Видео

Не се заебавајте, има да ме жалите

Норм Мекдоналд почина неодaмна на 61 година, после 9 годишна приватно водена војна со ракот. Значи овде кај Летерман точно му е јасно за што зборува, а зборува за својот погреб. Дека не сака како сите.

Како Руси излегуваат на избори

Русите длабоко размислуваат пред да излезат на избори. Што да облечат и како да се појават на гласачкото место. Оти другото е мање-више познато.

Како изгледал древниот Рим

Ѕирнете една дигитална реконструкција на вечниот град. Фино било да прошета човек таму, освен ако во тој момент не проаѓа и некоја лудара како Калигула, па те замоли на лице место да му направиш ќеиф на неговиот омилен сенатор.

Второто полувреме кај скокови во вода

И трупови знаат дека фората е што помалку да испрскаш кога ќе се жбурнеш во водата. Но, тука не завршува приказната. Откако ќе се жбурнеш, имаш уште работа.

Лас Вегас останува без усул. Му личи.

Врискачкиот пејсаж на Лас Вегас ќе биде збогатен со една огромна мрцина. Ја прават најголемата сфера на светот која ќе кошта 1,8 милијарди долари, ќе биде висока 112 метри, и во неа ќе го има - се разбира - најголемиот ЛЕД екран на светот со резолуција од 19.000 X 13.000 пиксели. И уште мал милион претеризми. 

Фалиш, будалче

Почнавме да се чудиме на некои сцени. Не заради самите сцени, туку зашто сме научени во такви сцени главен да биде оној нашион. Еве на пример овде. Пасент би било.

Марокански рулет

Пратете го дебелото. Од што предолго го ќофтаат а тој никако да стигне да подели правда со папучата, на крaj мава и кога нема никаква логика да замавне. Пресладок е.

Две решенија кои никогаш не би ни текнале

Како типови кои имаат проблем и играчка од киндер јајце да состават, вакви финти бескрајно нè одушевуваат.

Дебатните проблеми на Жириновски

Некои политичари имаат проблеми со концентрација, некои со времето кое им е остапено, на некои им се случува комплетен шат-даун на мислата („Отидов...“). Андреј Жириновски има сосема поинаков вид проблеми. 

Метал, и сè е подобро

Да чуете две мирнодопски воени видеа. Едно обично, едно заметалено.

Бил Бур веќе не слуша ничии теории

Првото прашање кое треба да му се постави на човек кој сака да ти каже што има разбрано/слушнато/прочитано е да ти каже дали тоа му е од библиотека. Ако не му е, батали. Во библиотека се знае што е фикција а што не. На интернет, на луѓето сè им е исто.

Австралија, окована во напредност

Не само што деца не можат во школо туку и на точаци се проблем. Па полиција им става бетонски пречки во бајк-паркови. Можеме да ги слушнеме латентните фанови на тоталитаризмот како во брада си коментираат: тоа е држава!

На багерист просто не можеш да не му дадеш плата

Градежно-транспортна фирма од турскиот град Сирнак прави фатална грешка и одбива на својот резидент багерист да му даде плата додека тој се уште го има клучот од багерот, а тие имаат едно шест-седум камиони паркирано во двор.

А сега нешто гадно

Ако сте искрен и доследен љубител на сите културолошки особености на овој шаренолик свет, тогаш вашата дијафрагма ќе нема никаков проблем со овој клип. Наш проблем е што не сме до толку. Накратко, жената кастреше жбун и неочекувано си најде грицки.

Жена, мајка, глупача

Веројатно планирала да објави сечено, лепено, монтирано видео од сцената ама видеото стигнало цело, како го тера синот да плаче, иако овој и онака плаче, само веројатно не доволно жално за собирање лајкови.

Дејв Грол трола хејтери

Група мрцини од една баптистички црква од Вестборо мразат све живо и диво (педери, Евреи, муслимани, други христијани) и се толку напнати, што и еден конзервативец како Бил О' Рајли ги сметаше за идиоти. Дејв Грол од Фу Фајтерс обожава да ги трола. Ова му е третпат. Овојпат им дојде на озвучено камионче, и ги изремети со „You should be Dancing“ нафрлајќи им дека и мајките им имаат играно на таа музика.

Како горат сендвич -панели

Показна пожарникарска вежба во која се палат два идентични контејнера, со различни изолациони материјали. Едниот со полиуретан (малтене ПУР пена), другиот со камена, односно минерална волна. Кога гледа како гори првиот, човек не може да се оттргне од помислата како е кога во него има луѓе кои сета своја доверба ѝ ја дале на државата, да им помогне околу еден вирус што го закачиле. Но, тоа што некаде се ризични материјали, некаде со „по сите стандарди“.

Некогаш е подобро да не дознаеш која му е швалерка

Разочараната девојка знае дека нејзиниот е со друга. И наместо фино лепо да го остави и ајт здраво, упорно решила да види која е таа со која овој ја вара. А тоа не секогаш е најдобро за самодовербата.

Енергетска заштита на глупи луѓе

Сеанса од оние мамбо џамбо дубари во кои луѓето се учат како да дојдат до посебно ниво на свест на кое ќе знаат самите да се енергизираат и околу себе да направат непробојна аура. Е па, на една јадна тетка уште не ѝ беше подигнат системот. 

Испраќањето на Белмондо. Ежење.

Како изгледа кога се има држава и кога таа држава знае да ги испрати своите неповторливи великани. На музика од Енио Мориконе од филмот Професионалец, една од многуте големите ролји на Белмондо. Тоа што човекот почина на убави 88 години живот, не ги спречува душите да затреперат.

Каков паб сме си нашле!

Кратка, дејвидлинчовска сцена од некој британски паб кој изгледа како покоен Малнар, таму некаде горе, да ја собрал екипата од Ноќна мора која му е на располагање (а не се малку одјавени: Шева, Станкец, Љубо, Тарзан, Лаки), само за да шенлучат на сметка на Јаран, Брацо и Цезар кои уште се злопатат живи. Не брзаме, ама, доаѓаме!

Измама на која не одолеваме

Мал увид во тоа како се снимаат оние совршени кадри во рекламите за храна и пијалоци, кадри од кои доаѓа вода на уста. Едноставно. Со многу машинерија.

Линдеман стигна на Црвениот плоштад

Кога во април годинава објавивме дека Линдеман има песна на руски, пишавме дека „тоа рускиот јазик ги омекнува и најтврдокорните гласни жици“. Неколку месеци подоцна, ете го ѕверот од Рамштајн на Црвениот плоштад, во придружба на три различни воени оркестри. Така се освојува Москва, а не ко оној глупион Хитлер.

Клацкалка 2.0

Најекстремен елемент во клацкање кој досега го знаевме е тој другиот педер да ти прави сец, тоест палачинка па да си го пеглаш газот на тоа тврдото. Ова е нешто сосема поинаку. Има и трет во играта! А колку и да си подобар од него, не си сигурен дека ќе прифати кога ќе му кажеш, ај, доста беше.