Видео

Иронија на денот

Некој може да изгуби работа или да биде казнет зашто не завршил на време. И нема да му веруваат дека за сè е виновна каузата БЛМ. 

Плачи кога си глуп

Дечкото вика дека дал отказ од работа која му носела 100.000 долари годишно, само за да побара од Логан Пол да му даде работа во неговото опкружување. Логан го отфикари на лице место и еве го сега, плаче во кола. Некако и ќеиф ни дојде. 

10 животни на кои еволуцијата им покажа среден прст

Речиси кај секој вид еволуцијата има компензирано со по нешто за на крај да се добие генерално ок резултат. Кај некои видови не само што се нема потрудено, туку како активно да работела на нивна штета.

Одговорност кон децата, не кон владата

Британскиот комитет за вакцинација и имунизација одби да даде препорака за вакцинирање здрави деца од 12 до 15 години. Запрашан дали постои политички притисок околу ова прашање, вториот човек на комитетот, професорот Ентони Харнден мазно одговара: „Мојата одговорност е кон децата, а не кон владата“.

Норвешка прави тунел за крузери

Викинзите на времето знаеле да ги пренесуваат своите бродови и преку земја, кога не можеле или не сакале да вртат по тоа фјордовите. Илјада години подоцна, смислено е поинакво решение. Тунел, 1.700 метри долг, 37 метри висок, 26,5 метри широк и длабок 12 метри, низ кој ќе можат да минуваат бродови до 16.000 тони. Наместо за два часа, тоа сега ќе се минува за 12 минути. За Кичево-Охрид немаме што ново да кажеме.

Брутално замолкнување феминистки

Се собрале разбудените праведнички за на цел глас да извикуваат „пароле што страшно звуче“ (Џони Штулиќ). Еден дечко ги шатдафакап-на со само три збора. Ваљда нема да го обвинат за менсплеининг. 

Дојдоа и до бубашваби. Поштено.

Од Џекс (со мустаќот) научивме дека тој/таа може да е навредливо па да се обраќаме со „ди“ а од неодлучната научивме дека постојат невродивергентни кои можат да се доживуваат како кучиња, мачиња или зајачиња. Мислевте тука е крајот? Дозволете му на овој разбуден зеленокос гоблин да ве подучи како да составувате реечници во кои ќе се спомнува некој што себе се рачуна за бубачка.

Од што се слатките соништа?

"Sweet Dreams (Are Made of This)" e песна од Јуритмикс, од 1983 година. Ни Дејв Стјуарт ни Ени Ленкојс веројатно никогаш не помислил дека таа песна може да се изведе со дузина најразлични електрични апарати.

Чичкото од рекламата за тетратките

За почеток на новата школска година, се навраќаме на една од најурнебесно храбрите реклами на таа тема. Храброста не е во сценариото и самата содржина на рекламата (за нов школски прибор), туку во кастингот. Ајде пробајте да погодите кој најмалку може да се очекува во таа улога?

И сјебан и дебел, кралот е крал

Елвис ја пее и ја свири на пијано Unchained Melody, непосредно откако песната била снимена и неколку месеци пред да почине. Брефта и се бори за здив, ама гласот не попушта. 

Позитивни вести од Авганистан

Не мора да го знаеш јазикот за да ти стане јасно дека овој телевизиски водител има само убави зборови за новите власти во земјата.

Зошто Де Ниро нејќе во Швајцарија?

Федерер му праша видео материјали од убавините на Швајцарија а овој вика, јок, не ми се бендисува. Генерално, сосема ја разбираме таа негова логика, освен во денови кога дома драматично ќе окапеме по шалтери или семафори. 

Учителке, цепки сте

Учителка на американски деца, на ТикТок се фали како на малите им го сокрила државното знаме и со мала итрина ги натерала химната да му ја пеат на ЛГБТ знамето. Кака-кики.

Кинески градежни таксирати

Во земја со урбанистички усул (и слични очигледни симптоми на патолошка заблуденост) како нашата, професионалноста и неподмитливоста на власта никогаш нема ни да дозволи да се издигнат вакви грдосии вон сите правила. За разлика од нас, во Кина работите се комплетен јавашлук и аматеризам (што е природно кога сите им се вработени преку партија), па тие се наоѓаат во ситуација да мора да срушат 15 облакодери затоа што инвеститрот не стигнал да ги заврши во предвидениот рок. А што се мора не е тешко, во Кина.

Како е да си мажена за Нил деГрас Тајсон

Доаѓа госпожата и фаќа да го поти, те што не го прошетал кучето, те што уште лежи и чита а треба да одат на погреб, те што му фатила докази дека има швалерка. Пазете какви фантастични реакции се тоа.

Црно-бел ритам

Дејв Шапел добро ги уловил разликите во ритамот и звучноста во начинот на кој говорат црнците и белците. И можеби затоа лошите вести главно ги кажуваат белци.

Лупаат Американци, ама лупаат и Кинези

По вчерашната објава дека американската шпионска машинерија не успеала да дојде до очекуваниот исход од истрагата за потеклото на коронавирусот, кинеската државна телевизија ЦГТН објави едно фино склопено пропагандно парче во кое објаснува дека целата истрага е политичка, ем е спротивна на резултатите од истрагата на СЗО (ха!), ем дека е познато како Американците истражуваат (пример кога најдоа оружје за масовно истражување), ем што не си проверат по дома (Форт Дерик).

Парижани на пикник пред бистроа

И во Париз е дозволено влегување во угостителски објект само со ковид аусвајс. Парижани одговараат со ќебиња, пријатели, храна и пијачки,на шеталиштата пред нивните омилени места за излегување.

Трамп едвај дочека да му фаќа сеир на Бајден

Од штабот на Трамп испорачаа клип кој според нив го сумира владењето на Бајден, посебно последниве неколку седмици и сето она што се случува во Авганистан, насловен „Surrenderer-In-Chief“

Ирски војник од Авганистан: Бајден е ретард

Најновите информации (дека директорот на ЦИА имал шуш-муш муабети со талибанскиот лидер пред паѓањето на Кабул), го поткрепуваат она што инстинктивно го чувствува овој гневен ирски војник на повеќегодишна служба во Авганистан: дека Бајден зад грб се има договорено со талибанците и така од керамиди ја има изуринирано колицијата од 41 држава кои САД ги довлечкаа во таа 20 годишна идиотска мисија.

Џентлменството не изумира

Таа влегува дома, и таму ја чека патека послана со ружини листови, па црвена лента која ќе ја пресече со ножици подадени на послужавник... Каде ли ја води оваа среќничка таа романтична патека?

Трол што лае, на каса

Ако е вистина дека кучето е најдобриот пријател на човекот, тогаш не треба да е чудно ако тој пријател некогаш ве трола. Еве како го прави тоа овој четворо.. троножен пријател чиј газда е со повредена нога.

Најбараниот човек во Австралија

Не е ни масовен убиец, ни масовен силувач, ни масовен педофил. Мета на најновата полициско-медиумска потера во Австралија е дечко кој иако знаел дека има ковид, го напуштил апартманот и згора на сè, кивнал кога се возел сам во лифтот!  Постои и снимка од австралискиот Осама бин Ладен.

Гајба челенџ

Ако овој челенџ не ги сотре тоа тиктокерите ништо нема. „Предизвикот“ е да се качиш и да се симнеш по гајби наредени од една дo седум, осум, девет гајби, и потоа надолу до една. Така едноставна, а така темелна проверка на дарвиновата еволуција одамна немало.