8-ми МАРТ: Ако партнерот ви поклони ружи во оволкав број, ќе ОСТАРЕТЕ ЗАЕДНО!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.

Познато е дека ружите се прав симбол за љубов и романтика. На својата избраничка, мажите често и искажуваат љубов со поклонување на црвена ружа. Црвените симболизираат љубов и страст додека белите чистота и невиност.

Мажите со овој поклон ви порачуваат што всушност чувствуват кон вас:

- Една ружа на првиот состанок симболизира љубов на прв поглед. Сепак ако добиете и само една ружа после долго време, може да значи дека партнерот ве сака исто како и на првиот состанок.

- Три ружи претставуваат, букет со кој се симболизира првиот месец на забавување.

- Седум ружи претставуваат заљубеност.

- Девет ружи, со кој ви праќаат порака дека ќе бидете засекогаш заедно.

- Тринаесет ружи, букет кој се поклонува на долгогодишните пријатели.

- Петнаесет руж, е букет за извинување.

- Дваесет и една ружа, симболизира љубов и желба, за животот со тебе никогаш да не се промени.

- Двадесет и пет, да честитате роденден некому.

- Педесет и една ружа, кога машко на цел глас ви кажува дека е заљубен во вас.

- Сто и една ружа, љубов која не знае за граници.

-Илјада и една ружа е наменета само за посебните жени со кои сте одлучиле да го поминете остатокот од животот.

8 март 2018 - 06:57