HEMI Awards - меѓународен повик за музички изведувачи

Повикот е во тек, аплицирај до 23-ти декември!

Селекцијата на музички изведувачи ќе биде извршена од 27 члено жири, составено од професионалци одмузичкиот свет во сите 9 држави, партнери во проектот HEMI (The Hub for the Exchange of Music Innovation).

Деветте држави кои се дел од проектот се: Македонија, Србија, Романија, Чешка, Полска, Унгарија, Словенија, Естонија и Грција.

Важни лица од регионот, организатори на големи регионални фестивали, промотери, музички експорт бироа, сопственици на клубови, музички новинари и продуценти се дел од жирито кое може да го погледнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Меѓу другото, како медиумски партнери чија задача е меѓународно да ги промовираат селектираните музички изведувачи, се јавуваат голем број популарни радио станици и портали. Нивната поддршка ќе овозможи селектираните артисти да бидат промовирани во регионот, а нивната музика да допре до што поголема публика!Погледнете ги медиумските партнери на СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Селекцијата се врши во три дела, а артистите во секој круг
добиваат различен тип на поддршка за развивање на својата кариера.

Поддршката се состои од персонализирани работилници и предавања, менторски сесии со искусни музички агенти и продуценти, до организација
на регионална турнеја или настапи на едни од најголемите европски фестивали.

Пријавувањето се врши на англиски јазик и трае до 23-ти декември 23:59.

18 декември 2020 - 15:01