Музика

Сакате повеќе пропаганда?

Надвор веќе ги препознаваат како една од најдобрите музички екипи од Балканот. Играат офанзивно, никогаш не пимплаат за да чуваат резултат, не кукаат дали судијата е фер. Даваат голови. Бернајс пропаганда. Имаат нов видео спот за песната "Повеќе". Кликни за "повеќе". 

Ја најдовме источната тетка на Глоријан

Благодарејќи на старата маалска 2Д технологија (Другари Душмани), до нас допре песна од една хонгконшка пејачка по име Винг. Бидејќи сме многу мазо, ја слушавме додека крв не ни потече од уши. А бидејќи сме по малку и садо, ви ја пуштаме и вам. Ако Белопета не ја донесе во Скопје, стварно е шконтар.   

Движења на кои годините не им можат ништо

Тони Базил е американска пејачка, музичарка, кореограф, денсер, режисер.... Тоа што во моментов треба да го знаете за неа е дека е родена во септември 1943 и дека денес има 72 години. Сè друго што треба да знаете за неа денес, го имате во следното видео.

Цимет во коса и Сибо во саксија

Ете го тазе спотот за песната Рубин на Баклава, единствената и затоа драгоцена македонска група која го негува жанрот "народно, а забавно". И овојпат се љубовни и разиграни и преубави. Чујте, почујте. 

Дуке и Јосипа: Зборот што нè навреди

Стариот мајстор Рајко Грлиќ изгледа пак направил добар филм, „Уставот на Република Хрватска“ пред една недела победи на фестивалот во Монтреал. Така е кога се знае да се одберат вистински соработници: сценарио Анте Томиќ, музика Дуке Бојаџиев. Најпремиерно на свет ви ја нудиме одјавната, која морничаво добро ја изведува Јосипа Лисац. Ако се плашите од длабочини, не влегувајте во песната.

Милениумците ја „открија“ малата терца

Еден ист мотив се цепа низ поп-музиката на денешницава. Нејасно е дали ова е ефект на стадото или пак едни те исти професионални корпоративни автори си го тераат теркот што очигледно функционира добро. Ама, брате, не се трпи.

Југословенски преработки на западни хитови

Дупла и затоа што имаше многу добра музика и затоа што во некогашна Југославија не се препејуваа регионални ноубадис (како денес во Македонија) туку најкурентни имиња од Запад. Не дека во таа држава имаше недостаток од авторска музика туку колку да им правиме лиги на Бугари, Романци и останатиот источен јад кои не можеа да припарат до нормална музика а не па да ја обработуваат. Пуштај, уживај и плачи си во себе.

Пиздец

Да ѕирнеме накратко што се случува на алтернативната сцена на Белорусија. ТТ-34 и спотот за нивната песна Пиздец. Обидите за споредба со овдешната сцена ќе ве фрлат во тежок сентиш.

Рапери, не така одамна и сега

По некои разликата е во музиката што ја користат и текстовите што ги вадат, по други разликата е во тоа што новите рапери не треба да постојат.

Турбо-фолк без музика

Пред погрешно да се сфатиме, авторот на монтажите нагласува дека: целта на спотовите не е нечие вреѓање или омаловажување.

Стигна првата песна од новиот албум на Металика

Металика на 18 ноември го објавува својот прв албум по 8 години, Hardwired ... to Self Destruct. Ќе биде двоен диск и ќе има 12 песни. Прва песна на албумот е Hardwired, и ја пуштија за да држи до премиерата. Љуто, кратко и брзо.

Том Морело: Опремата никогаш и за ништо не е битна

Ѕверот свири на истата гитара со нацртани Хиповци цели 28 години (додуша со 10-тина сменети вратови). На времето и тој го барал "оној звук што го бараш и секогаш за малку ти бега," ама конечно го баталил тоа и сфатил дека е губење време. Важност на опремата - нула проценти.

Чезена се врати со 'Seven Nation Army'

Пак Чезена, пак 1.000 музичари, пак една песна, пак да не ти се верува како божествено моќно ова изгледа. Минатиот пат беа Фу Фајтерс на репертоар, сега се Вајт Страјпс.

Не џабе е Кинг

Прашање: Како Б.Б. Кинг менува пукната жица на гитарата? Одговор: Додека свири.

Блуз може и вака

Ако судите по нивниот изглед, ќе ги мислите за пијани фудбалски навивачи. А оно скроз различно. И добро.

Боуви, дрогата која ги навлече...

Мајкл Стајп, Деби Хари, Пери Фaрел, оној од Флејминг липс, Синди Лопер... и нивните реминисценции што им значел Боуви. За Кет Пауер, тој претставувал 'мајчинска фигура во чудна смисла'.

Зошто е глупо да се расправаш за поп-музика

Аргументот е на теоретичар на музика, и по него треба да се прекине со еден од најдобрите начини за губење време - расправање за која музика е подобра. Ставот е само џабе се расправате, затоа што во основа целата е иста, и ако ти се слуша, слушај и не ја замарај околината.

На Сиал не му се прибира дома

Пред некој ден го имавме во Канада како пее дует со еден уличен музичар. Сега е во Манчестер, истиот сетап, само не е дует, туку соло ја изведува "Kiss From A Rose".

Магијата на Исмаил Лумановски

За вакви музичари, извесен овчар од Кукуречани своевремено има викано: "Како свирит на зурлана, на име можит да те викнит".

Како Принц свиреше гитара

Деновиве ќе полнеше 58 години а нам уште не ни проаѓа неверитисот дека си отиде. Не е лош тој ескапизам, по цел ден да слушаш Принц и Боуви и да гледаш стари бокс мечеви со Мухамед Али. До даљнег, на мртвите светот останува.

Ноктурно за рингтон

Опремен со виртуозна изведувачка техника и очигледно добро упатен во музичките структури, пијанистот Тони Ен во класични композиции умешно вметнува популарни рингтонови, како што е оној на Нокиа или Маримбата на Епл.

Деконструкција на рапот

Фина 12 минутна анализа на развојот на рапот односно менувањето на римите, ритамот, конструкцијата на речениците. Од Куртис Блоу па до Кендрик Ламар и субверзиите на МФ Дум.

Аланис со нов текст на "Ironic"

Ќе дочекаме ли ние нешто од типот "Само тага ми остави и едно теле од Слатино" или "Ја имам срце за три стентови"? Аланис Морисет пее апдејтирани стихови на нејзиниот хит од 1995 година.