Видео

За луѓето што не јадат кориандер (и магдонос)

Следен пат кога ќе видиш некое мажиште како треби магоднос од салата ко да се срчи од стакло, имај предвид дека не е до него и дека не се пренемага, туку вистински не може да го поднесе и тоа на генетско ниво.

Родителите на кои Швајцарија им го одзема детето

Што е гревот на родителите? Што не си ја послушале својата ќерка кога на 13-годишна возраст им кажала дека се чувствува како момче, па да и лупнат блокатори на пубертет. Казна, одземање на роденото дете, за да може да почне да се лупа со терапии за промена на полот.

Камала, ти живиш у облацима, мала

Големата надеж на американските демократи за стопирање на претседателскиот камбек на Доналд Дамб објаснува „Cloud Storage.“ Вика, не мора веќе да се чуваат работи заклучени во фиока. До тука добро. После го објаснува концептот на клаудот, дека тоа било нешто што ни виси над главите и веќе не е физичка локација. Жената можеби е и црнкиња и Индијка, ама по технолошко познавање е Амиш.

Стварно, Флобер или Дима?

Во Америка се прават анкети за да се покаже зачестеноста на дебилите и длабочината на нивното незнаење (- Што славиме на седми јули? - Четврти јули). Кај нас најчесто се прават досадни и никому потребни анкети (- Скапо ли е на пазарот, мајче? - Скапо е синко, не се живее). Ова е нешто сосема поинаку. И да е местено, убаво е да имаш чувство дека живееш меѓу паметни луѓе со префинет вкус.

Колку длабоко Германија е заглибена во глобализација

Глобализација на проблемите е кога авганистански мигранти во германски Франкфурт ја напаѓаат амбасадата на Пакистан во Германија, затоа што пакистанските власти во Исламабад одлучиле да ги депортираат сите авганистански бегалци од Пакистан.

Самракот на Санта Моника

Аматерска репортажа за Санта Моника (заради наркоманите сега ја викаат  Santa Methica), до пред некое време едно од најактрактивните делови на ЛА. Денес не знаеш кога некој од лудаците ќе те прободе со нож, ќе проба да те одвлечка до веце, на кој од околните ментиши ќе му дојде злокобно привидение.... За само 5-6 години, прогресивците на Њусам го сјебаа местото, пошто им се битни само грин енерџи и џендер-мендер.

Да не му пипнеш на Самсунг во пазарот

Епл влегува на пазарот во Малезија, со отворање на својот прв дуќан во Куала Лумпур, во новиот ТРХ трговски и бизнис центар. Самсунг кој ја смета Малезија за дома, решава комплетно да ја закупи метро станицата во близина на ТРХ, плус да ги купи правата на нејзиното име.

Како Маск се справува со „не може тоа, шефе“

Твитер имале три големи серверски фарми. Главните инженери му објасниле дека таква инфраструктура е неопходна заради бекап и непречено одвивање на сервисот. Илон Маск им вика да угасат две. Му викаат не може тоа за помалку од 6 месеци. Им вика, може за 6 недели. Го фаќа инат и им го спушта рокот на 6 дена.  Нешто подоцна, не само што ги отпушта туку самиот оди и ги сече каблите.

Џордан Питерсон почна и диети да „шитка“

Ако го следите човекот редовно (а ние пишуваме за него шест години), веројатно споделуваме чувство дека малку премногу го има и дека е влезен во она медиумско тркало кое од луѓето бара да се прознесуваат за сешто. На пример, Илон Маск му се пожали на стара повреда на грбот и рамото. Наместо „виде ли тоа со лекар?,“ Џордан веднаш му препорача корнивор диета (да се бута само месо). На жена му ѝ помогнало. 

Може е време Камотски да размислува за пензионирање

За разлика од времето кога „спортот“ се појави по руски вашари и слични собиранки, сега шамарањето стана дел од УФЦ викендите, под закрила на истата компанија, и доби целосен апгрејд што следува со таа професионализација.

Ако не можеш да спречиш, помири се дека ќе бидеш ограбен, полесно ќе ти биде

Снимкава е од Британија и е прилично вознемирувачка, а тоа затоа што народот уште не е помирен со кражбите. За разлика од нив, во делови од Калифорнија локалците масовно почнаа да оставаат отворени прозори на автомобилите, бидејќи секако ќе бидат ограбени, ама барем па нема да имаат ваква штета и трауматични призори.

Јака порака до разгалената Европа

Дечкото се чуди што градови во Европа се бунат против туристите па ги мава со реалност: помирете се со тоа дека сте Дизниленд и ништо повеќе. Вашите економии стагнираат, додека Кинезите прават соларни панели, вие не правите ништо освен што ја проституирате својата историја и продавате сушено месо. Вашите градови се музеи, вие сте кукли. И на туристите треба да им кажете фала.

Кој е за дигитален детокс?

Холандија конечно цилизациски стигнува до нашата идеја па сè почесто станува офф. Луѓе се собираат во поп ап кафиќи, цркви, каде и да е, битно да се без мобилни телефони за да можат да разговараат, размислуваат, читаат, цртаат, везат, плетат.... сè што ќе им текне само за да си го смират животот на нормално темпо и да не зјапаат во екран за бескрајно да скролаат.

Илон Маск: Воук вирусот е зло. Тоa го уби син ми

Во двочасовен разговор со Џордан Петерсон, Илон Маск проговори за шокантните и трагични случувања во неговото семејство, поточно син му Ксавиер кој бил убеден дека проблемите му доаѓаат од родова дисфорија а татко му, Илон, бил измамен да потпише да му се даваат блокатори за пубертет, верувајќи дека така го спасуваат од идејата за самоубиство.

Не се секирајте, ќе биде забавно и со Камала

Кога се појави на големата сцена, многумина беа пријатно изненадени од CV-то на Камала Харис во кое имаше некои импресивни ставки. Подоцна се дозна дека некои од тие ставки и не биле баш такви какви што беа прикажани. А потоа жената отвори уста. За на крај да го слушнеме и нејзиното вонсериски непријатно смеење, смеење од кое и градите на Карлеуша се поприродни.

Модна ревија на ВИ

ВИ не е кратенка од Витон Игорче (непризнат внук на Луи Витон) туку од вештачка интелигенција. Добро, уште малку се познава дека е фејк, ама, уште малку. За неколку години деца со чудење ќе ве прашуваат, што, во ваше време се познаваше што е реално а што е дип фејк?

Тоа е таа француска култура

Според традицијата, со првата сесија на нов француски парламент заседава најстариот новоизбран пратеник а му асистира најмладиот. Во случајов тоа беше 22 годишниот Флавијан Терме од партијата на Марин Ле Пен кому никој од колегите и колешките не му пружи рака, еден му изигра лист-камен-ножички а Себастијан Делогу, алжирски мигрант од Марсеј, дури и заканувачки го зазјапа, како пијан цреп во селска дискотека.

Лавров. Сергеј Лавров.

Без разлика што мислите за руската политика, Путин, Кремљ, ќе признаете дека нивниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, е еден од најавторитетните светски дипломати на сите времиња. Сериозност, префинети манири, прецизен вокабулар. Нешто ко Срѓан Керим, ама со содржина. А кога треба, неодбранлив сарказам. Како кога го прашаа за некаква експропријација на земјиште во Јужна Африка.

Жената со гласови од природата

48 годишната Женевјев Коте го запрепасти жирито на 'Британија има талент' со својата магична точка во која прикажа цел регистер гласови од природата, од океански бранови до секакви животни, а и „човечкиот“ глас ѝ е моќен и убедлив. Жената може сама да синхронизира природо-научни епизоди на НатГео и Дискавери. Нереално е колку е реално. 

Ева до Урсула: Ти си за во затвор

„Допрва ќе се гледаме во Брисел, со мене нема да ти биде лесно “ ѝ порача полската европратеничка Ева Зајачковска на Урсула фон дер Лајен, откако оваа обезбеди втор мандат на чело на ЕК. Зајачковска се смета за конзервативен либерал и оценува дека вториот мандат за Урсула е најава за дополнително урнисување на ЕУ. Тоа го пиша после изборот, да чуете што сè и плесна в лице на седницата!

Роботакси во Кина

Кога последен пат се возевме со скопско такси, таксистот ни се жалеше дека цената е ниска и дека во Лондон, само за добар ден плаќаш пет фунти. Ама затоа истиот таксист, на секое застанување на семафор, се фаќаше за мобилен и играше вочкице. И додека кај нас една од последните иновации е пуштање „титка“, Кинезите отишле малку подалеку.

И Бајден има свој атентат

Џо Бајден, јули, 2021: „Ако сте вакцинирани... имате преку 98% шанси НИКОГАШ да не закачите коронавирус“. Џо Бајден во јули 2024-та ТРЕТПАТ фаќа ковид. За неговите медиумски трабанти, ова е слично на атентатот на Трамп, па ако Бајден се опорави од ковидот на овие години, и тоа е доказ за неговата сила и божји знак дека треба да биде претседател.

Же суис уво

Митинг на Трамп во Милвоки после преживеаниот атентат. За да покажат солидарност со лидерот, најверните фанови си ставаат газа на увото. Да, како да е епизода на Саут парк. Имате право да се исмевате, само ако не сте од оние кои за да покажат солидарност, за сенешто менуваат профилни слики на Фејсбук. Пошто и тоа е подеднакво патетично.

Париската градоначалничка заплива во Сена

Градоначалничката на Парис, Ен Хидалго, ги исполни ветувањето дека до Олимписките игри ќе успеее да ја исчисти и да ја направи безбедна за капење реката Сена која долги години беше гадотија. Стотина години во неа никој нормален се нема бањато. На девет дена до Игрите, Хидалго се брцна во реката за да демонстрира дека е чиста.