Видео

Сè што му треба на ученик е компјутер, интернет и баба што го бодри

Много инспиративна идеја за радикална образовна реформи - без учители - од скромниот и симпатичен ТЕД говорник Сугата Митра кој има оставано компјутери по индиски сламови и села за да дојде до фасцинантни сознанија како учењето не е нешто штп треба да се наметне туку нешто што се случува само од себе. Кога ќе се постават интересни и важни прашања, а на децата ќе им се остават ресурси за сами да дојдат до одговорите.

Кафански рулет

Играта е следна: седнувате во кафана, мезите, ручате, пиете, се расправате, што и да правите, и кога доаѓа моментот на вистината во форма на фискална сметка секој на маса вади кредитна картичка. Задачата на келнерот е да изебере една баксузна картичка што ќе ја плати цела сметка.

Стив не се разбира од збор

Стив ги доби сите шанси човечки да го реши проблемот, ама не, Стив уште и би да се заканува и да изводи. Врвот на тензијата во целата ситуација беше кога Стив почна да игра по живците на полицијата, нагоре, надолу, нагоре, надолу... И да не се разбереме погрешно, Стив не е лош човек, само понекогаш знае да му пркоси на законот.

Најголемиот грабеж во историјата

Како Епл секоја година го изведува најголемиот грабеж, останува неказнет и чека пак да дојде следната година за сè исто да го повтори.

Во Кина децата уште се криви кога ќе згрешат

Наместо стандардното разводнување на вината, па обвинување на општеството, училиштето и државата, тука целиот процес е далеку поекспедитивен и фокусиран на прекршителот. Пример, учеников што дома донел проститука и неговите жив го фатиле.

Очајот да се замине од Авганистан по секоја цена

Како што последните американски воени авиони го напуштаат аеродромот во Кабул, така избезуменоста на локалното население по секоја цена да  не се остане под талибанска власт станува самоубиствена. Како никогаш до сега, луѓе се обидуваа да се качат и да се задржат на авион што полетува.

Делта емоции

Во програма вклучуваат докторка која треба да ја пренесе пораката луѓето сериозно да ја сфатат опасноста од делта сојот. Очигледно било планирано малку да ѝ затрепери гласот како да е на раб на плачење кога ќе дојде до делот дека дечиња се разболуваат. Ама оваа блесавава, неочекувано прсна од смеење! Јбг, секакви ги има. За новинарот, никаков проблем. Тој ладнокрвно заклучи дека докторката е преплавена од емоции.

Како е денес во најромантичниот град на светот

Кроасани, кафе, QR кодови. Како изгледа секојдневието во градот на светлината? Изгледа така што меѓу две голтки кафе, треба на џандар да му покажуваш ковид дозвола, инаку наместо кафе, ќе сркаш казна. Апсолутно романтично.

Кога Каталонка ќе викне: Ајдеее!

Барселона Џипси Балкан Оркестра ја изведуваат „Македонско девојче“ пред некоја година, во Минхен. Убаво е. Ко да сме го имале ова на сајт ама ко да не ни е доста од вакви облоги, особено откако по рани ќе ни загребат некои наши богови кои - којзнае за кој курац - се спремни да нè поздравуваат со она име кое не само што не помина на референдум туку се зацементира со гласови на луѓе криминално носени од притвор.

Не се само Симпсонови што уденуваат иднина

Вчера беше објавен извештајот на ОН кој само регистрираше дека човештвото ја изгубило битката против глобалното затоплување. Пред десетина години фантастичната серија „Редакција“ (Newsroom) на Соркин, го имаше речиси истиот муабет, само направен далеку поискрено.

Чик-дик дебата на денот

Стариот е виетнамски ветеран и држи некое Тобако во Абердин (Вашингтон). Транс персона, инаку член на градскиот совет, во дуќанот наидува на знак кој го смета за навредлив (If you are born with a dick, you're not a chick) па почнува кавгата. Видете си сами, ние тачно знаеме на кого би му викнале пиво.

СССР носталгија

Не по Сталин или Брежњев, не по фармерки пеглани на шпиц и бадијала вотка, туку по времето, односно климата. Погледнете ја временската прогноза за 8 август 1989 година. Рај! 

Да не ги укинеа „ангелите“ на Викторија, немаше да знаеме како треба

Ангелите на ВС вечно ги снема затоа што колективно беа прогласени за нездрави и нереалистични прикази на женското тело и убавина. Во меѓувреме, новите, здрави прикази на женското тело стануваат се поразнолики.

Спектаклот од студио на Би-би-си спорт за Токио 2020

За почеток студиото и спектакуларната панорама на Токио од него воопшто не е во Токио, туку целосно е во Манчестер, и не е ни приближно живо и шарено, туку досадно зелено.

Брејзерс романтика

Музиката одма може да влезе како саундрак за Фрозен, текстот малку потешко. Жанрот е „степ-бро/степ-сис“ со најава за мала измена во следната варијанта.

Бескрајна вакцина

Во име на сите оние кај кои меѓу некои лични дилеми од една страна и од друга, доминантните научни и медицински сознанија (сесрдно подржани од државен апарат, полиција, медиуми, што треба) сепак превагнало второво и прописно се вакцинирале два пати, еден австриски новинар прилично незгодно сумира низ каков ролеркостер минуваат луѓето. Или и тоа не смее, само за да не го кокодакаат по социјални мрежи како антиваксер?

Полудуваме ли колективно и зошто да

Ако сте баш сигурни дека вие конкретно не сте полудени, погледнете коментари на социјални мрежи. Ако за повеќето од нив се прашувате од каде само изникнаа волку гневни и наапани горштаци, тогаш сите заедно имаме проблем.  А не сме ни први ни последни на кои им се случува тоа.

Ако веќе е жешко, тогаш барем нека е “Highway to Hell”

Том Морело од Реиџ со распалени и зажарени гитари а бензин на огнот со своите гласови додаваат Брус Спрингстин и Еди Ведер. Пржење!

Што научивме од овој клип?

Како прво, дека имало луѓе кои себе се опишуваат и претставуваат како кученца, маченца или зајачиња. Таквите да ти биле невродивергентни. Тоа да ти било кога некој чувствува дисконектираност од човечкиот род и од социеталните очекувања од родот кој му е даден од раѓање.  

Ќе те зезнат, вака или онака

Дечкото има гледано доволно клипови со оние турски сладоледџии кои се вешти со тоа корнетите и знаат бескрајно го дриблаат муштеријата додека навистина му го дадат сладоледот, па затоа изгледа спремен на сè. Речиси на сè.

Америка метричка да е, секој да ја знае

Не само што САД имааат потпишано дека ќе го усвојат метричкиот систем туку сите они нивни будалести мерки како стапки, инчи и галони со кои мака мачи остатокот од светот, всушност им се дефинирани со метрички единици.  

Орангутани, наши луѓе

На посетителка во Зоолошка во Индонезија ѝ паѓаат очилата за сонце во просторот на орангутаните. Ги наоѓа женка, точно ѝ е јасно како се носат, ги пробува и по некое време решава да ги врати, односно да ги трампа за нешто покорисно. Со нула жалење што не станала човек.

Феминистка во стапица

Прашањето е: Ако компаниите помалку ги плаќаат жените од мажите, нели е логично да вработуваат повеќе жени, затоа што се поевтини? Реакцијата сте ја виделе во дебатни емисии: кога наместо одговор, му префрлаш на соговорникот дека е нервозен, дека се поти... А нит е нервозен, нит се поти, само си ти фатен во небрано. 

Вие кога ќе дознаете дека сте бели?

Робин ДиАнџело е автор на извиканата книга „Бела фрагилност“ која  - буквално расистички - сугерира дека белците треба да го признаат примордијалниот грев што се бели. Во ова интервју, таа открива дека сфатила дека е бела на свои 34 години и тоа шокантно сознание трајно ѝ го сменило животот. Се почувствувала толку гласно бела што ѝ било срам да излезе на улица зашто сите ќе забележале дека е бела. Накратко, Робин ДиАнџело, кретен.