- Она што се претставува на Њујоршката модна недела се гледа како предлог за иднината на светската мода, па i-d.vice го нарекува излагањето на Мајкл Корс „робусен и самоуверен“.
- Колекцијата е оптимистичка, кежуал и идејата не е толку во тоа што точно ќе се носи, туку како ќе се носи.
- Се изгледа добро, ама тоа може да е затоа што сме навикнати: кога ги гледаш сликите, сѐ ти се допаѓа - додека не ти текне дека си го видел претходно, со години и во сите излози.
- Максел извади нов Вокмен за да не дремат тажно сите касети што сме ги собирале низ децениите. Новото е што се полни на УСБ-Ц и освен 3,5 милиметарски влез за слушалки, има и блутут конекција.
- Со полна батерија работи 11 саати, а за да се наполни му требаат 2. Веќе се продава и чини околу 80 долари.
- Вокмен бе!
- Росана Аркет која се појави во Pulp Fiction, изјави дека е „гадно“ што Тарантино во сценариото користи навредлив збор за црнци.
- Кај Тарантино ова не поминува: „Драга Росана, се надевам дека публицитетот што го добиваш од 132 различни медиуми што ти го пишуваат името и ти ја печатат сликата вреди за ова непочитување кон мене и филмот во кој се сеќавам дека беше пресреќна што учествуваш?“
- Аркет ја играше Џоди, жената на Ленс (Ерик Столц). А, Тарантино продолжува: „Дали сега се чувствуваш вака? Можно е. Откако ти дадов работа, да ги земеш парите, па сега да го плукаш филмот од, ми се чини, многу цинични причини, покажува дека немаш ни достоинство, ни чест.“