Балканштина

Ако во болниците нема гипс, ќе пазите како одите

Мал увид во еден потенцијално министерски ум по кој луѓето се жалат само затоа што се размазени. Пази богати, а тоа што што на вратата пишува „Влез“ (како да не се знае дека е влез), туку и од другата страна на вратата пишува „Излез“. Босанци, махери.

Сите кадри водат кон Вучиќ

Српскиот јавен сервис беа фатени како во пренос од говорот на Макрон уфрлуваат фингиран стоп кадар од Вучиќ. Веројатно вториов го имало секунда -две, ама после овие од РТС го уфрлувале уште неколку пати, да не го утнал некој а и за да се добие впечаток дека француските камери го обожаваат српскиот претседател. Да не беа греота оние луѓе, човек да си рече: Малку ги бомбардираа, памет не им доаѓа..

Балканбој, во еден кадар

„Добриот и будалата се двајца браќа. Јас на брат ѝ му ѕидам куќа а таа... Дознав кај живее оној мамлаз. Вечер ќе испијам две-три кила вино и одам да ги испозаколам“.

Метафизиката на Вучиќ

Оваа изјава има во иднина да се толкува како Креманското пророштво, како последната реплика од Граѓанинот Кејн, како крајот на Инсепшн....

Заим, Хасиба и мачката

Босанци фукнале титлови на едно видевце со мачка која нејќе да ја бањаат. Па пресмешно.

Санадер на денот

Новинарката: Сметката ви е блокирана па се наметнува прашањето од што вие живеете?
Санадер: Се наметнува, а? Е па, ако се наметнува прашањето, најдете му одговор.

Среќно вселување, драг мајмуне

Прилог за група анонимни герилци од Ниш кои со провокација и исмевање го забрзуваат решавањето на оние градски проблеми за кои обично „се прават анализи“, „во најскоро време“ или „процедурите се во тек“. Овие садат цвеќиња во асфалтните дупки на улиците и ли пак седнуваат и фаќаат риба во нив. Да видите како службите знаат одма да реагираат кога јавно ги ругаш.

Човекот кој треба да живее сто години

Сарајлијата Един Адиловиќ (инаку доктор ветеринар) го имавме и порано а неодамна со оној пост-референдумски виц, ама човекот заслужува пакетче. Бидејќи е неодолив баш со една карактеристика која инаку ужасно нè нервира кај други, сами да се кезат на вицовите што ги кажуваат. Е, ама Един не само што пука од смеење, туку едвај дочекува да дојде крајот! Па знае и да забрза, само за да ја „чуе“ финтата. Каков цар.

Бегство во реалноста

Жената е новоизбрана директорка на српскиот музеј Никола Тесла и има една генијална теза: дека луѓето ги забораваат вистинските вредности и содржини како што се Крале Марко, првиот и вторит косовски бој и слично. И наместо тоа, решаваат да живеат во реалноста која е полна со - илузии. Тину-нину.