Отиде Бренда

Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“ почина на 53-годишна возраст.

Доби дијагноза за рак на гради во 2015 и од тогаш лавовски се бореше.

„Со тешко срце потврдувам дека почина актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, ја загуби битката со ракот по многу години борба со болеста,“ изјави нејзината долгогодишна публицистка Лесли Слоун денес.

„Посветената ќерка, сестра, тетка и пријателка беше опкружена со нејзините сакани и кучето Боуви. Семејството бара приватност за да жалат во мир.“

Инаку, по дијагнозата, Доерти кажуваше дека има денови кога се прашува „зошто јас?“

„И потоа си велам, зошто да не јас? Кој друг? Кој друг освен мене го заслужува ова? Никој не заслужил.“

На Гуд Морнинг Америка сподели дека во секој момент ќе се дознае дека ѝ се вратил ракот и дека е во четврти стадиум и дека не се снашла со информацијата затоа што било тешко апче за голтање.

Доерти доживеа слава како Бренда Волш во 90210 во 1990 година. Серијата ја напушти после 4-та сезона, во 1994, а потоа се појави во многу телевизиски филмови што често ги репризираа кај нас на телевизија. И (за жал, не доволно долго) во „Волшебнички“.

Епска ѝ беше улогата во Mallrats, и она кратко камео во „Џеј и Тивкиот Боб го возвраќаат ударот“ каде што е небитно што има само една единствена реплика - владее со сцената.

Едно Гугл пребарување вади огромен избор на филмови што можат да се гледаат во чест на Шенон Доерти уште вечерва.

14 јули 2024 - 15:32