Македонштина

Како оваа работа се стори?

15 март. Авионите со 4 светла. Леташе. Накратко и надолго, тоа е тоа.

Десетка чипови, со кромид

Македонскиот Миријам-Вебстер ни го објаснува зборот „казино“. Не, озбилно, ќе бидеме ли ние некогаш на чисто дали некој нè дупи, или човекот стварно ни е премиер?

Човекот кој објасни ама баш сè

Q стануваат јаки во Аеродром. Еве еден нивен рицар, кому и ние би му барале изјава, само што тој веќе објасни сè во оваа, првата. Од 3-4 вакви се прави панел, со сценографија иста како некоја озбилна а тапа емисија како Топ Тема, и да бидат третирани со должна сериозност и уважување.

Летечкиот циркус на доктор Караџовски

Главниот архитект на актуелниот пакет мерки кој со дипломатски речник може да се оцени како дебилен, прописно се избламира на телевизија, лелеаво обидувајќи се да оправда зошто требало да носиме маски на отворено (ама не и во кафана).

ДДВ во викенд без ДДВ

Во „викенд без ддв“ човек купил два лаптопа за децата. А данокот уредно му бил наплатен. Зошто? Зашто требало да се македонски производи па да нема данок (македонски лаптопи?!). Ако не бил македонски производ, УЈП немал начин како да знаe дека е ИТ опрема.

Ноќно труење на Скопје

Ние сме група планинари и практикуваме барем еднаш неделно да го искачуваме наше Водно ноќе...