Видео

Во Дубаи отворено најголемото панорамско тркало на светот

Има капацитет од 1.750 луѓе, влезницата е 30 евра, и за овие пари добивате 40-минутно крукче. Високо е 250 метри, и има 48 кабини. За да не се троши простор, за тркалото прво е направен вештачки остров врз кој тоа е изградено.

Сервирање вечера за 10 деца

Не туѓи 10 деца, туку сопствени. И не готвење вечера, туку само сервирање. Десет деца.

Како длабоко да истрауматизираш колешка за добар ТВ прилог

Прво наоѓаш колешка што дифолтно е страшлива и лесно се вади од памет. После тоа ја ставаш во куќа на стравот како дел од промоција на новата локална атракција. Ќарот од гледаност и реклами е твој, трошоците за психијатар се нејзини.

Глејте прво психата, потоа имунитетот

Умни зборови и паралели на српскиот академик Владета Јеротиќ, психијатар и психотерапевт кој тврди дека од грип до рак, сите болести се психосоматски. Меѓу другото порачува, пушете и пијте само кога ви е убаво, а не кога сте бесни или сакате нешто да потиснете. Така влегува бељата.

Принцеза на мама

Видео реклама со едно разгалено дете кое прави русвај по дома, нашминкано и облечено во женска облека. Што може да биде чаре за вакви ситуации? Ќе видите на крај.

Дистопија на најјако

Полицијата во Хонолулу, Хаваи, го наавила кучето - робот на Бостон Динамикс за да лови ковид позитивни по град, главно по местата кајшто се збираат бездомници и полусвет. Мери температура од два метра, прави фотографија од „осомничениот“ а после доаѓаат газдите на џукелата која кошта 150.000 долари.

40% ретко се умира со вакцина

Коментирајќи ја смртта на поранешниот државен секретар Колин Пауел кој целосно вакциниран почина од ковид компликации, некогашниот директор на Американскиот центар за болести и превенција има отрезнувачки бројки за оние кои опуштено мислат дека тоа се случува ретко.

Нешто не е ок со Алек Болдвин

Една недела пред трагичниот инцидент во кој од филмски пиштол ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот на филмот Р'ѓа, Алек Болдвин постираше видео на ТикТок. Конфузен, несреден, во потрага по зборови со кои би ја довршил мислата, ненаспан или преспан, нејасно.

Бил Бур му го продолжува животот на Конан

Џими Фелон знае да изнервира со неговото нон-стоп смеење за кои многумина се прашуваат колку е искрено (тоа го влече уште од СНЛ кога упропастуваше сцени со предвремено церекање). Конан го нема тој проблем и добро се контролира. Освен кога гостин му е Бил Бур. Пазете го како се распаѓа кога Бур ќе влезе во лудило.

Дечкото е лепенка

„Признавам, не беше тоа баш најмудар потег,“ им кажа подоцна на новинарите еден климатски активист од Лондон кој сака да алармира на ситуацијата и да им обрне внимание на властите дека треба да се вложува во подобра изолација на домовите за да се заштеди енергија. Сето тоа, со супер-лепaк залепen за асфалт.

Жени, сериозно ова вака?

Женско одржување во 57 чекори. А ти следен пат кога ќе бидеш горд што барем си ставил дезодоранс под мишка (или некој друг минимум на лична човечка хигиена) нека ти текне на клипов.

Кондолиза Рајс апелира за рестарт

Поранешната државна секретарка на САД Кондолиза Рајс пробува да ги врати амeриканските работи на фабрички подесувања. Порачува дека белците денес ниту треба да се чувствуваат виновни за сè што било во минатото, ниту пак дека денес се „развластуваат“ заради нивната боја на кожата. Од друга страна,  црнците треба да сфатат дека се убави, вредни и горди, без да ги прават виновни другите - ако тоа не се.

Шпионите од твојот дом

Како изгледа кога ќе дознаеш дека шпионските уреди на Амазон што си ги купил и ставил по дома, всушност цело време те шпионирале. Жената дома има два Ехо Дотс уреда и еден Ехо.

Срце ми је виолина

Кога Балканец ќе го погоди песна, на човек може да му дојде желба да излезе од кафана. Кога песна ќе го погоди црнец, на жена ѝ доаѓа да излезе од кола. Од кола во движење.

Како тоа мислиш светов има полудено?

„На што тоа мислиш кога тврдиш дека светов е забеган?“ ја прашува Брајан Стелтер од CNN колешката Бери Вајс, некогашна уредничка на книжевните рецензии во Вол стрит журнал и екс уредничка за култура и политика во Њујорк тајмс, која од март годинава работи како редовна колумнистка на Ди Велт.

Маалска бежанија

Мачка бега од куче, маж бега од жена, арамија бега од полиција. Бразил во еден кадар.

Одамна вака не сме се умориле

6:54 минути напнато дружење со Крис Шарма, на едно супер атрактивно место за пентарење по карпа. Тој се качува, нас прсти нè здоболуваат.

Што е тајната на хималајската сол?

За неа на интернет ќе најдете сешто, дека регулира тежина, подобрува сон, го одложува стареењето, дури и дека го зголемува либидото. Во прилог ќе видите каде таа сол се вади, кои и колку минарали има но не можеме да одолееме да не ви ја откриеме нејзината клучна тајна: хималајската сол подобро изгледа на Инстаграм.

Јоко Оно, и ништо не е подобро

Последиот пат гоп имавме кога придружуваше воени единици во строев чекор, па му ставивме наслов „Метал, и сè е подобро“. Сега пошто Јоко Оно е во прашање, не оди таков наслов. Се изнамачи дечкото да најде некаква музика во тоа нејзино врескање од кое се добива рак на уши.

Најдолгата гушка

Мајка (Елизабет Бенет, Арканзас) на синот кој се враќа од школо му ја кажува веста дека не мора да биде со маска, откако родители го добиле случајот со школото околу задолжителноста на маските. Пазете ја таа реакција.

Вежби за одзатнување синуси

Ако си ја имате маката, можеби веќе и сами сте ја откриле благопријатноста на овие потези. Ама, ако си ја имате маката, знаете дека кога тоа ќе стегне, ништо не помага. 

На неседнат Петко, капа му сплетоа

Македонија би можела и повеќе од пристојно да живее од извоз на плетени капи, и тоа изработени само од администрацијата, во регуларното работно време. На вработените од ДУИ може да им се праќаат клацкалки и дома.

Мустаќот на Салвадор Дали

Колку да се потсетиме каква „шведска маса“ од талент, шарм и самодоверба беше Салвадор Дали, од едно кратко интервју за BBC од 1955 година. Се разговара за битен детал од тогашната арт сцена - мустаќот на Дали.

Летерман го тролаше Дурант

Стариот му упадна на прес-конференција и го праша:
- Зошто те викаат КД?
- Затоа што се викам Кевин со К а се презивам Дурант со Д, најученички одговори КД. Дури кај прашањето за Пеликаните се опушти и сфати дека стариот се зеза.