Македонштина

Рецепционерот да се јави на каса

Кратка сторија на странци кои решиле да престојуваат во хотелот на оној брод на Вардар. Задоволни од собата, од погледот, од храната. Тие троа изненадени што тоа не е вистински брод (од кај ни бе вистински брод?), ама ние троа неизненадени што рецепционерот пробал да ги заколе, тоест да им наплати екстра седум евра, со три различни објаснувања.

Тие дворот не може да си го средат, не па државата

Секој ден, позади Собрание, вака:

Прилепски времеплов

Во ист фрижидер имало: Пепси Макс - 29 денари, Пепси кола - 52 денари, Пепси - 50 денари.
„Во друга локална уште пишува дека ставаат кредити на Мобимак,“ ни пишува читател.

Секоја општина има своја опачина

Општина Охрид, од позади.