Паљото за Битола

Не се мешаме во изборната понуда која ќе ја видите во рекламниот простор на нашиот сајт (а таму ќе се најдат сите кои биле доволно паметни да закупат простор), ама па и ние сме луѓе, плус наш е сајтот и затоа, без ич да ни чуе, си даваме право на наши фаворити и изборни миленици. На самиот почеток на оваа кампања, го издвојуваме уникатниот лик од Битола, надалеку прочуениот Шварценегер од Широк Сокак, Паљото, и неговиот прв спот кој може да оди под работен наслов: "Паљото е мајка на знаењето".

Словенија го слушна Талат

Словенечка телевизија прави прилог за немирите во Скопје, предизвикани со назначувањето на Талат Џафери и сè што потоа следеше. Фино, балансирано и неутрално, сè додека не дојде време да проговори - Талат Џафери. Гласовите ги позајмија - Бранко од К-15!? Ако не е дубара на некој локален сеирџија монтажер, тогаш ќе заќутам од смеење!

Есма и Лозано сас козите

Значи стварно се изнасравме на сè што годинава се случува околу Евровизија. Не дека нема за што: ем тоа песната помпезна (замислите Турчин пред ТВ кога сфаќа дека НИЕ пееме за империја), ем спотот крајно лош, ем да ја трошиш Есма со таква песна е како да ја имаш Мерил Стрип за еден филм а ѝ даваш да ти глуми во "Македонски народни приказни". Одиме со верзија од читател кој додал дополнителни вокали и заменил пар кадри кои по него подобро ја претставуваат состојбата во нашата земја.

Млечна жртва

Интервју со првата жртва на затруеното млеко. Контаминираните млечни производи предизвикуваат два главни симптоми: подригнување (на цела фамилија) и непрестана желба за зборење.