Балканштина

Таму изгледа всичко е за на очно

Колку што разбравме, дечково што е влезен во јак порно манир се вика Папи Ханс, а песната му е „Кекс“. Нејасно ни е како успеваат да се волку најјаки за која и глупост да се фатат.

На мекото перниче на БПЦ

Направете си вие своја верзија ама нам најуверливо ни звучи нашата: храбар визионер од МПЦ наседнува на приказните дека мекото и удобно перниче на БПЦ е најдобра заштита од ударите на другите нефер православни учесници во сообраќајот. Како помина првиот тест?

Лепи зад облаците

Човекот (ничим изазван) се вика Лепи и има спот што не знаеш дали попрво да  не го гледаш или да не го слушаш. Она што е сигурно е дека Лепи има над 2,3 милиони прегледи на видеото, бројка која ако ја помножиш со клип од три и пол минути, добиваш дека човештвото само на ова видео на Лепи има потрошено над 8 милиони колективни минути. П.С. Сè што ќе ви текне вам да промрчите околу Лепи, веројатно веќе (многу подобро) е кажано во коментарите на песната.

Кога Малнар ја тераше Лидија пред Мишо

Клипов изваден од емисијата „Ноќна мора“ заедно да го гледаат Харви Вајнстин, Луи СиКеј, Кевин Спејси, Стивен Сигал, Дастин Хофман, Џорџ Такеи, Бил О'Рајли, Чарли Роуз, Мат Лауер и други, и на крај да си речат „Ех, во каква глупа земја ние се родивме“.

Малиот Стеван и неговото право на самоопределување

Живее во Војводина и никој од семејството не му е Босанец. Ама тој сака да биде Босанец и готово. А има и необорив аргумент зошто го сака тоа. Затоа што како Босанец никогаш не го боли главата, дури ни кога ќе ја залупа во врата.

Палма и каратистите

Живописниот градоначалник на Јагодина го прилагодува своето гостопримство според профилот на неговите гости. Прашање е кога ќе му навратат некои порно глумци, да ги издрка поштено.

Преработките на Андрија

Има толку многу генијални утки што по малку срам нè фаќа што досега тие песни сме ги пееле правилно.