На радостите на новата сексуална едукација им нема крај крај. Егосексуалци да ти биле оние кои немаат ништо против сексот, ама не би да бидат дел од тоа. Ехеј, колку такви познаваме, не од што сакаат, туку од што мораат...
Почнува како рутинска полициска сообраќајна контрола, завршува трагично, барем во моментот. Не нема мртви, ранети, повредени, ама пак неубаво завршува.
Пазете каква карантинска програма се тестира во Австралија: властите ви вртат на телефон и вие треба да им вратите со селфи кое тие ќе го гео-лоцираат. Ако за пет минути не им вратите со селфи, некој ќе ви тропне на врата. Прогресивните држави почнуваат да личат на љубоморните дечковци од најстрашните хорори.
Притисок на гума на кола е околу 2,5 бари. На 130 метра под вода, притисокот е 14 бари! Дотаму (131 метар) има стигнато Алексеј Молчанов, на „здив“, без боци, без ништо. Овој светски рекорд го постинува за вкупно време од 4:33 минути.
Феминистка по кратко улично кошкање и навредување полиција завршува на земја, меѓутоа бидејќи изненадното инстантно залепување на нејзиното лице кон асфалтот никако не ја девалвира нејзијата правичност таа бара барем кога ја апсат да биде апасена од жена полицаец.
Во земјата на Викинзите, младите ги учат да бидат во шума, да прават стрели, да се запознаваат со животинките и растенијата. Во земјата на комитите и гемиџиите, знаете, младите ги учат да си бојат половите органи и им даваат награда за најдобри гради.
Во Флорида е во тек акција за отповикување на гувернерот Рон ДеСантис кој се дрзна да НЕ воведува задолжителни вакцини, ковид пасоши и рестрикции, еретички изговарајќи: „Ние им веруваме на луѓето кога носат одлуки за себе“. Да видите само каков хорор трејлер му имаат направено неговите противници.
Сцена од ланската специјалка на Саут Парк. Почнува кога Картман го приведуваат во школо а завршува со карантин за цело одделение затоа што имале контакт со соученик (Токен) кој беше однесен во болница. Заради ковид.
Со сесрдна помош на сите ГУП-ови, ДУП-ови, градоначалници, премиери, градски совети, архитекти, геодети, грдежници, фантастично успешни бизнисмени и сите останати незапирливи заљубеници во Водно и општо природата.
На видеово најмногу изненадува колку е мирољубиво. Од една страна се група пљачкосувачи кои сред работен ден решиле да влезат во парфимерија и да ја опљачкаат, од друга сите купувачи и персонал во парфимеријата кои главно гледаат никако да не и посметаат на групата. И за цело ова време нема ни еден инцидент меѓу двете страни. Професионално.
За да се добие што поефектен материјал од себе за на интернет, тоа опседнатите знаат да направат секакви кретенизми (се пентарат па кршат глави, рецимо) и да злоупотребат секој ближен да им помогне во офанзивата за лајкови. Чекајте да го видите резултатот овде.
Откако се случува уште едно пукање во училиште, неколку училишта од Ајдахо решаваат да им забранат на учениците какво било носење на ранци, ама во исто време тие и понатаму како за на школо мора да носат книги, тетратки, прибор... Децата се снаоѓаат кој како знае.
Едниот е професор доктор, другиот е професор доктор. Дебатираат на иста тема: ковид, вакцини, маски. A kако да гледаш спот за песната „Два смо света различита“ (Тома Здравковиќ). Водителката некаде при крај вика, дури сега ништо не ми е јасно.
Краткиот одговор е: не баш. Проблемот е покомплициран отколку што се чини а задира во суштината на тоа како функционира светов. Најброзото решение би било богатите драстично да се откажат од својот стил на живот а сиромашните драстично да се откажат од желбата да излезат од сиромаштија. Мало факинг морген, нели?
Парада ко парада, кој што има тоа вади. Само овие го имаат и Гурбангул Бердимухамедов за претседател, кој низ годините се покажува како сосема достојна замена (колку може) на легендарниот Сапармурат Нијазов.
Вупи Голдберг пред некое време побара црнците во САД да имаат башка химна. Зошто немаме две, три, пет химни?, иронизира Мар но е скроз озбилен: „Треба да престанеме да ја третираме 'разбудената' сегрегираност како некое културно достигнување. Не е. Прашајте ја Југославија“.
Норм Мекдоналд му објаснува на Стефан Мерчант (на Џервејс другарот) дека цис маж е оној кој се родил како маж и се чувствува како маж. Овој збунет, го прашува а зошто воопшто постои таков термин? „Тоа ти е начин да се маргинализира нормален човек,“ закуцува Норм.
Еве ќе видите, не мора да го зборуваш јазикот за да ти е јасно дека некој е заљубен, љубов е нешто што се гледа во очи, се слуша во гласот, во зборовите. Тек па да видите разочарување колку е појасно.
Да се потсетиме што е концертна рок атмосфера, пошто уши ни пресушија во пандемијава. Се чекаат Грин деј во Хајд парк, 2017. Додека дојде бендот, на луѓето им пуштаат Боемска рапсодија од Квин. Кој не се наежи, цел живот во локдауни да си ужива.
Има една вистина за компјутерџиите која вика дека не е најдобар оној кој е махер со кодовите туку оној кој е махер во гуглање. Да видиме неколку корисни финти кои тие ги користат кога се има некој проблем.
„The minor falls, the major lifts“ подучуваше стариот Леонард Коен и нема поточно од тоа. Слушнете како меланхолично звучи една од најведрите и најполетни песни на сите времиња, кога е отсвирена во мол.
Невeројатно цинично и зајадливо видео на BBC за ругање на Шпанците. Сите експерти и томови книги напишани за нив, вели презентерот, не можат да ја објаснат суштината на нивниот проблем. А тој е дека Шпанците не знаат што е вистински доручек. И после везден морааат да глодаат нешто. Чујте го вие тој британски (хумористичен?) хејт.
Прастаро видео од 1977 година во кое главен јунак е една бабичка која не може да погоди која од понудените пијачки е виски а кое е бренди. На општо задоволство и на нејзина огромна радост, не се откажува таа така лесно. Не би ги ни доживеала таа тие години ако лесно се откажуваше. Позитива на денот.
Сопругата несебично го споделува клучот на среќниот брак: да го слушаш мажот, да го почитуваш, да му дадеш да биде глава на куќата и да му дозволиш да зборува. Но, ако не видите како тоа изгледа кај нив, никогаш нема да дознаете кој е вистинскиот клуч за мир дома.