На Меган Фокс ѝ се глуми во продолжение на култниот филм, или барем во ТВ-спиноф. Инаку, во случај да ви фалеше идеја што да гледате вечер, да се потсетиме. Меган, односно Џенифер ја опседнува демон, а другарка ѝ што ја игра Аманда Сифрид се обидува да ја спречи буквално да ја изеде машката популација во малото гратче каде што живеат.
Што повеќе ви треба во филм?
Кога излезе филмот, го отфрлија со леснотија, и како да не го разбраа, делумно благодарение на маркетинг стратегијата која беше фокусирана на тоа колку е уствари згодна Меган Фокс, и покрај тоа што игра сукубус што шмука човечки души.
Оттогаш, филмот си доби своевиден пиедестал, и тоа заслужен.
„Филмот е уметност, но кога излезе, никој не зборуваше за тоа. Од критички аспект, сите го посраа,“ има изјавено Фокс во интервју за Вашингтон Пост.
И, ќе се потсетиме?