Македонштина

Паркови, а особено зеленило

Добро утро. Јануарско утро. Ладно-грч. Чисто-ич. ул. Рузвелтова (наспроти бившо СЈО). Чадот е од ќумбето на кое се греат во полураспаднатата барака на "Паркови и зеленило". Има ли пилот во општина Карпош? Дишете длабоко.
Соња П.

Треба фала да им кажеме?

МВР на Спасовски опнале „креатива“ кај ад-хок ќенефот кај полициска Пролеќе, кајшто армија понижени (тие нагалено ги викаат „граѓани“) за свое време и пари дремат за да извадат „северни“ документи иако имаат и легални и важечки, издадени од истото тоа МВР. МВР за граѓаните? Стварно? Се заебаваат ли бе они?

Да се видиме, ама не вчера

Огласна табла во „Таверна Пуно“. Авторот е легенда, позната од Македонија до Холандија.

Таблица се вади, сељачизам потешко

Објавивме еден „богат и славен“, натопорен пред самиот влез на Театар Комедија, ни ступче ни црвена лента му била проблем. Некој друг од истиот тој ков, го видел тоа и што, решил да побара пристојно паркинг место? Не, туку да извади таблица, за да не му зборат дека е глуп. А ќе му зборат и вака, верујте.  

Африко, не нè чекај

Учебник по историја за осмо оддeление, даден за користење во охридско училиште. Ама, бесплатно!

Комунистите ве лажеа дека е 180

Спојлер: Збирот на аглите во триаголник е 190. Кој мисли поинаку е против ЕУ и НАТО.

Косовише цуштенде

Книга која во Германија (конкретно Франфурт) ја делат на деца на дојденци, за да научат некоја песничка и на јазикот на нивните родители. Македонскиот го нема никаде (пошто бетониран) ама затоа има занимливи гео-политички новитети.