Иако сакаме да тврдиме дека живемее во безбеден и слободен свет, каде што жените уживаат еднакви права како мажите, факт е дека сѐ уште повремено ни ѕвони во глава онаа комбинација на прашање-одговор:
„-Кога би била маж на 24 часа, што е првото што би го направила?
-Би шетала сама во ниедно време со слушалки.“
Е, бидејќи светот е таков што ова е сѐ уште само желба, Базфид видео објавува компилација од сцени со идеи како да се спасиш од непријатности и напаствувања во бел свет.
И баш сите се корисни. Не мора секој што ќе ги постави овие прашања да е предатор, ама па - што те кошта да се чуваш?