Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Maxim.
За копчињата се врзуваат бројни верувања.На пример, се смета дека парите не сака отпаднати копчиња, односно дека оној кој во плакарот има гардероба од која отпаднале копчињата нема да има среќа со парите.
Исто така се верува дека пари нема да имате ако зашиете копчињата на гардероба која е на вас, додека другите сметаат дека значи дека ќе станете заборавени. Тоа, може да го спречите, ако гризнете нешто и држите во забите додека шиете.
Амајлија за повикување на среќата можете да направите ако соберете копчиња од вашите пријатели.
Ако по пат најдете некаде копче, не го зимајте, затоа што така ќе повикате несреќа. Се верува дека копчето кое ќе го најдете може да донесе среќа ако го ставите во чевел.
Доколку скинете случајно копче од вашата облека ве очекува покана за забава.Лош знак е да скинете копче кога наутро се облекувате.
Девојките на кои ќе им се скине копче од облеката, имаат најмногу причини за грижа. Според некои верувањатоа значи дека момчето е неверно.