Музика

Со хармоника по рабовите на џезот

„Сопрано етно џез“ се вика овој супер интересен музички ролеркостер на хармоникашот со врвна техника, Мишел Трајковски, придружуван од џам инструменталисти. На самиот почеток хармониката на Мишел може да ви прозвучи богохулно, ама опуштете се, многу е фраерска и заебантска. Чудни се патиштата џезерски. 

Како од ова стигнаа до Трамп?

Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.

Уста широко затворена

Ова е неверојатно. Неверојатно затоа што Американски идол уште трае, и уште поневеројатно што глас извади девојчево со затворена уста.

После 27 години - Хаустор

Пет нивни песни од 1990 година досега биле во фиока а кога и да е, доаѓа време да се зачистат фиоките. Една од песните кои ќе се најдат на албумот „Досетливи мали чудаци“.

Само вокалот на Крис Корнел од "Black hole Sun"

Извадени гитари, басови, тапани, клавијатури и сè што прави каква било мелодија, оставен само Крис Корнел. И звучи...

Последната песна на Влада Дивљан

Штотуку излезе последната песна која ја напишал Влада Дивљан, Идолот кој нè напушти на почетокот на март 2015 година. Се вика „Непослушна граѓанка“ и била почната да се создава по веста дека починала Ејми Вајнхаус.

Распеани Рамштајнчиња

Хор клинци ја пеат Mutter (Мајка) од Рамштајн и звучат одлично. Малку е језивко ако знаете како оди текстот на таа песна, ама според нашите педагошки канони, Рамштајн е увек боље од цмиздрењето во „Вљубениот ерген“.

Легендарниот концерт на Џемс Браун

Џемс Браун одржува концерт во Бостон, неполни 24 часа по убиството на Мартин Лутер Кинг.

Ремикс со оџата

Туниските власти затвориле ноќен клуб откако утврдиле дека Диџејот на тоа кленовите им пушта ремикси во кои користи семплови од мујезин кој повикува на молитва. Тоа било света работа, не можело тоа така... Чисто да чуете како звучи. 

Ѓаволот е вистински

Пред да се нурнете во регуларната дневна доза гревови, чујте ги браќата Ајра и Чарли Лоувин и нивната реалистична нумера Satan is real од истоимениот албум (кој го има една од најдобите омоти, евер). Кој ја ислуша до крај, ни пеколот нема тешко да му падне.

Вистински рокенрол

Кога го сакаш рокот а по малку си буквалиста и плус те бива за машинерии и скаламерии, тогаш решаваш да направиш песна со - камења кои се тркалаат. Ок, го чекаме првиот што има завршено некое техничко училиште а при рака му е киселина. Here Comes the Sun...

Ја отпеа бе!

Речиси никој не се осмелува да го отпее она што го отпеа ликот Дива Плавалагуна во Петтиот елемент. Бидејќи и во филмот, тој вонземски вокален ролеркостер е постигнат со ауто-тјун и други финти. Ама, малава излезе и ја кажа! Бонус: Наде Талевска!

На бина со Газдата

Во видеото можете да уживате и без посебна најава. За еден друг занимлив детал: родителите на малиов биле пресреќни кога виделе дека некој ја снимал сцената и ја објавил на Јутјуб. Имено, никој од нив не помислил да штрака со мобилниот, да фаќа фотки и видеа и така да пропушти во живо да ужива во моментот. Ок, колку родители овде така би постапиле?

Понеделнички машки заклетви

Едвај чекаме да дојде вторник па да почнеме да си ги пееме заклетвите, за следниот понеделник. Да, да, овојпат за озбилно :)

Кога си Газда, ти се може

На концерти на Брус Спрингстин луѓе носат транспаренти со имињата на неговите песни што сакаат да им ги свири. И овој со бендот стварно им ги свири, што само по себе е  дирљиво, јер на друг ќе му беше под чест да свири „по нарачка“ и слепо ќе се држеше до детално смислениот концепт и плејлиста. Но што ако на Спрингстин во живо му нарачаш песна што не е негова? 

Нова 1000-ка

Бројката е концептот - 1000 музичари, една песна. Почна со Фу Фајтерс, па ги имаа Вајт Страјпс и Дејвид Боуви, сега ја рокаат Нирвана, и пак звучи боговски моќно.

Нешто од Ансамбл Александров (или Хорот на Црвената армија)

Ансамбл Александров е официјалниот армиски хор на руските вооружени сили. Формиран е за време на СССР, а составен е од машки хор, оркестар и танцова група. Името го носи по својот прв диригент, Александар Василевич Александров. На 25 декември 64 члена на ансамблот загинаа во авионска несреќа на пат кон Латакија, каде што требаше да настапат пред руските вооружени сили во Сирија.

Дуке, Крсте и Исмаил ви честитаат Нова година

Ок Македонци. Пробавме да си ги извадиме очите, ударнички се потрудивме да се надвикаме и прекувремено се потрудивме да се испомразиме до коска. А да пробавме малку со љубов и убавина? Пред крајот на оваа заебана година токму со такво полнење доаѓа поздравот до сите вас од нашата њујоршка екипа. Песната (музика, текст и аранжман) е на Дуке Бојаџиев, пее Крсте Роџевски, на кларинет е Исмаил Лумановски, на виолини Владимир Крстев. Отворете си ја душата, "Свет без граници" е љубовна порака. Преубава.

Што ме питаш are you gonna go my way?

Апостолски направил уште еден богохулен мешап, кој функционира бескрајно природно ем заразно. Шемса и Лени Кравиц, ко Боро и Рамиз! Ова да го чуеме во живо и после слободно можеме да ги закачиме чеканот и наковалната о клин.  

Како Есма треба да биде дочекана

Искрено се надеваме дека таму негде горе, Есма и Љиљанa Петровиќ Батлер ќе успеат да ги надминат овоземните недоразбирања кои ги имаа додека беа меѓу нас. И дека ако има Господ, ќе ја натера Љиља да ја пречека Есма со некоја од овие песни.

Сакам да бидам претседател

Песната е снимена во Флорида во 2009 година, ама па што. Паљачо и Дисторзија.

Слово за човекот

„Модра река“ на Индекси беше прогласен за најдобар југословенски албум во 1978 година. Концептуален албум, положен на стихови од Мак Диздар, а музиката ја потпишуваат Бодо Кoвачевиќ и Фадил Реџиќ. Чујте што има да каже Диздар, а да отпее Пимпек.