Скопје. Во него коњ. Коњот на јаже е воден од една кола. А каде во Скопје кола води коњ на јаже? Се разбира, на патека за трчање. Оф, каде ли (сè) погрешивме?
Куманово има оригинално решение како на децата да им долови дека со бегање од настава ем ќе си направат неочекувани дупки во знаењето ем ризикуваат со таков однос еден ден животот да ги проголта. Па некој решил да го забрза тој ден. Само некои општински челници се безбедни бидејќи имаат поголем дијаметар од дупката.