Не дека сме немале центар за изгореници и дека нема потреба

Искуството покажало дека лекување на еден пациент со изгореници во европска држава би го чинело Фондот минимум 150 - 250 илјади евра, а бидејќи сме социјална држава, секој пациент за чие лекување нема услови во македонското здравство има право да се лекува во друга држава на товар на Фондот. Се поставува прашањето дали државата ќе ја чини помалку да формира современ Центар за изгореници или да испраќа пациенти на повеќемесечно лекување надвор?

Кочани знае кој е крив

@kengurMKD: Не апсат тај шо треба, апсат го Столе Бојата. Човек шо извади 100 души! И стое на вратата за дневница. Не другари, не кримоси, не вака! Еве ви го списоко да ви биде полесно од дека да почнете!

Срам и арам

„На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот". При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски". Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам!“, напиша директорот на СЦ Борис Трајковски, Даниел Апостолоски.

Ќе средиме брат. Еве средивте.

Ако сите потпишале дека ова може да работи ко дискотека тогаш може да се самораспуштиме ко држава. Сепак, некој потпиша за автобусот дека беше исправен, некој потпиша дека модуларната беше безбедна. Некој оваа шупа ја има легализирано ко диско/ноќен клуб/кабаре.

Може ли да не се чудиме зошто ни се случуваат трагедии?

Како се дозволило, како се дозволило??, упорно прашуваше една новинарка кога министерот Тошковски одговараше на прашања во врска со трагедијата во Кочани. Ќе се правиме на удрени па ќе се чудиме „како се дозволило.“

Дур е со хумор, добро е

„Ќаци“ ги викаат овие што се против блокади на школувањето. Од едно погрешно напишан транспарент на кој наместо „ђаци“ (ученици) беше напишано „ћаци“.
 

Не разбираат бе

Како на странци да им објасниш некои работи од овдешните јазици на Балканот? На пример македонското „бе“, српското „бре“ или грчкото „ре“. Никако бе, бре, ре. Тоа пробува да објасни човекот, Американец кој ја сфатил финтата. Се труди да биде прецизен, само што не сме сигурни дека ќе биде разбран од секого.