Видео

Загревање на публиката

Да се каже дека целата Земјина топка се загрева веројатно е точно, но, медиумски не е доволно силно и атрактивно. На медиумските муштерии и зависници треба да им се даде дополнителна доза страв, нешто понепосредно и поблиску до нив. Чаре? Да се каже дека пределот во којшто живеат се загрева побрзо од остатокот на планетата. Е, сега е пасент.

Другари, како бе вака?

Ова видео има три делови а може да носи до два заклучока. Првиот дел е што пробуваат од една зграда, со кола преку рампа да прелетаат до друга. Вториот дел е како потфатот маестрално им пропадна. Третиот дел е неверојатен хепиенд. Заклучоците? Заклучок број 1: Значи многу глуп народ! Заклучок број 2: Значи ова Русиве се неуништиви!

Украина почна на Косово

„Затоа што знам премногу за САД“, му вика Џефри Сакс на Пирс Морган кој го прашува зошто наоѓа разбирање за светогледот на Путин па го потсетува на западниот алфа-грев околу „непроменливоста на границите“: првата војна на европско тло после Втората светска војна беше 78 дневното американско бомбардирање на Југославија, за да се сменат границите на една европска држава. А тоа беше само почеток.

Ова е вистински стан во Хонгконг

Вкупната површина му е некој сантим повеќе од 7 метри квадратни и на таа квадратура фасцинатно има и телевизор и фрижидер и туш со вц шолја. И сето тоа за само 380 долари месечно. Веројатно најстрашното нешто околу него е што е на 7 кат, а нема лифт во зградата.

Како ЦИА убива луѓе?

„ЦИА секогаш себе си си го поставува прашњето 'дали се исплати да убиеш странец за да спасиш Американец?,' и одговорот секогаш е - да.“

Забавен мелос на Хутите

Како што се опеани битките во Смилево (Крушево абер пристигна), Сутјеска (Командант Сава), или испраќањето три војски да го опколат јунак Леонида во Ѓавато (Трба трби гевгелиско), така Јеменците односно Хутите направиле песна и спот за тролање на нивните душмани (Израел, Америка, Англија) за она што им се случува по морињата. Риши Сунак е скроз погоден.

На точак ко господин човек

Одма да го кажеме п.с.-то на оваа статија: ако некој знае каде има да се купи пепељара за точак (за на гидан, со поклопец, фино лепо) одма да ни дојави бидејќи ние имаме барано и овде и по странства - наидувавме само на погледи, од чудења до гадења. Зошто бараме тоа? Затоа што сме спортски дух од ваков вид како овие шампиони на видеото, а не ни се фрлаат пикавци по град. Фала.

Руските министри измарширани од салата за состаноци

Поставата на министри што Путин ја донесе со себе во Северна Кореја, меѓу кои и Лавров и Белуосов, почнаа да се распостилаат во една од салите во која требаше да имаат средба со севернокорејското раководство, пред еден тамошен службеник да побара од нив сите да излезат во ходник и да чекаат, како што е редот таму, прво да влезе Ким Џонг Ун.

Наскоро во пиљарите близу вас

Сезоната на добра лубеница се чека со душа, исто како патлиџаните или есенскиот ајвар. Знае некогаш да се погоди ваква или онаква година, ама ваква досега немаме видено. Но, штом дошла во Америка, кај и да е, ќе дојде и кај нас. Лубеница? Не, гуменица.

Како ние на ова не се сетивме?

Откако е смислен точакoт, за 200 години сите неговите делови доживеаа промени на многу подобро, освен седиштето кое се промени на многу полошо. Од удобнo и мекo седиштe со амортизери, полека се претвораше во сè потесно и потесно паркетче кое носи драма во поширокиот предел на опашот. Еве генијално решение за тој проблем, само што, какви баксузи сме ние, ќе бидеме први ќе си ги фатат јајцата во тоа процепот. 

Така мумлаше Џо Бајден

Оваа компилација од вонвременски цитати од Џо Заратустра Бајден ја има склопено Доналд Трамп и неговата екипа. Неколку јасни примери за тоа каков когнитивен Олимпиец се кандидира за реизбор за претседател на најголемата светска велесила а за пораките да бидат појасни, имаат и титлови, за најголемите фанови и оние другите да можат да ги вежбаат. Иако, тешко тоа оди без специјални логопетски вежби.

Џони Кеш и сè е подобро

За преработките на Џони Кеш еднаш напишавме дека нема песна што тој ја има обработено а да не е подобра од оригиналот (за разлика од оние на другиот Џони, Штулиќ, кај кого секоја обработка е пошкарт). Бидејќи животот е краток макар траел и 71 година како кај Кеш, човек не може да успее сите песни да ги облагороди. Затоа е тука вештачката интелигенција без која немаше да чуеме ваква „Barbie Girl“. 

Кинески надвозник

Ништо посебно, надвозник во градот Чунцин со 15 излези и 20 ленти кои одат во 8 различни правци, а највисокиот од нив е на 37 метри, што би му дошло колку зграда од 12 ката.

Почина Французинката која Мик Џегер ја сметаше за „идеална жена“

На 80 години од рак почина Франсоаз Aрди, кантавторка која со својот меланхоличен глас и сензуална убавина едно време беше светска сензација. Подеднакво инспирираше модни дизајнери и музичари. За Џегер тоа беше идеална жена, Дилан ѝ има пишувано љубовни песни, Боуви призна дека долго време бил затрескан неа „на далечина“ а прерано починатиот Ник Дрејк заради неа се има преселено во Париз.

Јангванг за сите пари

Дечкото го презентира автомобилот Јангванг, луксузниот бренд на кинескиот гигант за електрични автомобили BYD. И му станува јасно зошто кинеските коли ги нема на американскиот пазар (односно државата ги натоварува со брутални давачки). Затоа што ако ги има, целосно би доминирале на пазарот.

WTF во канадскиот парламент

Лидерот на канадската опозиција наведуваше фрапантни пари (250 милиони долари) кои од државата добила некоја опскурна фирма која работи во подрум и има само 4 вработени. Му се чинеше логично една ваква приказна да ја заврши со кратенка од прашањето „What the Fuck?“. Спикерот реагираше дека тоа не е парламентарен речник па побара Полиевр да се поправи. Полиевр се поправи махерски.

Во Битола би го викале Транспарентнио

Нашиот омилен анти-херој од американската политичка сцена, злотворот Линдзи Грем, уште еднаш го излаја она што и други го знаат ама не ни помислуваат да го кажат. Дека страдањето на украинскиот народ не е за слобода и демократија, туку за критичните минерали кои Украина ги поседува а вредат трилијарди долари. Запад ги сака и не сака да завршат кај Путин кој би ги делел со Кина. Што е нејасно?

Пет типови на ЛШОПК (луѓе што одат по концерти)

На едните им е секогаш најјако, иако знаат може по два збора од песна, другите ги знаат сите песни од збор до збор и не мрдаат, третите се оние кои цел концерт го снимаат на мобилен и немаат појма како било, четвртите се музичари кои имаат дојдено за да ловат грешки и петтите се таму само за женски. Ние сме од оние кои држат пиво во рака, сè друго е опционално.

Пазете кој тоа влезе во Европскиот парламент

Гжегож Браун. Тој е оној член на полскиот парламент кој со противпожарен апарат ги изгаси свеќите на еврејската менора, симбол на празникот Ханука, во нивниот парламент (види „Секакви ги има“). Излезe на избори за европскиот парламент на кои гласаа Европејци со педигре и - освои седиште. По објавувањето на среќната вест за него и неговите поддржувачи, ставаше автограми на противпожарни апарати.  

Орбан ја сумира пораката во телеграма

„Со поддршката која ја добивме на изборите за Европскиот парламент, ќе ги удвостручиме напорите да ја држиме Унгарија подалеку од војна“, најавува Виктор Орбан. Вели дека пораката од гласањето може да ја собере во една телеграма која гласи: „Стоп за миграцијата. Стоп за војната. Стоп за родовите. Стоп за Сорос. Стоп за Брисел.“ Стоп.

Доста веќе со градови-тврдини

Иако неспорно моќно звучи етикетата град-тврдина, исто како што е непосрен хеоризмот на украинските војници кои го бранат и загинале бранејќи, според украинските војници таквата стратегија е залудна и ништо не донела до сега.

Кина, превара ти ќе бидеш

Кина го има еден од најубавите водопади во Азија со висина од некои си 300 метри. И технички ништо од ова не е лага, ем вода паѓа, ем висината е над 300 метра, освен делот во кој водата до таму е донесена со цевка.

Да знаете како завршува прочуената снимка од Тиенанмен

Кинезот кој храбро стои пред редица тенкови е иконичен симбол на случувањата на плоштадот Тиенанмен во 1989 година. Моќната фотографија беше користена како најава за скорешен „демократски“ преврат во Кина. Има доста работи да се кажат за тоа, што се премолчувани од западниот наратив, но ајде сега само три. Демонстрантите не бараа повеќе демократија туку повеќе комунизам (исто како југословенските 68-аши), тенковите не доаѓаат туку сакаат да заминат од плоштадот а сцената завршува вака.   

Американски педијатри: Доста е!

Американскиот колеџ на педијатри се одважи и јасно порача веднаш да се прекине со социјална афирмација, блокатори на пубертетот, крос-полови хормони и операции за деца и адолесеценти кои се збунети или вознемирени поради нивниот биолошки пол. „Сериозно сме загрижени за физичките и ментални ефекти на постоечките протоколи“, велат тие и поименично ги набројуваат медицинските организации кои ја фураат оваа пракса.