Видео

Дом или канцеларија? Да!

Во пандемијата многумина осетија како работењето од дома може да биде благослов или клетва. Но, дизајнот на оваа куќа плус канцеларија на Том Кундиг е со цака: куќата и канцеларијата се споени, но втората е поставена на шини па можеш да се одвоиш (колку што ти е долго имањето). Треба да се предвиди и електрична ограда меѓу двата дела, иначе бадијала си отишол 15 метри понатаму.

Стихови стари 415 години

„Сонет 66“ е еден од 154-те сонети кои ги има напишано англискиот поет и драматург Вилијам Шекспир. Напишан е во 1609 година што значи дека овие стихови имаат зреено 415 години. И знаете што? Зрнце прашина нема на нив. Ги интерпретира белградскиот актер Воја Брајовиќ, а.к.а. Тихи од Отпишаните.

Приказната за еден поглед на море

Нантакет е остров во близина на источниот брег на САД, нешто поисточно од Мартас винјард, и е директно изложен на ударот на Атлантскиот океан, посебно брегот кој изминативе години не запира со ерозија. Куќава што ја гледате е купена за 2 милиони долари, пред некој ден беше продадена за нешто помалку од 200.000.

Црното злато на Украина

"Германски земјоделци би загинале на ваква земја“, вика човек на Баер на едно украинско земјиште кое го поседува компанијата, објаснувајќи го супериорниот квалитет на таа земја која е плодна најмалку 80 сантиметри во длабочина. Додуша, германски земјоделци и гинеа за такво земјиште, само што тогаш беа во униформи и беа 40-тите години од минатиот век. Сега гинат други.

Како „хак ту“ ѝ го преврте животот на Хали

Хали Велч е млада, ведра и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси, чиј одговор на прашањето „Кој потег нема утка кај мажи?“ го создаде највиралното меме последниве години (ако не го знаете, изгледа сурфате на абакус) а нејзиниот живот го сврте наглавачки. Денес таа го има заштитено „брендот“, се продаваат маици и капи со „хак ту“, има менаџер за социјални медиуми, ја дружат фаци.... А симпа, приземна девојка.

Џо, не можеше појасно да го кажеш

Иако е под силен вкрстен притисок да ја батали идејата за втора номинација, откако се видел со фамилијата (Хантер Бајден, ви текнува?) се уверил дека нема никаква причина за откажување па реши јавно да даде до знаење: „Останувам во трката! Сум го победил Трамп и пак ќе го победам Трамп во - 2020 година!“ Што не е јасно?

Запознајте го градоначалникот нa Брајтон, Англија

Брајтон важи за „геј престолнина“ на Англија во која се одржува најмасовната Парада на гордоста во земјата на која знаат да дојдат и до 500.000 луѓе, а секој десетти жител на градот од 300.000 жители е ЛГБТ лице. Но, луѓето не ги интересира само секс туку и политика. За прв човек на Брајтон е избран Мохамед Асадузаман, роден во Бангладеш. Тоа што повеќе ќе ви личи на ајатолах отколку на градоначалник, тоа до вас е.

Каде се излегува од овде?

„За пет до десет години нема да знаеме што е реално а што е создадено со вештачка интелигенција“, предупредува основачот на Твитер, Џек Дорси. „Ќе имате чувство дека сте во симулација,“ вели Дорси а советот му е оној истиот оној здраворазумски совет којшто човештвото досега масовно го има игнорирано и порано: „Не верувајте туку проверувајте“. Тоа е нешто што секој сам мора да го научи.
 

Како Трамп преговараше со Талибанците

За време на својот мандат Доналд Трамп седнува на маса со лидерите на Талибанците и им кажува дека сака да се повлече од Авганистан, и тоа да биде без едно паднато влакно на еден единствен Американец што таму, а сето ова има намера да го постигне со една слика . Случката ја раскажува конгресменот Весли Хант.

Колку за трошоци да се покријат

Алекс Родригез е еден од најдобрите играчи на бејзбол кој истера над 20 сезони во МЛБ лигата. За ова време тој наталожи богатство кое се проценува на околу 350 милиони долари. Овие 350 милиони не му тежат за да оддели 3 часа во еден ден и сериски да потпишува околу 1.000 паричиња најразлични сувенири кои потоа треба да се продадат во негово име.

Учителка на денот

За да ги мотивира своите ученици да одат во школо и да им долови дека сепак ќе има корист од тоа, учителка се подава по вештачка интелигенција и прави монтажи од нив во нивните идни професии. Алал вера.

Тестовите се досадни, додека не ги направиш забавни

Ако овој писмен тест е навистина (само) по англиски, кец не му гине. Ама ако се оценува луцидност, досетливост, смисла за хумор, тролање и шегачење, тогаш е чиста петка.  Еве нека биде и четворка, заради ругање на наставникот дека е свиња. Ама, главно петка.

Украина за почетници

Прсти шинавме пишувајќи за Украина и тамошната војна. Анализи, погледи, есеи, мислења, скенирање на воените аспекти, економски, аспекти, демографските проекции.... А сè суштинско за ситуацијата во која се наоѓа таа несреќна земја и народ можело да се каже и објасни со едно глупичко видео и банална аналогија.

Џо - остар како жилет - Бајден

Фасцинантно е како сите го бранеа од сомнежите дека е навлезен во неповратна когнитивна есен и тоа со неверојатно ист речник и формулации. Ова верзија на Бајден е најдобрата верзија на Бајден.... умот на Бајден е остар како жилет... за еден ден да излезе во дебата во живо и на сите одеднаш да им текне: Па нема ваљда за него да треба да гласаме? Шест мачни минути за гледање.

Игор Мандиќ против фудбалот

Колку и да е љубител на фудбалот, особено во периоди каков што е сегашниот, со европско првенствено во тек, човек не може да не ужива и да ја гушта ко ладна беванда оваа луцидна, умна, досетлива и презабавна тирада на бардот против баналноста на фудбалската игра од пред 22 години. И нема да е сам, уживаат и Јерговиќ и Станковиќ. Мандиќу, царе!

Алиментација на донација

Со нејзината партнерка посакале да имаат бебе, нашле материјал од донор па таа била оплодена и родила, ама, по некое време, партнерката ѝ раскинала и ѝ рекла дека нема никаква правна обврска кон детето. Така оваа мајка-кралица (или трол) доаѓа до генијално решение: зошто даноторот на сперма не би плаќал алиментација за детето? Слушате ли вие чиј материјал има завршено по марамиња? Еден ден може да ве судат за геноцид. 

Која селендра е ова Осло....

Махерска реклама за туристичка промоција на норвешкиот туризам во кој одлично е искористена една контра-логика. 31 годишен маж од Осло се жали на секој аспект на градот кој му пречи. Само што, секој тој аспект на кој овој кука, други луѓе од надвор ги тера веднаш да купат карта за Осло.  

Се сеќавате ли на аутистичниот репортер?

Мајкл Фалк е измислен лик (го глуми Џон Кариани) кој пред 12 години беше изваден од мајтапџиите и сатиричари The Onion. Во оваа епизода оди во затвор и интервјуира затвореник осуден за финансиски малверзации кој му го опишува животот зад решетки. Малку по малку, Фалк ја засакува репетитивноста и крутоста на дневниот ред. Многу добро промислен и изведен лик.

CNN најде куп лаги и полувистини кај Бајден

Дочекавме и тоа, главниот мегафон на корпоративна Америка, мрежата CNN да го фактчекира Џо Бајден (за она што го изрече за време на првото соочување со Доналд Трамп). CNN специјализираше „проверка на факти“ на минатите изјави на Трамп а ова е уште еден можен сигнал дека високите и длабоките партиски и државни структури го пуштаат Бајден низ вода.  

Зеленски: Немаме време, немаме луѓе

Пред неполни две недели, Путин предложи мировен план за Украина (онаков каков што му одговара), но Зеленски инстантно го одби. Овојпат некои сосема поинакви аргументи изнесува на виделина: „Многу луѓе умираат, немаме доволно луѓе за да ја продолжиме војната уште многу долго“. Ако не е некоја ВИ ујдурма, тогаш ова е битен пресврт во корист на можен мир. Ако дозволат Американците.

Џорџ Галовеј: Повеќе му верувам на Путин отколку на нашите

На Шкотот не му е првпат да баждари новинари или пак да биде директен и незгоден како кога потсети дека Асанж ќе беше славен како херој ако наместо американски, откри кинески криминали. Овојпат му се падна Пирс Морган кој се почуди од неговите ставови за светската ситуација и војните. Домаќинот мислеше дека во ракав има победничка реплика против Путин ама Галовеј го закова токму со Асанж. 

Сагата на Суецкиот канал

Изграден од Египјани со кредит од француски и британски банки, кој Египет мора да го врати за западните бродови да можат побрзо да пристигнуваат во Европа. Освен пари, Египет за каналот дава и 10.000 жртви.

Адидaс, махерски

Добрите рекламџиите се мајстори за производство на посакуваните емоции и управување со нив. Како во овој случај со рекламата на Адидас за Англичаните и фудбалското првенство во Германија. Не само изборот на песната (Hey Jude од Битлси), туку и нејзиниот суптилно изведен аранжман, ускладеноста со кадрите и нивниот ритам, пресвртот на приказната... Многу, многу вешто.  

Загревање на публиката

Да се каже дека целата Земјина топка се загрева веројатно е точно, но, медиумски не е доволно силно и атрактивно. На медиумските муштерии и зависници треба да им се даде дополнителна доза страв, нешто понепосредно и поблиску до нив. Чаре? Да се каже дека пределот во којшто живеат се загрева побрзо од остатокот на планетата. Е, сега е пасент.