Разно

Сигурно не си ја скрати казната

На дечкото му беше укината можноста за помилување и условна, по што одлучи дополнително, ама барем филмски, да се дозакопа во казнено-поправниот систем на САД.

Зошто Багдад на солзите не им верува

Со етикета „BREAKING!“, ова видео од тоа како руски бомби и проектили бескрупулозно паѓаат по рандом цели низ цивилен Киев, се ширеше со брзина на омикрон по глобалните мрежи, проследено со содветно грозење од ужасната Москва. Сè додека некој не напиша: „Дечки, ова не е Русија - Киев 2023 година, ова е кога Американците го гранатираа Багдад во 2003 година“. Е, добро онда, ништо.

Пациентите се важни, ама новогодишна е новогодишна

Вработени во грчка болница беа доволно баксуз некој да ги сними како играат на жива музика сред болничкиот ходник. За да биде уште полошо во еден момент покрај нив туркаат пациент на лежалка. Во своја одбрана од болницата објаснуваат дека секоја година имаат таква прослава, па никогаш не било проблем.

Челенџ: спој 16 неработни дена во 2024

Дисклејмер, ќе треба да жртвувате некој ден од одмор, ама па комплет се исплати за да ја врзете серијата. Плус, ако биде прописна пролет, многу подобро ќе ви дојде отколку да ги чувате тие денови за тоа пеколот во јули / август. Ако е на српски истите параметри важат и кај нас.

Прашај, што те кошта?

Кога паметни луѓе ќе заглаваат, тие знаат да побараат помош од вистинските луѓе. Стив Џобс на свои 12 години нашол број и му се јавил на основачот на Хјулит и Пакард, за да му побара гага некои резервни делови што му требале. Бил Хјулит се изнасмеал, ама, не само што му пратил делови туку и му понудил работа. Битна разлика: кај нас прво би го прашале: А кој ти е татко?

Само право, мајсторе!

Онаа мапа на светот на која сме навикнати дава сосема поинаква перцепција од реалната (така е кога глобус треба да се претстави во 2Д). Еве еден добар пример: Може ли по вода да се патува од Индија до Северна Америка по права линија, нит да се скршне, нит да се вози во лак? Според мапата, никако, според глобусот, секако. Да, прво треба да верувате дека Земјата не е рамна.

Токио е неподнослив град

Пази не само што низ цел град немаат една канта за ѓубре, туку немаат ни ѓубре расфрлано по улици. До каде само мислат они вака да тераат?

Кевин Спејси се врати како Френк Андервуд

Карлсон го интервјуира Кевин Спејси, ама не како Спејси туку како Френк Андервуд, бескрупулозниот политичар кого го глумеше во House of Cards, сè додека Нетфликс не уцвика од сексуалните обвинувања против него (кои подоцна беа отфрлени). На прашањето дали размислува да се кандидира, Андервуд го дава најполитичкиот одговор: „Тоа народот ќе одлучи, јас сум спремен да се жртвувам“. Чиста постмодерна.

Истрелот кој спаси живот

На 16-ти август, 37 годишниот Даг Конели седнува на бело пластично столче среде резиденцијален кварт во Колумбус, Охајо. Држи .38 милиметарски револвер, со очигледна намера да се самоубие. Бргу потоа, на 75 метри од него, со снајпер залегнува Мајк Пламб од специјалните единици на Колумбус, ветеран од Виетнамската војна. „Тоа беше одличен погодок,“ ќе признае подоцна несудениот самоубиец.

 

Се изнајмува место во кревет

Вистински оглас за недвижности во Торонто. За 900 долари (канадски) добиваш една страна од брачен кревет. Веројатно за парите може да бираш која страна, освен ако газдата/газдарицата не е нешто посебно приврзана на која страна ќе спие.

Не знаевте дека треба да голтате мастики?

Чекајте и ова да чуете. Една така прекрасно преплетена теорија на заговор што почнува со голтање мастики (стриктно еднаш на седум години), а завршува таму некаде далеку од паметот.

Тие што играте фудбалче на вештачка трева, проверете да не има термин на паркет

Не е проблем самата вештачка трева, туку основата, тие црните трошки, кои се дробени гуми од возила. И посебно се проблем за голмани. Колку проблем? Содржат олово, жива и арсеник, заради што Холандија почна да ги корне ваквите терени.

Само мажи може да спречат мажи да не се натпреваруваат во женски спортови

Мажи со потпросечни резултати во машка категорија што решија кариерата да ја спасуваат со тоа што ќе се преправаат дека се жени и ќе рушат секакви рекорди во женска категорија почнаа да им ги одмилуваат спортовите на жените. А мажи, обично се решаваат со мажи, како што е примерот со канадскиот шампионат во кревање тегови за жени.

Божица си била, сада више ниси

„Глумевте „божица на здравјето“ па спрживте 70 милијарди евра на лажни вакцини од кои починаа најмалку 12.000 граѓани на ЕУ. Сега сакате да глумите и „божица на војната“ и да потрошите 50 милијарди на Украина, за да ѝ ја продолжите агонијата и да остане без уште 100.000 луѓе. Со војна и со гинење млади луѓе оваа војна не може да се добие“. Мислав Колакушиќ, евро-парламентарец од Хрватска. 

Доживотна виа Гугл

Злотворот е обвинет дека ја убил сопругата а се изјаснил за невин. Не знаеме каква стратегија смислила неговата одбрана но можеби и имала некаква логика, сè додека не дојде на ред да се ѕирне во историјата не неговите интернет пребарувања, односно што типот гуглал пред и после убиството. Адвокат? Господ не му помага.

Тесла го претстави новиот Оптимус Прајм

Да, и натаму оди малку ко посран, ама па, видете како изгледал лани во септември а како изгледа денес. Ние и вие од ланскиот септември до сега колку имаме напреднато? Затоа ќе не претицаат овие гадови. Не им е мака да се усовршуваат додека ние одамна сме уморни.

Такер ќе отвора сопствена стриминг платформа

Човекот веќе со месеци го растура Фокс (и другите меинстрим мрежи) со гледаност и тоа од својата сметка на Икс (Твитер). Откако малку му пројде стравот од работење без Фокс да му чува грб, сега Карлсон најави дека влегува во нова фаза и отвора видео стриминг платформа. Ќе се вика ТЦН (Tucker Carlson Network) и ќе се наплаќа по 9 долари месечно.

Човекот што претскажа 20 години руска иднина

Владимир Рижков е руски историчар и опозиционер. Рижков во 2004 на руска национална телевизија има ТВ дуел со еден друг Владимир, не Путин, туку Жириновски.

Секакви ги има

Полскиот радикал Гжегож Браун (политичар, академски предавач, публицист, новинар, режисер, сценарист) кој го предводи монархистичкото крило во Конфедерацијата на полската круна, со ПП апарат го изгаси парламентарниот еврејски свеќник (менора) кој е симбол на празникот Ханука. Вика, нема да дозволел католичка Полска да се претвори во еврејска држава.

Не паѓа снегот...

Иако и во Монтреал снег паѓа главно во редовниот термин во зима, таму снегот не ги изненадува надлежните како овде. А не да паѓа, туку паѓа најмногу од цела Канада, во просек по 200 сантриметри снег во сезона. Ама, како што би гласела модификацијата на една стара поговорка: не паѓа снегот да го покрие брегот, туку секоја власт да ја покаже својата (не)способност.

29 години откако Украина доби безбедносни гаранции

Во декември 1994 Русија, САД и Британија, седнаа, ветија и потпишаа дека ќе ја гарантираат безбедноста и територијалниот интегритет на Украина доколку државата го предаде својот нуклеарен арсенал (еден дел да се уништи, еден дел да се испрати во Русија). На денот на потпишувањето Украина има над 2.300 нуклеарни глави. Речиси 30 години подоцна Украина е минус 20% од својата територија.

Турциве или не ги бива и за рушење или крадат и на рушење?

12-катна речиси нова зграда што настрадала за време на земјотресот во Турција дошло време да се срамнува со земја затоа што нема како да се спаси. Од градењето настрадале само тие што купиле стан во зградата, од рушењето и комшиите во околина.

Што знае баба што не знае Ал-Џезира?

Новинарот на Ал-Џезира начекува една баба од Газа да ја праша за ситуацијата таму и нешто околу хуманитарната помош што стига / не стига таму. Бабата има инсајдерско инфо што изгледа уште не е стигнато до Ал-Џезира.

Како изгледа втора шанса

Градот е Тел Авив, овие двајца се Израелци, ова се случува деновиве а тоа металното е чаура од некоја си од ракетите што периодов го надлетуваат главниот град на Израел.