Видео

Безбедност на авионски лет, без лаги и превари

Сполај им на стујардесите што униформно кореографирано (и без трошка емоција), мафтаат со раце и елеци пред секој лет, ама ова што го кажува човеков вреди колку цела кариера нивно мафтање.

Целосно ненаучен тест за корисност на маски

Секогаш кога можеш користи оган за да докажеш некоја поента. Не можеш да згрешиш, ем сите ќе памтат што си сакал да кажеш, а сака да каже - носете маски!

Како се хакнува медиумскиот (CNN-FOX) дуопол

Заебанција е ама, многу реално е сето ова. Бидејќи денес медиумите не се во потрага по некаква вистина туку во потрага по снимки и моменти кои ќе ја поткрепат нивната пропагандна замисла. Која денес, ублажено, се вика наратив.

Аман белци, не нé бранете

Ќе тапанат корпоративните медиуми уште некое време за БЛМ ама сè повеќе има индиции дека таа кауза сериозно е киднапирана од урбани шмизли кои имаат желба да имаат некоја револуционерна фуснота во своите снегулести биографии. Во видеото, црнец им објаснува на белите дечки од БЛМ каква беља прават со нивните срања и молотови коктели, пошто, иако се само 2% црнци на протестот, баш тие ќе го јадат калапот.  

Сан Францисковштина

Се враќате дома со кола и имате проблем да влезете во паркингот на вашата зграда? Чекајте да видите како тоа знае да изгледа во Сан Франциско, градот во кој просечна месечна кирија за стан од 70 квадрати е 3.629 долари.

Звукот на Аја Софија

Двајца експерти од Стенфорд реконструирале како звучел христијански хор во импозантната Црква на Пресветата Мудрост во Истанбул пред повеќе од 500 години.

Роди ме мајко Микеланџело и фрли ме во Русија

Кога сакаш да станеш скулптор ама во твоето место има само школа за киропрактика.

Ветар му го руши ѕидот на Трамп

Пред неколку дена Доналд Трамп рече дека неговиот ѕид - на кој досега се потрошени 11 милијарди а ќе се потрошат 26 - е најмоќната и најмасивната гранична одбрана на светот. А потоа дојде ураганот Хана.

Не може Бајага и Продиџи?

Кој ти вика? Апостол на музичките мешапи досега беше (и останува!) Апостолски ама еве, и други си играат на сличен начин. „Верујем, не верујем“ од Бајага и „Вуду пипл“ од Продиџи, споени пасент по нивните ритмички шевови.  

Бело му било пишано на црниот Турунџе

Ја памтите понаа прелуда реплика од Балкански Шпион кога на жртвата на своето лудило, Илија Чворовиќ му вика: „Сега брат ми Ѓуро ќе ти прости што те тепаше!“? Ова е уште полудо. Црнец извикува „Сите животи се важни!“ по што баграта од Антифа одредува тој да попие воспитен бокс од белец,

Предупредување од Југославија до американските патриоти

„Не ги повторувајте грешките кои ние ги направивме“, порачува оваа девојка повлекувајќи паралела Југославија 1990- САД 2020. Не би го потпишале ние секој нејзин збор, на пример совет број 2 ѝ е „Купате си оружје“ (хмм, нели Југославија така се заеба?) ама чудесно е како дојде време ние да им се секираме на Американците.

Кога никој те нејќе

Од партија во партија, од медиум во медиум, од еден скут во друг скут... Само кај нас ваквите се со (пре)долг рок на траење.

Дома е кај што немаш услови да бидеш рапер

Како што никој не е пророк во своето село, така никој не е мадафака рапер во својот дом. Особено кога има ваков СС-овски управник на логорот што ти паѓа мајка.

Море, како се разжести

Дечкото покажува како лесно фунционираат глупите бубњеви на глупото клавијатурче. И кога му тргна... рокенрол!

Ахиловата петица на бостанот

Уште не сме го тестирале методот за пукање лубеница со чачкалица ама толку пати сме прелажани од вакви финти кои само на видео изгледаат најјако на свет, што не би да се кладиме дека функционира.

Металика, Берлин, цел концерт

Концертот е од 6-ти јуни 2006 (6.6.06) а вчера Металика за прв пат го пушти цел на Јутјуб, најавувајќи како „екстремно металски“ концерт на кој ќе биде изведен комплетниот „Master of puppets“ (по повод 20-годишнината од албумот). Ако мислиш дека лажат, они два и пол часа ќе се потрудат да те разубедат.

Шминките се важни

Ништо не решава расни проблеми и контроверзи со полицијата во твојата земја така ефикасно како кога ќе ограбиш дуќaн со бижутерија и шминки.

Крис Корнел - Трпение

Крис Корнел денес ќе славеше 56 години ако човекот со „глас распослан во четири октави во кој чудесно се мешаа и свила и шмиргла“ пред 4 години не решеше да одигра поинаку, на огромна вџашеност и жал на неговото семејство, пријателите и огромниот број фанови. За неговиот роденден, фамилијата реши да ја сподели неговата досега необјавена верзија на Patience од Guns n Roses.

Приказни од тоалетот

Грем Нортон во своето шоу никогаш не кубури со големи и звучни имиња кои знаат да извадат јаки приказни и неочекувани таленти. Двете најдобри приказни кои сме ги чуле таму се приказни од веце. 

Ок, ќе биде апокалипса, не замарај

Експерти треба да се слушаат кога имаш проблем со водоводот или со коленото, не и кога треба да ја предвидуваат иднината. Пред 30 години експерти тврдеа дека денес Малдиви ќе бидат по вода. Денес Малдиви отвораат 4 нови аеродроми.

Упорноста се исплати

Да, само што онаа изрека за убавиот и упорниот, не се однесува на клецање туку на носење жмучки.

Денот на касиерката

Како минува еден нејзин ден и што сè добива како реакција откако че го каже стандардното, добар ден, како сте? Не смета што е малку поднаместено сето ова, после спотови од кампања, сè е добредојдено.

Кога СССР угаси 1000-дневен пожар со нуклеарна бомба

Пожарот почнува во 1963 во Узбекистан и трае 1074 денови. За овој период Советските инженери се обидуваат со се што им дошло на памет. На крај копаат тунел длабок повеќе од 2 километри, во него ставаат нуклеарка и ја активираат. Успешно.

Како престанав да сум прогресивен?

Дејв Рубин (Рубин репорт) порано беше дел од прогресивците Јанг Туркс. Човек да се прашува кој денес не сака да е прогресивен, треба да е паднат од Марс па да не знае што сè во меѓувреме стана „прогресивно“ и какви сè колективистички лудила се сокрија зад тој плашт. Рубин накратко вика, не скршнав јас десно туку тоа левото отиде бестрага.