Видео

На почетокот беше светлина

Позната е онаа ваа библиска рефренца за „словото“ како светлина. Душа дало за зафрканции. На пример, ако немало ништо па по наредба на врховниот одеднаш се појавила светлина, тоа ваљда значи дека и натаму немало ништо, ама сега тоа ништо било, хмм, осветлено. Шала на страна, што ако воопшто не се зборува за почетокот на светот туку за почетокот на човекот?  

Лондон, преброј се!

Повикувајќи се на проценки на полицијата, Гардијан јави дека на протестите организирани од Томи Робинсон (начелно за одбрана на слободата на говорот а во суштина против миграцијата), имало 110.000 присутни. Хеликоптерска снимка покажуваа побајаги луѓе. Нa пример, Вембли собира 90К. Замислете Лондон да изгледа вака после секој голем фудбалски натпревар или концерт.  

Црвените линии на ЧетГПТ

Кажи му на ЧетГПТ да ти каже виц за Полјаци, ќе ти каже виц за Полјаци. Кажи му на ЧетГПТ да ти каже виц за Американци, ќе ти каже виц за Американци. Кажи му на ЧетГПТ да ти каже виц за Французи, ќе ти каже виц за Французи. Ако помислиш дека ботот е ферски шегаџија, кажи му да ти каже виц за Евреи. 

Сакаат да ме замолчат

Рик Беато е музички продуцент, студиски музичар и едукатор кој последниве 9 години разви еден од најрелевантните Јутјуб канали за музика, со инспиративни интервјуа, топ листи, туторијали за гитара... Во бекстејџ на тие убави работи се одвиваат постојани правни битки со музички корпорации кои се закануваат дека ќе му го скинат каналот заради банален упад на некој дел од песна кој сакаат да го наплатат. 

Фреди би станал и би аплаудирал

Спектакуларна изведба на Боемска рапсодија од Квин на едно плоштадче во Париз. 30 музичари, којзнае колку камери, навежбано до најмал детал, звук перфектен. Како што Фреди Меркјури знаеше да се појави во маица синдикалка (младиве ја викаат вајфбитерка, силеџијка), така овде главниот вокал е по тренерка. Одвојте 6 минути, нема да се каете.

Јер кад остариш...

Пред многу години (1977-ма), Горан Бреговиќ го мачеше дилема дали женската би го сакала и ако бил фурнаџија/пекар. Седум години подоцна, пред 41 година ( 1984-та), иако во зенит на кариерата, му беше јасно дека тоа нема вечно да трае, па напиша „Кога ќе остариш, никој не ти тропа на врата“. Не само што напиша туку и извлече поука од тоа па денес во Париз, не се знае на која врата да му тропнеш.

Грација од нашето маало

Силвија Грибауди е кореограф и перформер со многу талент за само-иронија и хумор. Таа е главна ѕвезда во проектот „Грација“ инспириран од скулптурата „Трите грации“ на Антонио Канова а изведбата на нејзината група претставува ода на телесната несовршеност и слобода и сака да ве олабави малку од стегите на наметнатите стандарди за убавина.

Криптото е американска шема да си го избришат долгот

Ова го тврди специјалниот советник на Путин, Антон Кобјаков. Како што во 30-тите и 70-тите САД планираа да ги решат своите финансиски проблеми на сметка на светот, сега пробуваат да ги сменат правилата за златото и криптото и да ги насочат сите кон „крипто клауд.“ Штом нивниот огромен долг (35 трилијарди долари) стигне таму, ќе го обезвреднат и ќе почнат чисти, од ново.  

Шведски блуз за идните викинзи

Пред некоја година, шведската државна телевизија извади амбициозна, високобуџетна серија во 10 епизоди наречена „Историјата на Шведска“ (Historien om Sverige) која го покрива периодот од Леденото доба (пред 14.500 години) до денес. Биле изведени екстензивни реконструкции на случувањата и еве, вакви да ти биле првите Шведи. 

Милијардери увлакачи

Парите немаат врска со кичмата и интегритетот, по којзнае кој пат покажа вечерата на водечките луѓе на американската технолошка индустрија во Белата куќа. Тим Кук од Епл има 64 години и 2,4 милијарди долари. За неполни две минути, на Трамп и Меланија успеа да им каже „Thank You“ осум или девет пати. А Закерберг е посебен вид супозиториј. 

е

Мајк и Њујорк каков што го сакаме

„Step to the Mike“ е бонбона серија со улична музика, водена од R&B музичарот Мајкл Минели. Мајкл ќе почне песна а после гостин од градот ја довршува. Не дека секој минувач е таму талентиран до небо. Наместено е сето тоа, ама баш добри парчиња музика вадат.

Знаете што е полошо од телешка кожа?

Веганска кожа. Бидејќи веганската кожа е направена од дериват на нафта, во суштина пластика. Млад кожар потсетува дека животните не се убиваат за кожата. Главно се убиваат за јадење а кожата останува откако месото ќе се искористи. Ако кожата не се искористи, завршува или на депонија или во печка за горење. Така што, џабе драмење и џафкање.

Скапата ќелаица на Мерц

Иако речиси ќелав, германскиот канцелар Фридрих Мерц за само три месеци на фризура има потрошено 12,5 илјади евра (може со скапа еленска кожа го бришат). Во таа сума влегуваат и други естетски разубавувања иако, гледај-гледај, ние не видовме такви. Најмногу потрошила министерката за економија, Катерине Рајх - 19.200 ера. За да биде убава кога на работниците ќе им кажува дека треба да го стегнат каишот.

7.000 грла за Ози

Преку седум илјади пејачи беа дел од огромниот хор кој во чест на неодамна починатиот Ози Озборн од Блек Сабат се собра во Торонто. Ја пееја „Параноид“ од вториот албум на бендот, песна која во 1970-та година се искачи на четврто место на британските листи и за првпат ги стави Блек Сабат на радарот на пошироката музичка јавност. 

Кај ќе им оди (руската) душа

Саратов е убав град на Волга кој има со што да се прчи. Имаат опера и балет од 1803 година, таму студирал Гагарин, видливи архитектонските влијанија од некогаш бројната германска заедница во градот, преку реката се пружа мост долг 2,8 километри.... Проблем е кога ќе се зумира. Брза помош ти доаѓа и те носи само до влез на Ургентно. Потоа си оставен сам на себе. Макар бил тежок инвалид.

Средба на две различни аудио цивилизации

Постариот му објаснува на помладиот дека порано требало да слушаш радио и да чекаш да се најави песната која ја сакаш па да ја снимиш, односно да ги притиснеш фамозните „рец и плеј.“ На малиот не му е јасно дали така се даунлодирала песната и дали е снимен и видео спотот. 

Дали Босна е следната Украина?

Економскиот и геополитички аналитичар од Ријека, Алекс Краинер (кој има сè повеќе почитувачи и кај нас) објаснува како како западните сили ги оживуваат етничките тензии на Балканот за да создадат нов фронт против Русија. Од оркестрирани провокации до тивко демонтирање на Дејтонскиот договор, при што за оправдување на војната повторно се користат морални слогани („одбрана на дмеократијата“), за да се потисне дипломатијата и повторно да се разгори хаос низ Европа.

Милијардерката „Ана Франк“

Шерил Сандберг е поранешна главна оперативна директорка на Мета платформите, прилично заслужна за растот на Фејсбук во империја. Милијардерка е. За филмот „7-ми октомври“ кој треба да биде објавен догодина, пренесува како го доживеала нападот на Хамас. Се уфилмала дека се враќа времето на прогонот на Евреите па прашала блиска другарка дали ќе ја крие. 

Запознајте го нашиот нов матичен лекар

Доктор Велибор Цаниќ отворено порачува дека возрасен организам може дневно да преработи само 180 милилитри алкохол. Но, доктор Цаниќ е доволно хуман па оваа доза је претвора во нам познати форми. Ракија од 40 проценти е всушност 60 проценти вода, ви текнува? За пивопии: десет шишиња на ден, како ви звучи?

Мрачната страна на Франкфурт

Франкфурт, финансиската престолнина на Германија, често асоцира на сјајот на небодерите и пулсот на бизнис-елитата. Но, зад светкавите фасади, постои друга реалност – мрачна и сурова, која ја избегнуваат не само жителите и туристите туку и полицијата. Јутјуберот Курт Каз ве води низ срцето на Таунусштрасе, озлогласениот кварт во Франкфурт во кој „живот живеат“ наркомани, дилери и бездомници.

Туристички "Hunger Games"

Никогаш нема да ги разбереме овие луѓе. Ќе дадат вагон пари и ќе се злопатат со транспортни и предизвици, за во летниот шпиц да го прават ова: рано наутро, подготвени на низок старт, во очекување на официјалниот старт на денот: трка за фаќање лежалка покрај базенот. Дента ќе се сликнат како уживаат. А со трчањево никако да се пофалат.

Не ставајте бензин после првиот „клик“

Многу луѓе (и ние меѓу нив), продолжуваат да ставаат гориво и откако сензорот на пиштолот ќе регистрира дека е доста, ќе кликне и ќе запре со дотур. Го правиме тоа колку да заокружиме некоја цифра, поретко литрите, почесто цената. А стварно небитна е округла цена, кога се плаќа со картичка. „Кога продолжувате да ставете после првиот клик, фрлате пари во ветар,“ открива експерт.

Бог е математичар

Д-р Вили Сун признава дека како млад, долго време бил сомничав и го предизвикувал Бог со нешто да му докаже дека постои. Потоа се нурнал во темата со која се занимава (Сун е астрофизичар од Харвард) и математичката елеганција на природните закони и... Како кога ќе најдеш часовник и ќе ги сфатиш неговите сложени механизми, јасно ти е дека мора да постои некој часовничар. 

Бенини од Газа

Ахмед Абу Амша е учител по музичко во Газа. Позалуден позив не можете да смислите за таму. Но, не е така. Ахмед верува во онаа партизанската „песма нас је одржала“ па како Роберто Бенини во филмот „Животот е убав,“ со музиката и илузијата што таа ја креира, на децата им ја прави реалноста поднослива. Кога доминантен звук е звукот на дроновите, Амша и малите се штимаат по тој тон.