му следуваат.

Љубов на детски јазик

Малиов решава да замине од домот бидејќи татко му му кажал дека не го сака. Татко му не му кажал баш така, ама малиот знае дека тоа е исто.

Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои

На Никита Михалков, човекот од чиј филм заслужено изгубивме на Оскар (не затоа што нашиот „Пред дождот“ беше слаб туку затоа што неговиот „Изгорени од сонцето“ беше предобар) му ја свират главната тема на неговиот филм од насловот (од 1974 година). Боговски добро. А стариот знае што е музика, татко му ја има пишувано химната на Советскиот сојуз.

Не сте имале вие драма

Следен пат кога ќе мислите дека ви се случува драма во животот угледајте се на дечково (па макар и да е фејк) искулирајте и адаптирајте се. Беар Грилс вака се нема снајдено во животот.

Како после вакцината ги изгубив прстите

Одбрав да се вакцинирам заради моите деца, за да не паднам мртов пред нив. Одбрав АстраЗенека бидејќи беше од Оксфорд. Бев многу наивен“, вели гитарскиот маестро Ерик Клептон во искрената исповед за неговото искуство со вакцинацијата.

Дали Линуксаш ќе му даде шанса на новиот Микрософт?

Линуксас го трола Микрософт 11. Сарказам и иронија на најјако. Иконите се во редина, уау! Микрофонот нон-стоп ќе ве слуша што правите по дома? Дупло уау!

Што ако Фeјсбук бeшe кафана?

Шкотскиот комичар Кевин Бриџис, и покрај тешкиот акцент (а можeби и благодарејќи на него) стана голема фаца. Многу заслужeно. Дечкото а факер. 

Италијанците и храната

Таа го прашува својот италијански вереник (во неговото меесто) дали може да нарача ананас во пицата. Тој ѝ ги објаснува концеквенците на тој непромислен потег.

Васко и 21 век за сите среќно и несреќно заљубени

Васко може да ви остави впечаток на човек кој бааги зборува. Ама па, кога ќе видиш колку е вреден и тоа вреден без државни субвенции и лигавења, и кога ќе видиш колку музика прави и тоа колку добра музика прави, ти иде да го најдеш и да му кажеш: Збори ми Васе колку сакаш!

Црко Маршал

Знаете кој е цар на проточната фристајл рап мисла, така? Е па, Маршал Поуп од Алабама е на другиот крај на таа скала. Ако на царот стиховитe и римите му доааѓат преку оптика, Маршал е на дајал-ап. 

Глупоќата на машкиот пубертет

Трите девојки/другарки им се позади, а тие тројца одат напред, крчат пат, го освојуваат градот, јаки се, им се може. И почекајте, не е само првиот глуп.

Фрли телефонче, фати крапче

Дечково така умешно ги користи рацете што треба да е среќен што не е Капетан Кука. Па едно сабајле во веце по грешка да се избрише со погрешната рака.

За оние кои не ги можат U2

Пред години (иха, седум минале) објавивме за идејата на Тим Кук секој корисник на Ајтјунс да добие бесплатен примерок од албум на U2. Дечково, со Лед Цепелин маица, е толку напнат на таа тема што ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите хејтери на Боно и екипата. 

Може ли да се договориме дека нема носење бомби на тепачки?

Веројатно самото тоа што кога си излегол од дома заедно со клучевите и новчаникот си ставил и кашикара во џеб, навестува дека си спремен истата да ја употребиш во „ферка“ дури и ако наоколу има 9-годишни деца.

Наведната глава кока-кола не ја мава

Тинејџерки се зезаат па со заврзани очи пробуваат во себе да го разбудат третото око и да осетат кога и на каде да го избегнат шишето кока кола кое се клати напред-назаад, врзано за коноп. Нивното џедајско сетило понекогаш прави бравурозни утки.

Американциве се кралеви за патетика

Аријана Гранде и Џејмс Корден, песната се вика „Нема веќе локдаун“. Бљуц.

Ламборгини за 65 дена

Ако имате пари, на синот можете да му купите вистинско Ламборгини Сиан Родстер. Ако немате пари, а ве бива за дрво, можете како на видеото. А можете и како нас, да му купите Киндер јајце, па, ако му се падне, падне.

Што така згужван денеска?

Настрана нашето вечно неразбирање на идејата да дадеш пари за да дигаш нешто тешко (оди растоварај камион, ебате, ем на отворено, ем некоја парица ќе падне), видеово ни е смех заради универзалното алиби за смех: затоа што му се случува на некој друг.

Фамилија Кларковски

Со задоволство ќе ве запознаеме со овој дражесен бенд, формиран во ерата на карантинот. Колт (таткото, на гитара) и Обри (мајката, снима) имаат три деца и вишокот пандемиско време го користат на најубав можен начин - вежбајќи песни. Убедливо најголема ѕвезда е малата. Чист дестилат од ведрини и радости.

Да се насмееме, со Џо Бајден

„Како би било кога светот би ги гледал САД како држава која се меша во изборите на други земји и сите знаат за тоа?“
Џо Бајден, 78 години, шегаџија.

A сега за една важна машка тема

Дечкото признава дека е можно дека за ова размислува премногу. Ама е можно и дека не размислува доволно. Секој да си размисли (за себе, немојте на меил за тоа).

Апдејт: Пластичните кеси и не се така штетни за околината

Ситуацијата е вонредно комплицирана, бидејќи пластичните кеси остануваат штетни, ама не толку штетни на пример како памучните торби или торбите за повеќе користења. Ама за ова да држи треба да се земе предвид која кеса / торба колку пати ќе биде искористена, и на крај што ќе се направи со неа, а и тогаш ќе треба малку штимање на равенката за да добиеш некој резултат.