- Најновите гласини велат дека Арон Тејлор-Џонсон е новиот Џејмс Бонд, откако Даниел Крег заврши со улогата.
- Досега има 25 филмови за Џејмс Бонд во продукција на Еон Продакшнс. Според Д Сан, британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон е тема на дискусија, и тоа наводен извор вели дека „улогата е негова ако ја сака.“
- Освен Тејлор-Џонсон, се зборуваше и за Реже-Жан Пејџ од „Бриџертон“, за Том Харди, за Чарли Ханам од Sons of Anarachy, па Хенри Кавил, па и Дев Пател.
- Според Роберт Томпсон, професор по ТВ, радио и филм на универзитетот Сиракјуз, она што ја прави франшизата толку уникатна е што Бонд го рефлектира времето во кое се појавува - од јакиот, мажествен женкар на Конери, до силниот, но ранлив Бонд на Крег.“
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.