Светот се сети на Меган Фокс откако актерката конечно побара правда и прозборе јавно за проблемите што ѝ ги приредила индустријата. Неодамна кажа дека е расположена и за продолжение на „Телото на Џенифер“, а таблоидите ги полни со неочекувани и ин-јор-фејс појави на црвен тепих покрај дечкото Машин Ган Кели.
Најновиот ангажман е за брендот на Ким Кардашијан - Скимс, каде што со Кортни Кардашијан позираат во облечени во најновата колекција. Сликите се, се разбира, тенденциозно провокативни, па Космополитен се расфрла со бапски шеги од типот „Пазете Машин Ган Кели и Тревис Баркер!“ (хехе). Инаку, јавниот профил на двете во некои аспекти им се поклопува, затоа што и двете се грижливи мајки, имаат млади дечковци и медиумите ги ловат дека се без никакви инхибиции во јавност со нив.
Во основа, целта е постигната, па веќе нашироко се нарачува и се коментира вешот на Ким и реално - стварно изгледа удобен.
И замислете, испорачуваат до кај нас.