Македонштина

Правилник за водовод и канализација во „Водовод и канализација“

Замислете во институција во која се дели правда да треба на вработените да им напишеш дека е нефер да крадат од колегите. Отприлика на тоа ниво е и овој туторијал од едно наше јавно претпријатие. Ако тие не знаат како со својата канализација (па им треба детално упатство до каде да ги спуштат гаќите), Господ нека ни ја чува заедничката. Дур не сме се удавиле.

Бетмен или дилер?

Нема полошо од тоа да имаш родители кои се формирале во транзиција. Погледнете едно пре-дражесно детенце од Бугарија. Тој сака да стане Бетмен ама татко му го тера да стане дилер. За, како Станчо, да го засака „шумот на парите“.

Она што нè снеможува

Без разлика која опција овде ќе победи, кој ќе направи влада и сличните големи теми и дилеми, ние и после тоа ќе останеме овде со истите луѓе. 

Време е за Ристо од Торонто

„Јас сум Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија“, вели Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија. А освен што е најсилен, Ристо знае географија подобро од Влатко Ѓорчев. Кога те бива, те бива.

Пазете наслов на македонска народна песна

Живееме во тешка постмодерна. Степенот на кој овде сè е испомешано достигнува невидени, бравурозни висини. Во други околности (и со други нерви), есеј ќе напишевме за ова. Ама ние веќе сме седнати на софра, паднати во севдах и само чекаме ова да ни го пуштат за - како што е ред - да си зачукаме флаша во глава.  Ајде Виданка, уште еднаш онаа, нашата!

Како полицијата е пали-гаси?

Го знаете оној момент кога полицаец ќе го отвори тоа уличното шкафче, ќе пробуричка нешто внатре и ќе ги изгаси семафорите за да продолжи тој да регулира? Секогаш нè копкало каква е таа полициска технологија, што матична плоча се крие таму, каква ли шалт табла има на тој команден пулт.