Музика

Рускиот монах со X фактор

На руската верзија за бирање таленти за пеење (Звезде Грандушка, Звезде Пинкушка), убедливо победил Отец Фотиј, 10 години јеромонах на руската православна црква. Победата била толку убедлива (76 проценти од гласовите на публиката), што луѓе мислат дека тој бил пратен од црквата како ПР потег за подобрување на нејзиниот човечки имиџ. А гласот на калуѓерот - божествен. Арсо наш не пее вака ама па затоа подобри песни знае од Фотиј.

Арсен Дедиќ и Здравко Чолиќ: Загрли ме

Фина и денес веќе антологиска сцена од 1977 година. Арсен и Чола ја увежбуваат "Загрли ме" ( Не може ти вијетар ништа...). Првиот на клавир, вториот на гитара, а песната се раѓа....

Додека Принц цимоли јако

Една фина репрезентативна екипа која ја изведува "While my guitar gently weeps" на Битлси. Тука се Том Пети, Стив Винвуд, Принц.... особено Принц.

Дедо е жив!

Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

Пинг-понг концерт

Што сè луѓе прават за малку од малку да ја заинтересираат публиката за класична музика. А на оној Гангнам стајл му е доволно да преклопи раце и да биде глуп.

Џон Леџенд со ѕвездите

9 кратниот носител на Греми награди Џон Леџенд би требало да го знаете. А ѕвездите уште повеќе бидејќи се ѕвезди. Ама, не е така.

Дарко Рундек за вас (и за нив)

Дарко Рундек, тазе да потазе не може да биде. Го објавуваме неговиот нов спот кога на Јутјуб има само 6 прегледи. "Ги има" и Рундек Карго Трио, формацијата која доаѓа на престојниот Таксират.  

Кога Адел беше Џени

А Џени е имитаторка на Адел, застаната во ред со сите други имитаторки кои чекаат да покажат колку многу се они Адел. За да биде појасно Џени Е Адел.

Црна душо словенска

За што може да пејат униформирани црнци на софра? Се разбира, за Русија, слободата, гостопримство и широката руска душа! А што, ние помалку смешни сме им кога рапуваме?

Партибрејкерс - Сиротињско царство

Осум години по последното студиско издание "Слобода или ништо", рок иконите Партибрејкерс имаат нов албум "Сиротињско царство" и спот за насловната песна. Какви се? Ко што треба! Антон ја вози машинеријата рифови а Цане безобразно дофрла реплики кои печат: "Све што би могло и оно што јесте, овде и паметног у лудницу сместе." Ајмо! 

Назад во Батаклан

Да се вратиме таму за да ги растераме лошите духови кои деновиве го изведоа нивниот одвратен danse macabre во салата што датира од 1860-та година. Батаклан, 1972-ра година, Велвет и Нико ја изведуваат "Femme Fatale". Јер само на жените им е дозволено да бидат фатални.

Во ритамот на плајвазот

Сè што треба да имате за да звучите вака е другар и четири пенкала.Ок, не мора да ви е баш другар.

Дубиоза колектив за слободни емпетројки!

Ептен тазе видео спот од слободарските Босанци за нивната песна "Free.mp3 (Pirate Bay song)". Слушајте гласно, сркајте слободно.

Болката по сеирот се познава

Единствено нешто што треба да знаете за видеово е дека не е само уште еден "феил" клип. Многу, многу, многу повеќе е од тоа.

Концерт за пиано и изгор пиперка

Претходно на сајт ги имавме одсвирените политички говори на еден млад српски џез пијанист. Овојпат, нешто многу полуто.

Гитарски муабети со Кит Ричардс

Малку зборува, малку фаќа гитара да засвири, пуши и мрмори. Се што треба да има едно мераклиско интервју со Кит Ричардс во кое баобабот објаснува како дедо му го мамел со гитарата која висела на ѕид, кој му покажувал финти и како му изгледа омилениот штим со пет жици.

Некогаш и стадото знае да препознае уметност

Уметност е онаа магија што се случува меѓу авторот и публиката. Тоа ви е, како што еднаш рече господин господин Звонко Богдан, ил' се дирну ил' се не додирну. Навалете се наназад и уживајте.

Нејќете да ви свирам?

Господин човек знае како да го искористи својот среден прст за да си го направи меракот.

Човек со осет за музика

Тоа што имаш чувство за музика не значи дека си како било корисен или употреблив за музика. Тоа што не си употреблив, не значи дека не си фантастичен на сопствен начин. Пример, дечково.

Текстовите се во криза

Не било само до нас, стварно никој не ги разбирал што зборуваат. И ова не според Кит Ричардс, туку според рапер од кој природно ти е да очекуваш дека го разбира текстот.

Детето што никогаш не ги врати тавчињата во шкаф

Не, не стана Ентони Бордејн, туку стана Дарио Роси, тапанар на се и сешто за кое некогаш си јадел заушки од мајка ти. Од сите овие тави, тенџериња и тигани, Роси вади сериозно бесно техно.

Два гласа во едно грло

Ако Павароти беше вокален гениј, ако Фреди Меркјури беше исто таков гениј, што е тогаш човекот кој сам го пее дуото Павароти - Меркјури?

А ова се вашите звучници на перформанс од Јоко Оно

Се бара Џон Ленон. Да дојде и да си ја прибере.

Беше келнерка, јасно?

Во фолдерот "глупо до генијалност" го ставаме хитот od 80-те години на групата Human League во верзија во која целата песна "Don't you want mе" е сведена на еден единствен стих.