Ким Кардашијан редовно ја ставаат на тапет заради модифицирање на фотографии на Инстаграм со доза на запрепастеност неочекувана за личност што станала популарна на начин на кој Ким Кардашијан стана популарна.
Викендов, Ким објави слики за промовирање на нејзината колекција долна облека Скимс, каде што носи шорцеви со висок струк и на сликите едноставно - нема папок. Тенка е линијата меѓу „дали е фотошоп“ или „покриен е со шорцевите“, ама тоа не значи дека народ нема да се потресува.
Проценете сами:
Обвинувањата се движат од „зошто си го избриша папокот?“ до „се срамиш дека имаш папок.“
Сепак Ким реагира:
„Дечки, сериозно! Ова е глупо! Да тврдите дека го бришам папокот со Фотошоп? Дека имам несигурности околу папокот? Е па, еве одете на скимс.цом за да си го сокриете виснатиот папок со одличен пар долна облека со висок струк како мене! Повелете и друг пат!!!“
Нас нè секира подомаќински проблем. Нели ги јадат змии од тој неискосениот, непоплочен хаос покрај базенот?