Македонштина

Касандра и Ранду во Македонија, 1998

Со дистанца од 25 години, ова изгледа и многу надреално и многу реално. На оние што тогаш им било убаво, сега ќе им изгледа уште поубаво. Исто и за оние кои тогаш им изгледало глупо. Чешка почна со концерт на Лу Рид, ние пречекавме ултимејт ѕвезди на тв сапуница. Егзалтации, шегобијни Мирчевски, Димитриевски и Печијаревски и неверојатни прашања од публика.     

Господ ли им ги плаќа сметките за струја на МПЦ?

Среде сеопшта енергетска криза, кога Владата советува да се плакнеме кратко (небањати ли ќе одиме во ЕУ?), црквата на Илинденска е осветлена како да е на забар. А Господ и онака гледа сè, чуму му се онолкави рефлектори?

Македонец го потепа Париз

Се зборува дека на човек му се потребни 200 дена за да го прошета Лувр. Не и за него. Нему од прва му е јасно дека градот на вљубените е „жива курветана“, дека сè е сиромаштија и дека таму е цела Африка. „Liberté, égalité, fraternité?“ Ма не. „Башибозук!“ - ќе пресуди овој суптилен и неподмитлив рецензент на француската култура.

Пехчево / Megastructures

Од Малешнет:
„Општина Пехчево заврши со поставување на нов пешачки мост кој ги поврзува булеварот (????) "Равен" и улица "Индустриска".