Музика

Време за херои

Во фоајето на еден њујоршки театар, Дејвид Брн и една огромна група пејачи ја изведуваат Heroes од Дејвид Боуви. Не може боље. Ако во ниеден момент ништо од ова не ве наежи, од Звезде Гранда, Ана или Раста слободно да барате отштета за нанесена инвалидност.

Сквернавење на Нирвана

Многумина мислат дека ако некоја песна не треба да се чепка, тоа е Smell Like Teen Spirit од Нирвана. Ќе чуете колку е тоа вистинито кога ќе ја слушнете верзијата на еден тексашки бенд кој песната ја прештима во дурови. А во дурови (место петки и сусови) Smells Like мириса на една безначајна, безбојна поп песничка. Чиста бласфемија.

Пет длабочини на една иста песна

Џејкоб Колиер е мулти-инструменталист и еден неверојатно талентиран дечко кој ја расчленува емотивната приказна и внатрешниот дијалог на композицијата „Amazing Grace’“ на пет нивоа на комплексност. Почнува со дете, па со тинејџерка, па со студент на музичка академија, па со професионален пијанист, за на крај да заврши со - Херби Хенкок! И да се испогубите некаде на третата фаза, видеото е магично за следење.

Рокенрол, ни пол ни рок на траење

Ако не се држите до панкерската максима на Жељко Самарџиќ („не суди по амбалажи“), оваа сцена може да ви изгледа вака: Влегува баба во продавница за гитари. Добро, можеби не е баба - баба ама тазе пензионерка штотуку вратена од прослава на 8-ми март на жени од Охис. И, што прави таа во продавница за гитари? Па сигурно бара нешто за внучето....

„Брала мома капини“ стара јапонска песна

Сме виделе ние рокање, ама ова Јапонциве како ја подбраа „Брала мома капини“ ко преку Јутјуб да ќе им лепиме пари. И сред спот ги гледаш токискиве убер-хипстери (нема друго штом песнава и неколку слични ти се дел од репертоарот) како се нацртале на свадба сред Прилеп. Ова не се измислува.

Дебелиот крај - Цена

Македонски песни кубурат главно со текстовите. Или се пребљак ради тоа љубовните јади или пак ќе забегаат во некоја напувана езотерија. Дечкиве смозгале како да ги избегнат тие поетски стапици. Треба да ти текне. 

После долго време, нешто ново од Макартни

Во едно интервју Пол Макартни се исчудува како музиката почнува да се прави на компјутер. Ќе ставиш еден звук и после си играш со копчиња. Интервјуто го гледа некој зналац, седнува на компјутер и го добивате ова.  

Совршено наштиманата девојка која не слуша

Менди Харви уште од мала имала проблеми со слухот за на 18 години комплетно да го изгуби и да биде прогласена за глува. За среќа, по неколкугодишна депресија решава сепак да му верува на својот талент за пеење и на мускулната меморија на своето грло. Еве ја на цел концерт, перфектно наштимана и боса, за да ги чувствува вибрациите од бендот.  

Кога Боб Марли пееше за Зимбабве

Марли ја има напишано песната како поддршка на марксистичко-ленинистичките и маостички борци за независност кои од некогашна Јужна Родезија го создадоа Зимбабве а Роберт Мугабе станува претседател. Речиси 40 години подоцна, Марли одамна го нема а Мугабе веројатно го има преспано воениот удар против него.

Повторувањето е мајка на музиката

Пред некој месец Винс Стејплс го објави својот втор албум и за дивно чудо, еден од најголемите хитови стана песната чиј текст оди вака: Boy yeah right, yeah right, yeah right (Boy yeah right, yeah right, yeah right) Boy yeah right, yeah right, yeah right (Boy yeah right, yeah right, yeah right) Boy yeah right, yeah right, yeah right (Boy yeah right, yeah right, yeah right) Boy yeah right, yeah right, yeah right (Boy yeah).

Васко, пази куче!

Васко Атанасоски е исклучително вреден момак. Радник е во душа, што го прави ретка билка во мрзливиот музички пејсаж на Скопје. Свири, прави музики, објавува други бендови и музичари, работи, си игра со сè што ќе стигне. Има нов албум (Пази, куче), 8 ствари, скроз шарено и брливо. 

Како клинци реагираат на Лед Цепелин?

Краток заклучок од 10-минутното видео: децата знаат да познаат добра музика. Додека не влезат во лут пубертет по што нагло оглупуваат.

Да е здрав и жив Ѓорѓија, од кога умре се изнаживеав

Истиот мелем глас кој го познавате, овојпат на еден драматичен текст на кој не може да се остане рамнодушен. Една зипувана македонска судбина, емоција до коска, да осетите како векови ви бучат низ дамарите. После сè, сфаќаме зошто Крсте го чувствуваме како многу наш. Затоа што е многу свој.

Депеш мод обработка на „Heroes“ од Боуви

Оригиналот од Боуви е објавен на 23 септември 1977, обработката од Депеш мод е објавена вчера, на 22 септември 2017 на 1 ден пред 40-тиот роденден на песната.

Нема одолевање на Деспасито

Единствен грев на девојчево е што не му држи инаетот па да глуми како тебе дека не ти се шизи на Деспасито. Сè друго околу девојчево е спектакуларно.

Немој да се курчиш

„Никој не се смее, сè полудено“. Па има ли нешто поточно од оваа дијагноза во новата песна на Бени и Нон-стоп? Една одлична рокенрол ствар која ќе ве натера да мрдате со главите ко оние кученцата што се ставаа во кола. Плус пар најљудски поенти That Makes You Go Hmmm... Браво бандо.

Музика без подобрајзери

Гласовите на некои од најпознатите ликови од поп музиката, оставени сами на себе, без ни најмалку аутотјун. Некои звучат како што можеш да очекуваш од професионален музичар, некои пак се живо оправдание за популарноста на аутотјун.

Еволуција на ексју-музиката

Двајцава момци и копијата на Јул Бринер се нафаќаат на еден веќе повеќекратно виден потфат на Јутјуб, ама не и во локална варијанта - препејување на неколкудеценискиот развој на музиката. Да не бидеме нешто нагло изненадени или увредени, како и до сега и тука под ексју-музика се опфаќа само просторот меѓу Блаце и Словенија.

Агушеви парчето во Окџа

Филмот е корејски (и за него Букбокс пишуваше тука), парче од музиката за филмот е македонска, поточно "џамбо-агушевска". Џамбо е автор и композитор, а ја свират Џамбо плус остатокот од Агушеви.

Премиер на денот

Премиерот на Индија Нарендра Моди на стадионот Индира Ганди во Њу Делхи ги најави најголемите даночни реформи кои земјата ги видела во последните 70 години. На рајата ѝ порача дека тоа ќе биде задача која ќе бара многу жртви што можеби го објаснува неговиот музички избор за крајот на говорот - Империјалниот Марш на Дарт Вејдер од Ѕвездените војни.

Нека, не сметате, терајте си

Не знаеш на кого му е појако на музичарите што мислат дека публиката паѓа во транс по нив, или на песов што од нигде никаде доби аплауз од цел аудиториум. Него сериозно, не се устручавајте, продолжете...

Сите сте вие божји мачиња

Признаваме дека не сме најупатени во тој жанр ама во црковното пеење на Запад во меѓувреме се имаат случено некои заебани реформи. Децава пеат како ангели ама може се митарат. Ништо не ни е јасно.