Охридска банка Сосиете Женерал презентира еден нов, поинаков концепт за детско штедење наречен „Оби Роби и малите штедачи“. Станува збор за концепт кој освен поволните каматни стапки кои се гарантирани и непроменливи за целиот период на орочување, нуди и дополнителна вредност за клиентите.
Преку малиот робот Оби Роби, Банката сака да се доближи до најмладите, односно преку едукативни материјали, сликовници, боенки и детски совети, Оби Роби да им ја претстави важноста на штедењето на децата, како и да ги воведе во иднината на детското штедење.
Имено, клиентите кои ќе одлучат да отворат депозит за детско штедење, имаат можност за штедење во денари, евра и долари, преку избор на различен рок на депозитот (24/36/48/60 месеци). Во зависност од периодот на орочување дефинирани се различни каматни стапки, па така на пример за орочени денарски депозити на 36 месеци каматната стапка изнесува 3,20%. Од особена важност е тоа што каматните стапки се непроменливи и гарантирани за целиот период на орочување и клиентите имаат можност за дополнителни вложувања во периодот на рочноста, што го прави овој концепт уште поповолен. Минималниот износ на влог за отворање на депозит за детско штедење е 3.000 денари, односно 50 евра, или 50 долари.
Дополнителна можност која ја нуди депозитот за детско штедење е вклучување на животно осигурување на депозитите во денари за зголемена сигурност.
Повеќе информации за концептот „Оби Роби и малите штедачи“, можете да добиете во најблиската експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал, Контакт центар 15 050 или на www.ohridskabanka.mk
(комерцијален текст)