Видео

Нема потреба од НАТО, бато

„На Вашингтон не му треба воената помош на членките на НАТО, му треба дипломатското покритие кое НАТО земјите го обезбедуваат за војните на Вашингтон“ - доктор Пол Крег Робертс, економист, предавач на Стенфорд, своевремено советник на американскиот конгрес и висок функционер во администрацијата на Роналд Реган, одликуван со орденот Легија на честа од страна на францускиот претседател Франсоа Митеран.  

Ледена земја

Во слава на нивниот прочуен кинематограф Александар Медветкин кој уште во 1934 има ставено филмско студио во воз за да го документира животот во Русија, еден амбициозен омнибус проект со 21 режисер од целиот свет прави обид да се скенираат некои раширени стереотипи, од оној за нарачка на жени до фетишот кон фамозните Лади. Ви одбравме три (многу добри) парчиња од тој документарен мозаик за Русија.

Атеистичката катехиза на Стево Жигон

Ако овој живот е само мачење а вистинскиот почнува со нашата смрт, зошто онолку попови голтаат апчиња и кмишат по доктори за да си ја продолжат маката?

Ријека останува партизанска

Хрватскиот град кој отсекогаш бил рокерски е европска престолнина на културата во 2020 година. Тоа го прославија со една импозантна, пост-индустриска, хард-кор изведба на Бела Чао. Домашните фејкери  - „оние кои со Бела Чао на своите медени усни го крчеа својот пат кон државното ухлебување“ - откако дојдоа на позиција да решаваат нешто, го донесоа Дино Мерлин.

Јапонската уметност на „бањање со шума“

Пред некој да тргне со легени на Водно, да знаете дека убаво си пишува, не „во шума“ туку „со шума“. Шинрин-јоку е древен јапонски ритуал за ре-конектирање со природата заради низа ментални, духовни и телесни аири кои може да ги  донесе оваа декомпресија од урбаната џунгла.

Како за 20 години се трансформираше Краснојарск

Сериозно документирана и ефектно прикажана трансформацијата на третиот по големина градот во Сибир во последните две децении. Скопје да гледа и да си поплаче: кај што можело парк - парк, кај што требало улица - улица. Ништо нач'чкано како Дебар маало, ништо закрчено како Кисела вода.  

Најнормалното интервју кое деновиве ќе го видите

Ако успеете да го тргнете погледот од расното деколте на Мекензи (или лажно да ја оплакувате како, ете, огромните импланти ѝ ја тегнат кожата), ќе уживате во искрениот и полн со занимливи детали муабет на овие двајца порно ветерани.

Има ли Рондо во авионот?

Да видите само што содржел „комплетот за преживување“ кој на располагање го имале пилотите на ЈНА. Оној што го составувал пакетот се водел со идејата „ако ти паднал авионот, не мора да ти падне и шеќерот.“

Која е мелодијата на болката?

Тоа прашање можеби би можело да се одгатнува со некаква софистицирана опрема, истражувачка луцидност, многу пари, време.... А може и полесно: на другар ќе му ставиш усна хармоника во уста и после ќе го ѕвизнеш со тавче по цеваница. Она што ќе излезе - тоа е.

Колку далеку е предалеку?

Поучно видео со неколку корисни финти за тоа на која далечина треба да го подесите своето возачко седиште, на која висина да е воланот и потпирачот за глава,

Stairways to Headache

Дали е можно да се искачуваш по скали а истовремено да си ги одмораш нозете? Можно е, ама нејќете да пробате.

Нека е глупо, само да е „woke“

Британскиот новинар и заебант Ендрју Дол му објаснува нa Џо Роган како прописно ги има истролано Индипендент. Дали ќе објават куп глупости само затоа што тој куп глупости им ја тинтра каузата?

Да речеме совети за во кујна

Кујнски фори што веројатно подобро функционираат на видео отколку во кујна, ама затоа што се вака фино спакувани и претставени нема зошто да се сомневаш во нив освен ако не ги пробаш.

Убава си, Амбер, ама многу маваш

Да не ја имаше оваа снимка, Џони Деп сега ќе глумеше по улици. Сериозно, ова е едно од најдобрите и најослободувачки видеа на интернет. Џони Деп има проблеми во врската. Џони Деп. Па за нас другиве што останува.

Трамп - Пелоси, љубов во два чина

По годишното обраќање на нацијата, Доналд Трамп ја изигнорира понудената рака на Ненси Пелоси и одби да се ракува со неа. Кога тој со дигната муцка ликуваше над својата мала победа, оваа позади му го искина говорот.

Индиска труба од Мумбаи се слуша

Индијци имале обичај да свират со колите дури и кога е црвено на семафорот, небаре така ќе го забрзаат зеленото. Контра таа неподнослива бучава, полицијата се досетува на генијално решение: ставаат мерач на децибели. Ако се надмине одреден лимит на децибели, црвеното им се рестартира и почнува да брои од нула. Небитно дали е вистина, генијално е.

Како се хакнуваат мапите на Гугл

Некој од друштвото со себе тегне количка со куп смартфони (кои постојано комуницираат со апликацијата), Гугл тоа го толкува како гужва, ја бои улицата во црвено, другите возачи го гледаат предупредувањето па одбираат алтернативни рути. За тоа време, на раат играте сервис. Победа!

Супербол реклами, жетва 2020

Викендов традиционално се одржа годинешната презентација за тоа што може да се направи од реклама кога на располагање имаш грдни пари, а исто така се играше и некој спортски натпревар.

Супербол рекламите на Трамп за 11 милиони долари

Првичниот план било да се одат со едноминутен блок но подоцна штабот решава пораките да се поделат во две парчиња од по 30 секунди, За реклама од 30 секунди на Супербол (и публика од преку 100 милиони луѓе) се плаќа 5,6 милиони долари. Се има, се може. 

Кинезите СТВАРНО изградија болница за 10 дена

Планот за болницата специјализирана за третман на оболени од коронавирусот (1.000 легла и 1.400 лица медицински персонал) бил направен за пет часа а драфтот на дизајнот за 24 часа. Потоа Кинезите се фатија за работа. Илјадници работници, 800 парчиња тешка механизација, 24 часа на ден. Отворањето на болницата е закажано за 5-ти февруари.

Деми Ловато и сонот за химната

Точно пред една деценија Деми Ловато си ја кажа желбата, решеноста и заветот - дека еден ден има да ја испее националната химна на Супербол па мајка јана. После 10 години реализира перфектно: го отвори Супербол 2020 пеејќи чисто, моќно и самоуверено, патем знаејќи го целиот текст. 

Шакира и Џенифер Лопез беа тачдаун

После полувремињата на бледиот Тимберлејк и очајните Марун Фајв, откако на Супербол 2020 ќе ги одгледа Шакира и особено Џенифер Лопез, двете енергетски бомби кои кријат латино „чардаш во тие убави нозе“, човек може само да каже -  женско си е женско.

Кучешки муабети

Колку и време да помине, ова видевце не старее. Таква персоналност му е дадена на песот што и големи студија можат да позавидат.

Тарковски до младите: Научете се да бидете сами со себе

Постои суштинска разлика меѓу осаменост и еден здрав офф. Да се биде сам со себе а тоа да не ти е досадно (бидејќи само празните и досадни луѓе се досадуваат кога се сами). Како дидактичка подготовка за оваа вежба, да се обидеме да ја прочитаме целата порака на Андреј Тарковски без да помислиме дали имаме нови лајкови или нотификации.