Џоле:
Растени у hood од мали, други времиња, вредности и идеали,
али створив свој круг, еден куп другари,
куп cool ствари, ради звук кој прави ,
да ја раскажам секоја прича што ни се деси по пат,
не сме ни свесни некој пат колку тежи, па
ќе те свести овој град и смести у некој кварт каде сфаќаш колку секој спомен вреди,
Го сакам како брат! Иако некад е кретен, фали кеш и хигиена и воздухот е штетен.
Фали свест за живот поквалитетен, за тебе и твоето дете, и за двете.
А знам знаеш - нема место као дома, па правам анализа у главава како рентген,
Но увек ко ќе дојдам душата е полна, и нејќу да си одам бирам тука да сум среќен .
Реф. X 2
Градов има грув и звук и шмек,
градов има грув и звук и шмек,
некогаш е сив, некогаш е колоритен,
каков ќе биде зависи од нас сите.
Кацар:
Мојот град сменил лик, да се остане овде остана предизвик,
Новолисички шмек, од диско на клупа па роламе 5 , је .
Дете бев и тогаш рап правев, ја запознав цела сцена и школо ми даде (Фала)
прв документарец за рап кај нас, дадов душа од старт па стигнав до '' Пушти глас!'"
Градов ја бара својата слобода, од шунд и кич не можам да го ослободам ,
само ликовите градски знаат, беше подиво тогаш а бевме поише раат.
се фурало рап, drum and bass, метал и панк,
dub step, транс , ска, реге и фанк.
Моето и маало и градскиот парк, и да се врати време би одбрал исто пак!