Видео

Каде згреши Тајната служба, според Вол стрит журнал

Викендов 20-годишен дечко со пушка во рака се качи на кров од објект на нешто повеќе од 130 метри од местото на кое Трамп држеше говор и истрела куршум кој благодарејќи на милиметри не доведе до граѓанска војна во САД.

Протесни позери

Меѓу оние јадници кои партии го довлекуваат со автобуси за митинзи, за сендвич или како веќе тоа оди, ќе најдете поербап луѓе со интегритет отколку меѓу овие млади, освестени и прогресивни про-палестински американски пацери кои се собрале за да дадат поддршка за каузата. Дечкото фати да ги прашува за што протестираат. Еден не најде да му одговори.

Како град може да се олади за осум степени

Повторно расте интересот за зелените кровови по една нова студија која покажа дека додавање вулканска пепел на нив ги стабилизира температурите, штити од троскот, ефикасно ја решава водата и не е потребно одржување. Со вложување во зелени кровови 10 милијарди долари, во САД би можеле да се создадат 190.000 работни места и да се покријат 4,5 милијарди квадратни метри кровен простор.

Мравки знаат да изведуваат ампутации

Ампутации и операции за спасување животи не се ексклузивни вештини на луѓето. Научници откриле дека еден вид мравки, кафеави од Флорида, се вистински мали хирурзи кои поседуваат медицинска интелигенција. Тие умеат селективно да ги третираат повредените екстремитети на колегите, им ги чистат раните а ако тоа не е доволно, им ги ампутираат оштетените делови за да им спасат жива глава.

2 дена по обидот за атентат

Трамп во знак на пркос сепак реши да не зема боловање туку да се појави на републиканската конвеција во Милвоки. А таму на терен се случуваат две темелни промени врзани со Тајната служба, задолжена за неговото обезбедување: прво, сега ги има како мравки во мравјалник, второ, по перформансот и резилот што жените агенти го изедоа во Пенсилванија, во обезбедувањето инстантно беа укинати сите квоти за разноликост и застапеност на жените.

Не е Трамп баш без последици

Златокосиот гзлак имаше феноменална среќа атентатот да го преживее само со пирсано уво, меѓутоа, и тоа не е банална работа, бидејќи после атентатот почна да има чудни референци и да си спомнува поуки од Бугари. Иако е јасно, сепак да кажеме дека се работи за дип фејк видео.

Делот од секунда заради кој Трамп уште е жив

Вчера и денес ќе имавме сосема поинакви вести ако Трамп во последна секунда не ја свртеше главата. На Трамп беше пукано од нешто повеќе од 130 метри.

Бабо ти си за на Олимпијада, не за во дом

Пациентка со Алцхајмер редовно бега од домот во кој е затворена така што на свои 92 години прекачува врата и ограда од 2 метра како да се скала.

Синан Сакиќ кај Саи Баба, публиката како на Иги Поп

„Синан е рокенрол. Тоа не може да биде сељана,“ пишавме некаде во 2018 година кога се одјави најголемиот во паралалениот андеграунд. Да додадеме уште некој пиксел во големата слика: татко му свирел во воената филхармонија во Загреб, тој редовно одел во ашрамот на Саи Баба а неговата публика се има самоповредувано како на концерти на Иги Поп. А дека бил тажен и несреќен човек, тоа претекуваше од песните.

Пазете каде биле снајперистите

Една видео снимка од профил на која се гледа Трамп како држи говор и веднаш над него снајперистите од тајните служби. Дечките се насочени во вистински правец (онаму од каде што е пукано) и не го гледаат дечкото на кровот со пушка, ама затоа веднаш потоа, за неколку секунди успеваат да го елиминираат? Ја чудим.

Жените на тајната служба

Комплетната неспособност на дамите од Тајната служба во полн сјај. Една од агентките не може го врати пиштолот во футрола па ѝ останува в рака, друга врти со главата наваму-натаму ко да гледа тенис а трета битно дека стави наочари за да изгледа кул. Апсолутно патетично. Овие нива со патлиџани не би можеле да обезбедат, Трамп само уште на среќата може да се потпре. 

Светот (и пошироко) му прослави роденден на Ринго Стар

Тапанарот на Битлси, неговата сопруга Барбара Старки како и нивни другари и пријатели, се придружија на 34 земји од светот кои со порака „Peace and Love“ го прославија роденденот на Ринго Стар на седми јули. Славеникот беше во Лос Анџелес, беше кул и лабав како и секогаш (плус во тренерка) а НАСА пушти порака во вселената, да се знае.

Пародија на пародијата

"Hot Shots!" е американска комедија/акција од 1991 година со Чарли Шин во главната улога и режисерски потпис на Џим Абрахамс, главно пародија на Топ Ган и тролање други филмови. Во филмот, Лојд Бриџис го игра сенилниот претседател Бенсон. 30-тина година подоцна, Америка ја живее пародијата на таа пародија.

Такер го предвиде атентатот врз Трамп

„Ако почнете со критицизам, па протестирате, па покренете импичмент, па подигнете обвиненија и ништо од тоа не успее, што е следно? Сфатете, итаме кон атентат!“ прогнозираше пред некое време Такер Карлсон. Иста атмосфера на непомирливост претходеше и на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо а ќе се сетите и како среде една шарена хистерија, еден дедо пукаше на „министерот за смрт“. 

Што ако се запознавме на кафе?

Американски војник со окрвавени раце во Ирак отвора чакри за таа одвратна улога која им ја дала државата. Се присетува на еден случај, кога убил човек па влегол во куќа каде убил друг човек во неговата сопствена спална соба. Што ќе беше ако се запознаеа поинаку, ако животот им дадеше прилика да се сретнат во поинакви околности? Ќе станеа ли можеби пријатели? Тој тоа нема да го дознае, оној другиот уште помалку.

Чарли Мангер проба да ве спаси од сите финансиски гуруа

Да, да, до гуша во „пасивен приход“. За тие што не знаат, Мангер беше заменик претседател на Беркшир Хатавеј и најблизок соработник на Ворен Бафет по зборовите на Ворен Бафет. Човекот може да проба да ви помогне, другото е ваше.

Аман бе, Бајден, аман

За својот дебакл во првиот дуел со Трамп, Бајден објаснуваше дека сè е во ред со него, само имал „лоша вечер“. И таман да му поверува некој, еве го на самитот на НАТО каде успеа да смогне сила да состави пристојна реченица најавувајќи го украинскиот претседател, сè до самиот крај кога Зеленски го најави како „претседателот Путин“. Добро, не е само тоа. И Камала Харис сега ја вика „потпретседателот Трамп“.

„Магијата“ зад успехот на Амазон е чисто зло

Како компанија пресреќен си што Амазон те побарал баш тебе и што е заинтересиран да те купи тебе или твојот производ. По ова следуваат преговори на кои како што е ред компанијата се целосно се отвора пред Амазон до последни детали што за производство, што за технологии, пазари, ќар / зијан итд. Следниот чекор е Амазон никогаш повеќе да не те побара, а за една година да го видиш својот производ под Амазон логото.

Криптолокери

„Ден пред утре“ е прв албум на новиот хрватски бенд Криптолокери кој се доживува како „ретро панк рок метал“. 16 песни, секоја со свој видео запис. Цаката е во тоа што - бендот не постои. Целата музика е генерирана од вештачка интелигенција а претставник на човечкиот род во проектот е само извесен Томислав Михалиќ. Не сме одушевени, ама еве, чујте.

Жена во Кина нашла чекан и сега цело село во паника

Жената пред некои 20 години во нива го нашла чеканот и од тогаш го користи регуларно, за ковање шајки, кршење ореви, а се покажал и посебно добар и за толчење бибер. Неодамна за ова разбира локалната полиција, и полиција ко полиција ја остави жената без чекан.

Кога филмовите се снимаа, а не се генерираа

Во јануари 1999 почнува снимањето на филмот Гладијатор. Ова е од почетната сцена на филмот во која римските легии се судираат со германските племиња. Снимена е во Англија во местото Боурн вуд и тоа откако Ридли Скот дознава дека тамошното шумско стопанство решило да го отстрани тој дел од шумата, па тој вади дозвола наместо тоа да ја запали шумата за потребите на филмот.

Панајоту да ви каже колку ќе го плаќаат како пратеник во ЕУ

Фидијас Панајоту е кипарскиот јутјубер што беше избран за пратеник во Европскиот парламент. Пред некое време разбрал што ќе значи тоа за него во пари. Ќе значи брдо пари. Основната плата му е 8.000 евра.

Време на бегалци

Сенаторот Марко Рубио зборува за аномалија со која се соочува Флорида. Таму има луѓе кои дошле пред 40, 50 години, цел живот работеле и денес од државата добиваат 800, 900 или илјада долари. Таквите на улица се среќаваат со млади работоспособни „бегалци“ за кои државата одвојува по 1.500 долари месечно. Вториве знаат и по 15 пати годишно да се вратат во Куба од која демек избегале.

Климатска фарса

Америка: Мора веднаш да ги запреме климатските промени! Кина: Добро, ние ќе правиме евтини електрични автомобили. Америка: Не ми беше тоа муабетот, за климата ми беше. Кина: Да де, колку повеќе се возат електрични коли, толку помалку ќе се користат фосилни горива. Америка: Сега ќе ти стегнам санкции!