Видео

Китка- Матка

Марко Рубио, државен секретар на САД: „Замислете еден Иран кој наместо да го троши своето богатство, милијарди долари, на оружје и поддршка на терористи, тоа го насочеше да му помогне на својот народ. Ќе беше тоа многу поинаква земја.“ Два дена подоцна, неговиот шеф, Доналд Трамп: „Не можеме да ја плаќаме здравствената заштита, војни имаме...“ 

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Трамп беше многу горд што го срушиле мостот кај Караџ. Тоа го правеа и кога ја нападнаа Југославија. Овој беше недоправен, уште непуштен во употреба а ќе беше најголемиот мост на Блискиот Исток, долг преку километар, висок 132 метра. Солзите на градителот сами по себе се разбирливи. На Иранците им порача: „Господ ако ме поживее, повторно ќе го изградам и ви ветувам дека ќе поминувате по него.“  

Проблемите доаѓаат со брзина на точак

Знаете ли дека глобалните прекуокеански ланци за снабдување со нафта се движат со брзина на велосипед? Тоа е брзината на оние огромни танкери што лазат преку океаните. Тоа е и причината што ситуацијата уште изгледа доста нормално иако Ормускиот теснец одамна е затворен. Големите нафтени полжави излезени пред затворањето уште не се стигнати до своите дестинации. Кога таа нафта ќе се потроши, е, тогаш ќе ја сфатиме белјата.

Сурфате инкогнито? Се лажете

Режимот инкогнито или режимот за приватно прелистување се функции што ги има секој прелистувач, но ни приближно не се ни инкогнито ни приватно. Притоа, Хром е најлош бидејќи упорно не вклучува опции кои корисници со години му ги бараат. Тор му е мајката. Нешто побавен но блиндиран. Прифатливи алтернативи се и Брејв и Фајрфокс, вели дечкото од Privacy Guides.   

Во Германија се знае редот

Само да погледнете колкав е редот за чекање за влез во германски  клуб за кој велат дека 70 посто од луѓето не биваат пуштени врата. Мислиш Аца Лукас или Дино Мерлин настапуваат. Кај нас луѓе за пари не би чекале толку. Овој што снима (наш човек) вика, цела вечер бесплатно да пијам внатре па не ти чекам. Клуб Бергхаин, Берлин. Ниту тој ќе жали што не сме се виделе, ниту пак ние. 

Направи го ќарот повторно прв

За американските војни се води главно погрешна дебата. Главните прашања се дали Трамп ќе успее, кога ќе успеее, во што ќе успее? Никој не прашува колку таа војна е праведна, правична, оправдана, никој не прашува за кој американски интерес загинаа оние 160-170 ученички. И во ова интервју за Венецуела, ни збор за луѓето од Венецуела. Битно нафтата, контролата, битно покажавме дека сме појаки.

Ребрендирање на еден терорист

Пензионираниот американски дипломат, Роберт Форд, евоцира спомени како бил замолен од МИ6 (преку некое невладино прокси) да помогне во ребрендирањето на некогашниот џелат од Ал Каеда а сега претседател на Сирија. И како овој му се жалел дека методите кои му служеле како терорист веќе не вршат работа кога треба да управува со голем народ.  

Само коли ли да има хибридни?

Мат Гаец беше пратеник од Флорида, пред две години за малку ќе станеше главен обвинител по предлог на Трамп но се повлече откако му извадија афери со женски и плаќања за секс. Пазете ова: висок офицер му кажал дека на тајни локации се држат заробени вонземјани (?) и се принудуваат да се парат со луѓе (??), кои пак, се набавуваат од воени зони или од мигрантски каравани. Офф, уште тие ни фалат.

Операција „Епски резил“

Нема утка со оваа финта. Во својот бункер, Хитлер дознава за катастрофалните резултати од операцијата „Епски гнев“ и дека Техеран нема абер од капитулација. „Вака ли ќе ја правиме Америка голема? А на Путин му се смеевме за Украина! Сега се плашам и Куба да ја нападнам!“ вели егонаманијакот кој сепак се сети како да се извади од кашата. 

Од првиот до 17-от Ајфон

Првиот Ајфон излезе во јуни 2007-ма година. Неговата камера беше со два мегапиксела. Последен изваден Ајфон е 17-ката, со 48 мегапиксели. Иако разликата во бројките е драстична, реално на фотографиите (со сите џиџи-миџи употребени технологии) разликата и не е баш да ти падне вилица.   

Смартфоните ни ја одземаа најдобрата атмосфера за креативност - досадата

Луѓето прибегнуваат кон своите паметни телфони како сигурен штит против краткотрајната анксиозност, самотијата и досадата. Тоа е токму онаа плодна почва на која понекогаш се раѓаат најбрилијантнитe идеи. Некој ќе каже, постојат разни техники за да се исчисти мозокот од дигиталното ѓубре, но, што ако после успешното чистење, човек сфати дека мозокот му е - празен?

Зошто луѓето престанаа да носат капи и шапки?

До 50-тите години на минатиот век, мажи, жени па и деца речиси никаде не оделе гологлaви. На почетокот на 60тите, капите и шапките почнува да ги снемува. Неколку можни причини: повоената младина пружа отпор кон традиционалното, автомобилите, Битлси и Кенеди.  

Едни китови си помагаат, ние очи ќе си извадиме

Исклучително редок момент за животни кои не се примати. Група китови од редот на најголемите (Physeter macrocephalus) се собираат за да подигнат едно новороденче и да му помогнат да почне да плива. Важен момент бидејќи во тие пресудни мигови, малите знаат да потонат и да не успеат да заживеат. Да биде симболиката уште појака, помагаат возрасни женки од различни фамилии.   

Колку фрижидери растури Русија до сега?

Пред четири години, војната во Украина се чинеше при крај, со недвосмислен пораз на Русија. Тоа беше време кога првиот човек на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, тврдеше дека руската армија е принудена да вади чипови од фрижидери и машини за перење. Четири години ништо од тоа. Ни шиткаат долга војна со приказни дека никаква договори и дипломатија со агресор не доааѓат предвид, резимира Глен Дизен. 

Пит Хегсет: Ние преговараме со бомби

Пазете ја оваа силеџиска бесрамност: „Никогаш во историјата една модерна армија не била вака уништена“, вика американскиот министер за војна. „Ова е за во историски читанки, затоа што претседателот ни ги одврза рацете за да го казниме непријателот што побрутално можеме“. А Трамп позади, со говор на тело како дете во градинка кога го фалат.  

Што нуди иранската пропаганда?

Паралелно со онаа вистинската војна, на интернет се води и жестока пропагандна војна меѓу завојуваните страни, Америка и Израел од една и Иран од друга страна. Мора да признаеме дека појма немаме каква е реалната ситуација и кој победува (за разлика од маалските аналитичари кои знаат сè). Но бидејќи западната пропаганда ја гледаме секојдневно, да видиме едно пакетче од другата страна. Заебано.

Колку си геј во очите на другите?

Ќе сликаат рандом минувач и ќе прашаат некој друг минувач дали тој на сликата им се чини геј или стрејт. Потоа и него ќе го сликаат па ќе прашаат друг. Занимливо. Повеќето дечки, и кога се стрејт, на другите им изгледаат геј. Најјак аргумент на еден од нив зошто мисли дека тој што го гледа е геј е: „Ми изгледа премногу среќен“. Туго стрејтерска.  

Како е можно да го заборавиме ОВА?

Дете си сè додека кога треба да отидеш од точка А до точка Б, тоа го правиш не со одење туку со трчање, трчкање или со она познато детско постскокнување. Но, кога долго време ќе заборавиш на детето во себе, се случува ова - да заборавиш да потскокнуваш! Апсолутно телото да ти го заборави таквото движење! Деца да ја гледаат ова компилација, ќе ги мислат за луѓе со посебни потреби.

Кој нејќе да му паѓа храна од небо

Ако познавате некој што држи рибник, споделете ја со него оваа идеја бидејќи е едноставна, евтина и генијална. Можеби важи и за други ситуации во кои постои некој што се храни со бубачки и не му пречи ако се тазе потепани (на пример, заробен Виетнамец?). Накратко: над рибникот сијалица. Под сијалицата гилотина.

На Израелци им е бетер испран мозокот од Северна Кореја

Независна новинарка која во „мирни времиња“ (во Газа никогаш не се мирни времиња), разговарала со обични луѓе во Израел, била шокирана со каква леснотија застанувааат зад геноцидни идеи. Не се држени во мрак како во Северна Кореја. Напротив, знаат што се случува, гледаат како страдаат деца и невини и - го одобруваат тоа.  Ѝ дошло да се истушира за да ги спере од себе сите гадости кои ги слушнала.

А ќе речеш, атом ко атом

Нашата ментална стабилност се одржува благодарејќи на тоа што сме површни (ок, и што не се  дружиме со сељачаана). Да се нурнеме во сите езотерии на физиката, има да ни летне петлето. А сè започнува со една банална констатација - сè на овој свет се состои од атоми. Пих. Ама потоа се оди во подлабокото. Да го исфрлите празниот простор од сите атоми од кои е составен човечкиот род ќе ви остане - колку коцка шеќер. Гад дем!

Маалска алапача

Како најголем ропак, Трамп ја коментира оставката на директорот на американскиот Центар за контра-тероризам, Џо Кент, дадена поради несогласување со војната со Иран. Дечкото не сум го сакал многу ама ми беше жал, два пати не го изгласаа па да му дадов да работи нешто... Го вика и ова: „Жена му беше убиена а тој БААГИ БРЗО СЕ ПРЕЖЕНИ“ (?!) Ви се верува ли каков шабан е тоа?

За 20 години Израел нема да биде држава

Вакво предвидување нуди пензионираниот американски полковник, Лоренс Вилкерсон, некогашна десна рака на Колин Пауел. Проценува дека Израел ќе лизне во некаков апартхејд, отфрлен од светот како некогаш Јужна Африка. На времето, цел генералштаб го има советувано ХариТруман да не го признава, бидејќи со толку многу антагонизирани Арапи околу него, Израел претставува стратешки хендикеп.

... толку полошо по фактите

Колумнистката Мелани Филипс (екс Гардијан, лондонски Тајмс, Спектатор...)  ја дијагностицира актуелната состојба на Западот каде поради идеологиите, протерани се фактите, објективната реалност и рационалноста. Ништо не смее да застане на патот на замислениот совршен утописки свет: дека мулти-култи ќе ги елиминира предрасудите, дека зелените агенди ќе ја спасат планетата... Кој извади докази против тоа, го јадел.